Ќе ја избрка Халит.Ќе и ги остави работите пред врата(тоа ќе биде истата епизода кога Алихан и Зејнеп ќе си одат).
Нема да се смират? Дека нели и дете ќе имаат. Значи кој одвратен сељак е овој Халит. И Јилдиз не е цвеќе, ама овој па
Јас мислам дека нема да каже на никој дека е бремена. Кога тој ке ја најде наредната жена таа ќе дојде пред пораѓање и ке се покаже со стомакот.
Однесувањето на сите во куќата кон Јилдиз е навистина не потребно.Сите ја мразат,како нешто лошо да им направила.Точно дека нејзиниот татко го рани Ерим,но не треба да ја навредуваат.Како можела таа да знае каков е татко и и' што може да направи.Ние не си го бираме семејството. Ерим,детето е разгалено.Жално е тоа што му се случи.Но,тој никогаш не прифати дека татко му е со друга.Тој е во тинејџерски години,сака двајцата родители да се покрај него,ама што не може,не може.Па уште бара татко му да биде покрај него,претходно мајка му.Прави проблеми. Алихан и Зејнеп,немам коментар.Место убаво да и објасни што имал со девојката,па да каже не сакам да ја примиме,поради тоа и тоа,тие се однесуваат глупаво. Зехра и Џанер,слатки се.Ама Зехра се однесува дрско,не дека и Џанер на моменти не е таков ама има меко срце за Зехра.
Како што кажа членката.Како што гледав и јас според најавите.Халид ќе биде со Шахика,а Јилдиз ќе се појави со стомак(бидејки нема да се гледа процесот како ќе затрудни(веројатно)ќе стават по неколку месеци). Ќе се прикажува дека е Ендер мртва,ќе и го покажат гробот.Но нема да биде.
Јас видов на јт како паѓа во водата, па и ги вадат штиклите. Му кажаа на Ерим дека е умрена, толку разбрав..
Интересно допрва станува,најверојатно се ближи крајот на филмот па затоа ги намалуваат епизодите и ставаат по 3 реклами..
А зошто Ендер ќе глуми дека е мртва? Што толку ќе направи Јилдиз па Халит што ќе ја избрка? Добро Зенјеп почна и да вработува луѓе во фирмава на маж и па уште се расправа Како што е ред прво треба да го праша насамо, а не го става пред свршен чин пред жената како демек го прашува, а донела госпоѓата одлука веќе
За Ерим не знам што да кажам. Да, го разбирам тоа што му се случи, ама се понаша како мало дете кое сака мајка му и татко му да бидат постојано до него. Мислам дека е доволно пораснат за да разбере дека мајка му и татко му не можат да бидат заедно, не знам што преовеличува уште. Инаку, уште на почетокот кога Јилдиз се омажи за Халит во куќата Зехра постојано и префрлуваше за нешто, Лила не беше толку ама и она е, и не им ја разбирам причината. Овде Јилдиз не е крива зошто не ја сакаат оти таа и во една епизода си кажа ако си молчеле немало да биде така. И не знам што лошо им направи Јилдиз, па толку ја понижуваат и и префрлуваат. Разбирам се и тоа што се случи сега со Ерим, ама па претеруваат навистина.
И јас мислам така, Халид не е бил хепи фемили со една жена и три деца па толку да ја мразат Јилдис. Истото тоа го направил тој на Зехра со Зерин, на ЛиЛа со Ендер и сега на Ерим со Јилдис.Малку претерува мајкаму беше кај него кога беше болен сега тато кај него цц.
Елиф е психопатка. Девојката која ја викнала не сака да се меша меѓу Алихан и Зејнеп, ама ќе видиме. Виновен е и Алихан, требаше да каже, а и женет човек, едвај се средија, што толку запнал да оди на забава кај другарката кога Зејнеп му кажа дека таа нешто мати, дека не е искрена.
Жално за Јилдиз. Скоро сите се против неа. Само не знам дали и сега ќе го спаси некако бракот, пошто Халит ќе ја избрка тек кога Зејнеп и Алихан ќе си заминат, а има уште до тогаш. Инаку за Елиф, не сум гледала многу сцени со неа ама синоќа го фатив тоа кога на таа Хазал што е поранешна девојка на Алихан и рече дека бракот немало да им трае долго. Девојкава буквално сака да ги раздели, а Хазал немаше таква намера. А и Алихан требаше да и каже на Зејнеп, сепак сигурно и таа ќе дознае ама не од него, а тоа нема да биде добро.