Да, мислам дека ќе работат заедно со Зехра, а понатака ќе се здружат и со Ендер, и ќе станат дури бфф што се вика. И во приватен живот Јилдиз, Ендер и Шахика се најдобри пријателки колку што гледав по сликите на инстаграм.
A super za Yildiz Inace vidov deka 47 e posledna od vtorata sezona..i toa ke bide kaj sto ke ja mavne Jigit na Ender,.tamu zavrsuva
Аууу Јилдиз сега зборува со гласот на Зејнеп жабата. Лошо. Епа на негови години за шо ќе го бркаат. Битно има избор, му се нудат сами. Никоја со сила не тера, тие си се криви шо трпат старец. Будалче Јилдиз, не сака да се оддели од Халит, т.е. од вилата, а мислам дека всушност најмногу и недостасува Ендер Овај Емир мн добар бил, ја прима дома одма, пари и нуди, некој друг ќе ја гледаше преку. А таа му се дери за чорапите Еднаш го избркаа од работа и го обрукаа поради неа, ама тој никогаш не дозна. Го наклеветија дека е крадец.
Не знам за нив, знам само дека ќе останат тие што се поглавните, Халит, Ендер, Јилдиз, Јигит, Шахика, Каја и Џанер го имаше, гледав видео имаше Ендер објавено сега на инстаграм дека почнуваат со нова сезона.
Леле, како бе можеа на сред епизода да им ги сменат гласовите. Баш гласот на Јилдиз и одговараше и ја правеше посебна. Сега некако лигаво зборува, ја гледам неа, ја слушам Зејнеп. И за Шахика исто. Од дебел и строг глас, наеднаш и таа почна да мјаука.Траџеди. Се надевам дека ќе го опраат ова, или да протестираме.
Гласот на Ендер е исти како и синхронизацијата. Нашава со гласот ја правеше Јилдиз појака и од природниот и глас
За ова видео пишав погоре, и Ендер го имаше објавено на инстаграм. Инаку во врска со синхронизацијата, ќе видиме и гласот на Ширин од Тажна жена дали е сменет, пошто Ширин и Јилдиз иста личност ги синхронизираше.
Што се однесува до синхронизацијата,се случувало само еден дел да биде со други гласови,а наредната епизода со истите.Им се случувало тоа на Канал 5.
Бремена е од Халит. Сеедно. Јас сум против синхронизација. Досега колку гласови имаат утнато, да знаете вие....Еден го позајмува гласот на петмина и за да не звучи исто го преправа така што звучи трагикомично, иако во тр оригинал се работи за сосема нормален глас.... Зехра се загрижи кај ќе спие Јилдиз Ко ви велам јас дека е добра
A koga ke doznae Halid?zatoa sto toj poveke nema da i veruva na Yidliz..i ne veruvam deka ke i poveruva za bremenosta
Многу ми падна криво што ја намести Ендер Илдиз. И оној старецот Халид што ја избрка. Ја наместиа. Ке видиме што ке биде понатака.
Можам некако онлајн да ја гледам вчерашната епизода со мкд превод? Дека немам можност на тв за премотување
Лелеее зошто и го сменија гласот на Јилдиз... Овој воопшто не и одговара @lakibebe да протестираме!!!
Воопшто не и одговара гласот на Јилдиз.Пресмешно е. Мислам дека ќе ја врата актерката што ја синхронизираше, сигурно од оправдани причини отсуствувала, не им е првпат на овие идиотиве од Канал 5. А гласот на Шахика не беше оној на Зејнеп, значи сегашниот на Јилдиз, само подлабок?