Лила е таа, и и тоа нема врска, таа со Јигит ќе си биди, ќе се караат, ќе се смируваат цела сезона. Изгледани ми се мене.
Се навратив на моите мислења на форумов да видам уште колку ќе трае серијата. Јас сум почнала да ја следам на 1 јуни, тука било средина на втора сезона која сега заврши, тоа е околу месец и пол половина сезона кај нас, третава апроксимативно уште три месеци ќе трае ауууч Шо е многу е многу. Претерале. Не е интересно ко порано, ајде, жените на Халит ли ќе ги гледам толку време....
Пишано беше на темата дека во најавата пуштиле нешто од епизодите понапред. Иначе Шахика ќе го остави Халит на улица,а таа Јилдиз ќе стане славна, ќе има тв кариера.
Не прочитав, се извинувам. Значи забавата допрва доаѓа. Некако криво ми падна за Јулдиз иако цело време простачки ми делуваше. Ама Халид неможам да го поднесам. ...се напали на Шахика бе.... Глупав
Серијава почна некаде почетокот или средината на март мислам дека беше. И јас не ја гледав уште од самиот старт, ама тука некаде почнав 6-7 епизода.
На Халит толку му е паметот.... и затоа ќе си го заслужи тоа што ќе му го направи Шахика. Јилдиз е многу наивна.... Секој што и се престави демек пријателски она им поверува... Дали од наивноста или што ама не размислува, мозокот и проработува само кога треба да си го спасува бракот макар и со сплетки. Се омажи со Халит и со наивноста нејзина си мислеше ќе ја сака до крајот на животот и нема да ја изневерува и нема да ја замени и дека ќе си ужива во убав живот хаха.
Не, не....нема потреба од извини што е до мене. Инаку, слабо правда во серијата досега. Првата сезона била пократка, втората се прикажувала комплет од есен до пролет еднаш неделно.
Ме изненади што му е многу верна. Можеше да избега со Кемал. Ама овој Халит е нешто како најбогат човек во ТР, затоа веројатно, не сака од коњ на магаре.
Најавата за третата сезона е тоа. Ќе пропадни едно време Халид, кај Ситки ќе живее и нема да биди тоа поради Шаика. Спојлер Ќе му најди Надир некои неплатени даноци и ќе му понуди да ги исплати во замена за проценти од фирмата, ама Халид ќе се залакоми, тој се ќе му земал него, не да му предаде проценти, ќе земи кредит и ќе ја стави и куќата под хипотека и ќе ги инвестира парите во несигурни фирмички во воена зона. Ама на крајот пак ќе си ги врати парите Спојлер Јилдиз ќе си започни бизнис за бебешка храна, па ќе и ги откупат правата за голема сума, а плус и ќе продолжи да работи во фирмата
Точно. Да беше барем малку паметен ќе поверуваше на тоа што му го кажа Ендер во врска со Шахика. Ама на крајот ќе си го заслужи. Да останеше со Јилдиз немаше да биде така, таа и онака немаше намера да се раздели од него ама ете, глупак.
Јас гледав сцени од серијата каде што Јилдиз снимаше нешто на ТВ, се зачудив од кај оваа глупава тв личност.