И мене Кемал ми е многу симпатичен. Ама како ја зезна Јилдиз е сега госпожата не знам што ќе прави. Инаку ќе го спаси ли Јилдиз бракот со Халит или не, пошто тој синоќа на таа епизода нели и рече дека е готово?
Сега брзо. Нашиве од една правеле две епизоди. Затоа не можам да проценам, но мнгоу брзо тоа ќе се случи.
Да знам, кај нив една епизода трае 2 часа, па затоа од една нивна епизода, овде прават две. Машко ќе биде. Сум гледала една епизода, Јилдиз ќе држи машко дете а овие Зехра, Ерим и Лила ќе му се радуваат па ваљда нејзино било тоа дете што го држеше во раце.
Не ми се верува дека гледам турска серија искрено, али оваа ми го смути паметот! Имам мал краш у Алихан, изгледа ќе потрае дур не го видам со свои очи тоа што веќе тука сте го откриле. Јебига, ја сум од тие типови. Иначе мене Ендер ми е поим за дама. Толку елегантна, женствена, грациозна. Свака част. Од друга страна пак, многу промислена и одмерена, Јилдиз не може ни за малото прсте да и се фати. Тоа е жена со став и искуство, Јилдиз единствено има предност во годините. Жал ми е за Зејнеп, она ми е баш лик на место. Искрена, вредна и чесна. Ба-бај душички. Ба-бај.
Јас ја гледам само за да видам како Алихан ќе се правда? За такво нешто нема оправдување. Нивната врска ме посети на младоста, кога и јас сум била во ситуација дрш - не дај, па малку се средува, па ништо не бива, но јас сум завршувала при првата ситуација кога ќе дојдеме до фаза кога не се простува. Пример намерно мување со моја другарка за да му се вратам. Ќе биде возбудливо во секој случај. Но, Алихан е себичен човек, тоа го мислам. Убаво рече Џем „тоа не е љубов, тоа е болест“, кога има опсесија да задржиш некој“.
Јас мислам дека ова е план на сестра му на Алихан да се ожени со Ендер, за да ги раздели Алихан и Зејнеп.
Овој Халит не се гледа себе си, па сега сака и од Јилдиз да се разведе. Проблем му е што не му кажала Јилдиз дека Кемал и е бивш маж и дека пред нос им се шетал толку време, а не е проблем што бившата Ендер и ја донесе пред нос на Јилдиз, толку време заедно да живеат, со изговор поради син му Ерим. Тогаш Јилдиз кога се мрштеше и лутеше него ич не му беше гајле, дури и не можеше да ја трпи Јилдиз како се жали од Ендер што живееја заедно. Љубоморен е за Кемал, а тој може да оди да ги изневерува своите жени. Дури и Јилдиз ја изневери и тоа со Ендер. Тој има право да се разведува и преженува без срам, а бившите жени веќе не можат да имаат друг маж во својот живот. Кој идиот е оној Халит, на живци ми иде. Ќерка му Зехра поради него е станата таква пијаница. Што наместо да си ја гледа првата жена тој ја оставил и се преженува, менува жени ко чорапи, нормално дека Зехра најмногу се разочарала и не добивајќи го потребното внимание од својот татко скршнала по лош пат.
Му падна маската на Халит. Делуваше како внимателен господин, но испадна дека е женкар, строг, себичен, љубоморен, па и скржав до некаде. Алчен е, ќе имаат некој конфликт со Алихан околу акциите.
Исто мислење го делам за Халит. На него му е гајле само за неговиот углед, пари и моќ, а за друго ништо не го интересира. Се лути на Јилдиз дека не му кажала за Кемал, а се прашал ли тој дали и кажал на Јилдиз дека е повторно со Ендер?? На почетокот мислев дека човеков ја сака Јилдиз, но кога почна да оди кај Ендер разбрав дека е голем женкар што мисли само за себе, за неговиот углед
Па понатаму во серијата Халит ќе се разведе од Јилдиз и ќе си најде друга жена, па овие ќе се здружат веројатно да ги разделат.