Da ke bide,zatoa sto Zejnep i Alihan nema da gi ima poveke vo serijava..aman veke neka si odat..ke bide pointeresna so Ender,Yildiz i Shakika
Тоа видео што го стави @Mery92 еве не се отвара А видеото што го стави @princess5 тоа ми се отвори и вчера и сега.
Еднаш се отвори, после не сакаше..ама како и да е Ендер ќе го избегнува на почеток, Јигит ќе живее во куќата на Халит, фамилијата пак ќе се собере на едно место заедно со Јилдиз, освен секако Едер која ќе си живее со Каја, ама Јилдиз честа гостинка ќе им биде...
Кога почнав да ја следам серијата беше смешна, динамична, сега веќе не е иста, излите скроз.... А да ги гледам во иднина сите како се дружат, мислам дека не....Се заборавиле малце креаторите....можеа да ја завршат досега, и така ликовите за брзо ги тргаат и носат нови....Не може Каја и Јигит да стануваат централни ликови како од ден 1 да се во серијата....небаре 10 години се снима па ај да сменат нешто....
Еве ја истата најава што ја баравте(како ќе реагира Ендер). Со англиски превод. Истото е,само што вака е достапно,може да го погледнете.
Жално за Јигит. Не го дале во семејство каде ќе му биде убаво, туку во семејство каде луѓето немаат деца и им фали дете. Но, мажот насилник, ја тепаше жената пред детето. Треба да и се одмазди на Ендер, заслужи. Зехра е навистина глупава. По два брака каде мажите ја извисија, сега како тинејџерка се драпа со Џанер во дворот кришум. Елиф мисли дека ако има пари, може се, може да ги навредува посиромашните. Тоа што некој има пари, по автоматизам не значи дека вреди. Еве го Алихан на пример за кого си фантазирала. Што ако има пари, кога е толку тежок човек, плус имаше психички проблеми?
Не е до сиромаштијата, едноставно кога те нервира некој, бараш причина да го омаловажиш. И Ендер цело време спомнува сталежи како да е аристократка, а таа потекнува од сиромаштија. Каја исто потекнува од сиромаштија па никој не би му префрлил, никого не го интересира од каде дошол. Јилдиз дека си е проста, не разбира манири, затоа ја зафркаваат. Зејнеп е ѓубре и ги заслужува сите коментари. Кога веќе продолжува серијата, требаше да ги разведат, а неа да ја казнат зашто се направи само да го добие Алихан ко трофеј. Треба да остане таа два пати разведена, еднаш бегалка и нека се скрие кај мајка и засекогаш.
Навистина и Ендер глуми како да има сина крв, а е од невидена бедотија, тоест заборавила од каде дошла. Каја веќе е некој, почнал од ништо и стигнал далеку со труд, не како Ендер по пат на брак со богаташ. Жално за Јигит. Инаку Алихан и Зејнеп двајцата како да се во брак со Хакан. Има ли тој приватен живот освен што внимава нив да не им се случи нешто? Алихан нему не му помогна ниту 10% од тоа што Хакан направи за него. Некои работи се тотално лошо осмислени во серијата. Кога почна демек двете сестри се различни, едната е чесна, а другата трча по богаташи. Понатаму се виде дека и двете не бираат средства како да стигнат до целта. Вакви луѓе имаме во Македонија, глумат ниво, а биле сиромашни и по некои сомнителни патишта стигнале таму каде што се.
Идејата им беше добра и реализацијата главно....Требаше серијава тука да привршува зашто здосади, таман заминува Алихан со метроижилет да избегаат од проблемите....Ендер станува фамилијарна, Халит и Јилдиз финито, или не, Халит можеше во една епизода да изгуби се (ко Руби на времето), Зехра со Џанер заедно нека се навикне на просечен живот и така.... Шо пак ги вртат истите сплетки со други ликови, мене уште сега не ми се гледа, никој не ми привлекува внимание веќе, дури и Јилдиз почна да се повторува....Штом не завршува барем да пропатеше Зејнеп
Којзнае уште колку епизоди ќе снимаат, да не ја направат ко Малечката невестата што траеше сто години па скроз да ја изгуби првобитната содржина и да замине у друг правец. Сигурно ќе има многу нови ликови и ќе ја отупат со непотребни ствари, интриги и сплетки. Ама ај да се надеваме дека ќе биде поинтересна од оваа сезона.
Е да , познати се Канал 5 по прекинувањето. Ама како и да е чим се снима новата ќе има прекин. Уште многу ли има епизоди до крај на оваа сезона?
До крај на последнава сезона што они ја снимија има уште околу 35 епизоди(турски) епа рачунај наши упте околу 70тина ама почналенова сезона да снимаат па ќе видиме. Ја сакам серијава дека е единствена каде се смеам малце, другиве до даска тажни убиста , тажни животи итн ит..
А кое време игра серијава? Секој ден ја има..? На турски ја пратев едно време сега сакам да продолжам