Ќе ти раскажам накратко. Халит дојде во куќата и и` кажа на Јилдиз дека ќе живее со Ендер и Ерим(нема да остане за Ендер,туку за син му).Па ја покажаа сцената каде Ерим зборувал со татко му,како сака да биде покрај нив.И на тој начин и соопшти на Јилдиз дека сака да се разведат.Секако Јилдиз се бунеше,но не бидна ништо.Јилдиз ја викна Зејнеп,за да жали и дека нема да прифати се разведе.Каде што Зејнеп и предложи да разговараат(она и Алихан)со Халид,таа се согласи. Халид отиде и им кажа на ќерките дека ќе седи кај Ендер,вооедно се развведува со Јилдиз.Па така тие не сакаа веќе да останат во куќата,си ги собраа куферите(тие ќе останат кај Зерин),и на одење дојде Ендер.И префрли нешто на Јилдиз,им рече браво на девојките,и и` рече на Ајсел да дојде со неа дома.А Јилдиз остана сама дома. Исто,се појави синот на Ендер,Јигит,се судрија со Каја на вратата.Тој дојде кај госпоѓа Тулин,и и` рече дека сака да се вработи.Таа му го прегледа сивито,и виде дека нема факултет,не може да работи.Но тој зема некој документ,го прелиста и и` рече да го праша.Кога го праша,кажа се точно.Па,Тулин отиде кај Каја,му кажа за Јигит,дека ја воодушевил,дали ќе може да му најде соодветна работа.И така разговараа Каја и Јигит. Требаше да излезат Зејнеп,Алихан,Халид на вечера.Излегоа разговараа за ситуацијата.Халид малку се потценуваше.Рече дека нема да се покае за разводот со Јилдиз,а ако се покае таа веднаш ќе му се врати. Ендер сакаше да приреди забава за Ерим,па да ги викне:Зехра,Лила,Зерин,Џанер....И Џанер и Зехра се слушнаа накратко,како едвај чекаат да се видат. Заборавив да напоменам дека Зејнеп дозна за Алихан и неговата бифша.Малку се подналутија,но брзо се смирија. А во најавата за утре. Ќе зборува Алихан со Елиф.Таа ќе му рече како добила надеж(нешто во тој стил).Па ќе дојде Зејнеп,и Елиф ќе изнакаже како не си одговарале и слично. И Јигит ќе дојде како ќелнер во куќата на Ендер,ќе и подаде рака,но таа дрско ќе го одбие.
Мислам не, незнам на јт е без ама не ја барам на др место. Ќе ја изгледам после навечер ќе нема што да правам.
Сум видела дека само најавите ѓи има со превод. Ако сакате за најавите,пишете само Forbidden apple и само пишете бројот на епизодата што сакате.
Инаку Каја како што кажа членката погоре е паметен па и Јигит. Добро е што е на него а не на Ендер. Инаку уште во кафулето како што ги пресмета парите на човекот тогаш се знаеше дека е математичар и интелигентен.
Колку ме изнервира Халид што реши да си замине. Божем Илдиз пукаше во Син му. Се мисли дека е Џек и може да прави што сака. Баш би сакала да осиромаши да се спушти на земја па он да ја моли Илдиз. Ја да сум на местото нејзино ке си бидам мирна некое време нема да го молам.
Ајде и јас ќе ви напишам што се случи. Халит на враќање во дворот од куќата се сети како син му лежеше таму и стана гневен. Влезе дома и на Јилдиз и кажа дека ќе оди да поседи со Ерим кај Ендер а дека од неа ќе се разведе. Јилдиз испаничи и го разубедуваше ама џабе. Халит после се виде со ќерките во кафуле и им кажа дека се разведува, Зехра се изнасмеа и израдува. Решија со Лила да престојуваат кај Зерин и да ја остават Јилдиз сама до разводот. Зејнеп и вети на Јилдиз дека со Алихан ќе го носат Халит на вечера да повлијаат на него и отидоа ама Зејнеп не се надеваше мн. Зехра на заминување од куќата и ликуваше на Јилдиз, дојде и Ендер, двете заедно и се потсмеваа, а Лила превртуваше очи, таа не ја сака Ендер, појќе за Јилдиз и е жал ама сепак прави како ќе и кажат. Синот на Ендер отиде кај Тулин да аплицира за работа. Таа не сакаше ни да го погледне дека нема факултет, ама знаете дека детено има некаква дарба со памтењето и ја покажа. Таа се фрапираше и му среди разговор со Каја да му најдат некое работно место. Каја увиде дека Ендер сака да се смири со Халит, сфати колку е саатот. Халит на Алихан му рече дека ја сака Јилдиз затоа што е ведра и весела ама не може веќе со неа, му прави проблеми и не знае да се однесува. Исто му рече дека сите жени сакаат да бидат на нејзино место, дека и неа може да ја врати ако зажали, сите ги врти околу малиот прст. Елиф на Зејнеп и кажа за Хазал, Алихан сфати дека Елиф ги матка. Во наредната епизода Елиф ќе им каже на Алихан и Зејнеп дека сите им се смеат зад грб.
Мене ме интересира зошто Халит ќе ја набрка Јилдиз од домот? Нели и рече да се спакува, ама после тоа видов на турски дека ќе ја избрка, а Ендер ќе и мавта.
Па мислам дека поради последните случувања. Нели заради татко и психопатот Ерим ќе настрадаше, Јилдиз не е крива за тоа но што све не направи, чашата се прелеа и него веќе му е преку глава дојдено од нејзината фамилија и не може да ја толерира веќе. Ама Јилдиз ко Јилдиз сигурно пак за брзо ќе се врати и пак по старо ќе тера. Среќничка е таа нема гајле. А кога ќе бидат епизодите кога Халит ќе банкротирал и Јилдиз ќе му земе се? Или понатака тоа, у другата сезона?
A neznam zosto Zehra ne ja saka na Yildiz.?ne ima napraveno nisto loso..Ender poveke i napravi,so nejze i drugarka stana zmija...a na taa novata sto ke izleze Sahika mislam kese vika..gledam na svrsuvackata so Halit,Zehra Lila ke bidat nasmeani..taa poveke zlobna ke bide i od Yildiz i Ender...greotka Yildiz
И Зехра не е стабилна личност, нели ја гледаш без карактер е тотално. Не знае каде тера она, ама жал ми е за нејзе што сите си поигруваат и не ја сфаќаат за озбилно никогаш. Јилдиз што си посее тоа нека си жнее, сама си е крива за све што и се случи. Многу високо леташе у облаци, нека тагува сеа малку баш ми е мило.
Da taka e..ke videme sto kese slucuva ponatamu koga kese razvede Halit so Yildiz, ke izleze nova licnost..izgleda kese zasakaat so nego,pa mozebi ke bide i toj bogat kako sto sakaa taa
Јилдиз сепак ја гризеше совеста кога Ерим беше во болница, се обвини сама зашто им влезе во фамилија без да го сака Халит. А сестра и нема никаква совест, за ручек демек се потресла, до вечера гајле нема. Преварантка тешка и егоцентрик. И уште зборува за други кој каков човек бил (за татко и на Јилдиз)а од ист калап е. Кој ја постави неа за копретседател? Отко ја гледам серијата со глупости се занимава цело време, поточно по Алихан се влече, ќе води фирма. Ич не делува ко да е на јака функција. Недозреана. Бегалка од свадби.
Зејно е посебна приказна, таква превтрлива, контрадикторна, злобна личност да не ти влезе у животот. Како па манипулира со сите, се крие под превезот на моралните вредности, а у суштина е права кучка, испод мира триста вира. Не ми се ни коментира за нејзе, прво ја сожалував што налета на тежок човек како Алихан ама двајцата се исти, ептен погодени карактерно, ко тенџере и капаче. Јилдиз сепак е искрена и без влакна на јазикот, го кажува директно тоа што го мисли и бар знаеш на шо си, а ова минјатурново позади грб постојано праи некои сплетки и на крај испаѓа секад невина. Многу ме вади од такт.
Отсекогаш велев дека Јилдиз требаше да си замине со Кемал ама ајде, многу брзо ќе завршеше серијава така Во првите епизоди, Алихан ми беше најинтересен како мистериозен и нескротлив тип, ама толку брзо ми се одмилија и тој и врапчено Зејнеп што попрво ќе ги гледам политичкиве реклами отколку сцените со нив двајца За Халит па не ни ми се коментира. На почеток каков беше према Јилдиз- меден, а пак сега како да не може да ја поднесе. Старо швалериште Моментално најинтересна ми е Јилдиз, опасна е, во сè се снајдува пустата Што сè не донаправи за да се мажи со богаташ... Допрва ќе ја видиме на што сè е спремна. И дај веќе нека се појави некој да ја среди малку оваа Ендер. Сè оди во нејзин прилог, многу паметен лик ја имаат направено, за сè дознава веднаш, одма претпоставува што се случило. Бетар од пророчица Клеопатра е. Нека си го фати Каја и нека ужива Баш добар тип е тој, доста внимателно се однесува кон околината, многу одмерен маж. Се предомислив, предобар е Каја за Ендер.
За Ендер сите се предобри. Таа е многу злобна, наместо сега да си се сака со Каја таа го вселува Халид дома и се меша во бракот со Јилдис. Таа е злобна. Сега гледам без превод син и кога гледа како се грижи за Емир, се чувствува многу осамено...
Скроз истото мислење го делам, колку пати пишев овде дека е најподла, најомразен лик ми е и попокварен не памтам во серија против кој толку сум била настроена, да е пред мене ќе ја затепам. И премногу ми е криво што нема зима за неа веќе, го истера своето.... Леле ко се смееше тогаш дека побегнала од свадбата, леле, ќути стигнала и онаа 3 пати невеста да биде....па што предлагаш брак и што правиш свадба ако не се мажиш ма, центар пажња да бидеш по цена некој да обележиш засекогаш? ме изналути, аууу најбедно створење во серија евр Милениче на сценаристите, наместо да ја уништат на крај тие во Америка ја праќаат да ужива Али ајјј изгледа од сожалување Татко и којзнае каква мустра бил штом земал со Асуман бајачката да се плетка и со мажот и силеџијата. Гени погани. И дали си приметила колку Јилдиз се заложува за неа, а оваа само формално, колку да се рече дека се грижи за сестра и