Точно, сите жени го сакаат за пари. Убаво му рече Ендер на Џанер кога спомна тој љубовни триаголници „Душо, не се работи за љубов, сакам да се вратам на својот претходен живот“. Јилдиз ги помина границите, таа се повеќе и повеќе лаже и глуми за да се спаси. Можеше да си седи мирна, да го лаже стариот дека го сака, и се ќе беше ок, но тогаш не би имале серија. Разликата помеѓу Јилдиз и Зејнеп е тоа што Зејнеп за ништо не го излажа Алихан досега, иако и таа има слаб карактер, и паѓа во очај многу лесно.
Зејнеп толку ми станува антипатична чудо некое. Само пруслушкува разговори на работа, превртува очи, дофрла. Се понаша како идиот спрема другар и и братот на Ендер. Да напорни се и двајцата ама нејзиното однесување сосема не е во ред да навредува кој колку бил интелегентен и глуп. Ептен е непрофесионална.
И носи мини сукњи кои едвај гаќите ги покриваат. Таа смее да ги навредува и да биде дрска, а тие не смеат да ни здраво да и кажат. Се однесува како фирмата да е нејзина. Значи ликот во описот е претствен како морален лик, чесна, вредна. Требало повеќе да поработат на тоа. Друго, кога Хира урлаше, таа се засрами нели што ќе мислат луѓето за неа? По тоа како се однесува мене ми личи дека воопшто не и е гајле што ќе мислат колегите за неа.
Многу интересна е серијава. Ја гледам најмногу од што ми е убав Алихан и има интересни случки. Понекогаш ми е досадна кога премногусе креваат дека се богати а интересна ми есо случките.Серијата ја прават поинтересна. Сега изгледа Јилдиз се преправа дека е бремена за да го добие вниманието на Халит и секогаш кога ќе и се скара и кога и се развикува таа наоѓа спас во умилкување и плачење. Хира многу и се налути на Зејнеп . И како може да најде прстен и самата да си каже дека е за неа ? И буквално оди и му кажува дека го нашла и глупаво е тука. Што очекувала таа ?
Леле како така Јилдиз се спаси и овој пат? Кога Ендер дозна дека не е бремена реков толку веќе и заврши оваа игра на Јилдиз. Се зачудив кога Халит ја гушна. И сега навистина е бремена или? Пошто нели и зедоа крв..
Мене ми е некако измешано. Нели не беше бремена? Како така одеднаш да стане бремена? Мислам дека и во ова смислила нешто..
Изгледа била бремена,ама пак како,да правела обичен тест за бременост,ајде некако ама крвен...тој не греши....