Мене не ми е јасен насловот"ЗАБРАНЕТО ЈАБОЛКО".Што е тоа што е забранетоКој е јаболкото?Се прашувам дали отупев
Ни мене не ми се поклопува баш. Халит ли е јаболкото или Јилдиз? А може и Ендер или пак Алихан. Стварно не ми е баш јасен насловот. А и во оригинал е така,по турски Yasak elma, исто така го преведува како забрането јаболко, прво мислев нашиве тропнале некој наслов без врска ама не стварно бил така. Ај онаа серијата шо беше со Бихтер и Бехлул (Aski memnu) шо ја крстија притаени страсти,исто беше во превод забрането јаболко ама таа имаше логика така да се вика. Боље да ја крстеле Љубовна одмазда или прељубници.
А таа првата жена на Халит им е мајка и на двете ќерки Зехра и Лила, или само на Зехра? Во ред,како и да е.Исто му се фаќа, значењето. Ја зборам за серијава шо не ми се софпаѓа со насловoт ама нема везе,така одлучил режисерот.
Првата жена на Халит е мајка на Зехра. А на Лила мајка и е Зерин. И јас на почетокот мислев дека Зехра и Лила се од иста мајка, но не било така.
Ауу да бе, ми текна дека е така. Де бре овој Халит шо женкариште ќе беше, колку жени смени, харем ќе напраеше до сеа. Шо ти значи богатство, слава, имиџ... Ама углед 0 му остана,од понашањево гнасно,чоек без карактер,е тоа не може со пари да си го купи.
Првата жена нели не ја знаеме, не ја спомнувале, втора е Зерин, трета Ендер, четврта Јилдиз и сега тек понатаму во серијата ќе има и петта, ќе најде и друга Човеков ги менува како чорапи, бог да чува
Хахаххаха расипан чоек. Битно нека менува жени, да задоволи свои потреби, а за децата баш му е гајле. Посебно за Ерим, ич не се грижи за детето,ни мајка му ни он, греота,не добива љубов од никого.
Да така е, мајка му само го користеше Ерим и преку него добиваше се што сака од Халит. Кога живееа во мала куќичка, нели Ерим му рече на Халит да и купи куќа, кога Ендер сакаше да го пикне Кемал во куќата, преку Ерим побара да му каже на Халит дека и треба кола.. Само го искористуваше детето, за греота..
Уште се снима 3та сезона, а ко шо знам и 4та планирале. Доста гледана серија е. Уште еден фан на Ендер тука. Целосно ми се допаѓа нејзиниот став, шарм, изглед, енергија. Стилот прекрасен, сите бои и сите комбинации знае како да ги носи, зрачи со харизма. Со Јилдиз ми се исти, двете трчаат по богатство ама Ендер има големо искуство, а Јилдиз е убава ама некако и фали енергија, не знам и тоа шо го носи, ко џабе да го носи, па на таа пара можеа боље да ја облечат. Алихан и Зејнеп станаа досадни, скар-смир, ко деца од градинка се. Де она инат, де он, де 2 епизоди среќни, де 2 несреќни, требаше сега да се земат и да се прекине со нивнава глума ама знам дека уште долго ќе го тупат. И Зејнеп и Јилдиз мислам дека се кријат под превозот на мирни и невини девојки, а потајно многу добро знаат што прават. Кога ќе размислите вака, Ендер бар е провидна и сите ја знаат, овие се испод мира триста вира. Сепак секој свое мислење има. Џем ми беше многу многу поубав и срцка човек, препредобар, штета што го тргнаа од серијата. Карактерот на Алихан не ми се допадна како шо се одвиваше серијата и ми стана одвратен иако физички е симпатичен. Да бев Зејнеп ќе го одберев Џем, да бев Јилдиз ќе го одберев Кемал ама така немаше да има материјал за снимање. Во врска со децата на Халит, многу му се глупи ќерките искрено. Таа Зехра па, толку ми е наивна, не можам значи, зошто толку глуп лик у серијава е... Во врска со Ерим, Спојлер Не е син на Халит мислам., Ќе се појави во сезона 3 бившиот дечко на Ендер, негов син е. Мислам тој и ќе вмеша прсти да пропадне Халит или така нешто. Таман до таму гледав и на јт ми ги стопираа епизодите. Ерим ми беше сладок на старт иначе. После видов дека е злобен и тој, нешто налик мајка му е и тој, гени. Јилдиз у куќата стварно нишо не им праи, без причина ја мразат, дури влезе баш фина, од тој аспект, да беа фини, никаков проблем немаше да им праи, немаше цел да е лошата маќеа. Сестра му на Алихан е исто досаден лик. Ау, жената многу ми иде на живци, па и таа ама е глупа Халит, па Халит, а тој 100 жени сменил откако се развеле, таа нека си седи и нека си плаче дома. И таа Хира шо ја додадоа, баш антипатична ми е, веќе нека ја тргнат, аман. Џанер и Емир ми се интересни, се смеам доста на нивни работи некад иако баш се оговарачи. Отприлика тоа беше кратка ретроспектива од тоа шо гледам активно. Ме нервира што почнаа да ги кратат сега епизодиве, а таа тажна жена трае 100години, можеше оваа да игра во тој термин и подолго да е, а не вака. Ама тоа е.
Така некако ќе му дојде, во право си. Иако Зејнеп демек е подобра од Јилдиз и не трча по пари, нели, сепак му даде лажна надеж на Џем, а плус човекот е разведен и има дете, како тоа не и пречи ако нели е морален лик? Друго, морален лик не завршува така лесно в кревет со газда, ајде ок љубов, ама сепак откако сега ќе се ожени тој со Ендер, таа ќе остане да работи во фирмата, и ќе го прави љубоморен со Диндар, па дури мислам дека и самата ќе му предложи да се венчаат. Во фирмата не гледам дека е нешто голем работник, повеќе приватни разговори, и мини сукњи, отколку работа. Дрска е со Џанер, а не мораше. Тоа е тоа. Така што оваа нивна врска со Алихан е жив болест, за мене што ги гледам, но на крај ќе порамнат сметки, тој глупав брак со Ендер, таа со Диндар, и конечно ќе се средат.
Човекот што ќе се појави да работи кај Алихан, и со него Зејнеп ќе се мажи, па ќе му избега на свадбата, па тој ќе ја киднапира потоа и присилно во една куќа крај морето ќе донесат матичар за да се венча.
Леле Ендер значи Ко да му е прва, а не трета жена по ред на Халит, е така се понаша Седнала на маса со ќерките на Халит и со втората жена на која и го уништила бракот и без срам се фатила за богатството, таа кога била бремена тогаш богатството ако се дели на повеќе деца, а сега не чини. Бре, бре, бре. Се прашала ли тогаш како им било на ќерките на Халит кога им се пикнала дома и родила син? Вели копиле, си ја има мувата на капата, па и вели иш. Ко таа да е чесна, ко Ерим да е син на Халит, па си дава за право да вели копиле за детето на Јилдиз. Добро бе, да се погледнеше барем еднаш себе си. Ерим ама ич нема право да се лути и да реагира така, не е прво дете, туку трето од трета жена. Нека се запраша како им било на Зехра и Лила кога мајка му растурила брак и кога била бремена со него, посебно како и било на Зехра како прво дете. Јилдиз не ја оправдувам што со лаги сака да си го спаси бракот, ама на Халит ако му е. Штом сака да седи на повеќе столчиња во исто време, само вака треба да му прават. Значи денес се изнервирав ептен со Ендер, врв ми беше кога смисли како да се ослободи од тоа дете. Многу е злобна.
Најјака ми е Ендер, изиграва светица, демек поштена, а у суштина иста ко Јилдиз. Она нашла да продава памет. А пак таа Зерин, мајка и на Лила ама е проста и глупава ццц. No commnet. Ова испаѓа Ендер најпаметна сите ги врти како сака.
Како ќе сфати дека Јилдиз не е бремена? Како ќе се извлече овој пат Јилдиз? Не можам да дочекам до утре
Ендер е најпаметна, на сите шо им прави, кога се глупи Убаво му прават на Халит. Многу глуп човек ми е, да немаше пари ниедна немаше да е со него ама ај. Дека е глуп и богат, па го користат. Ама па и тој ама им контролира картици, пари се... Најсмешно ми е шо тој праи се погрешно у брак, а кога истото жените му го прават прави драма и ги брка. Многу ми е мерак шо на крај ќе банкротира. Чекам 3 сезона за новите ликови, според мене многу поинтересно ќе е од сега.
Исто и јас, кога му рече на Џанер дека ќе и го убијат намерно нејзиното дете, велам не мислев дека до толку е оваа злобна..