Хаха ваљда алудираат на првобитниот грев, не знам. Жената му го дала јаболкото на мажот, појма немам дали врска има со ова.... Па тоа е, жените се прикажани како ѓаволици во серијава.
Па изглеа Халит ќе да е, нема кој друг. Сите се мотаат околу него, он си игра играчки, си го праи кејфот, коа ке му здосадат си ги брка и одма си наоѓа замена. Има нешто чудно во чоеков.
Што е финтата со оваа што вели дека му е сестрта на Џанер, зошто се појави? Мора да има некаква цел. И ај малку пак смотани не прават без лична карта без да ја праша он нејзе за животот ај одма ќе ти најдам работа.
Taa koga izleze pred Dzaner go kaza imeto od nivniot tatko..i toj si pomisli vistina..i mene mi e cudno zosto izleze vaka naednas..se si mislam deka e maslo od Shakika.. Gledam vo flmov samo iznajmuvaat sve nekoj nekoja pa zatoa taka pomisliv..
Ова е прва турска серија што ја гледам after so long ...а почнав пред два дена да ја гледам Ако не ви е тешко објаснете ми малку што се случуваше во минатото, само последните 2-3 епизоди ги имам гледано
Ќе се обидам јас Халит-богат бизнисмен познат по многуте бракови, има три деца Јелдиз-бивша сопруга на Халит која носи негово бебе, не е од рангот на богатите, има полусестра Зејнеп која се омажи и живее во Америка. Таткото на Јилдиз е затвореник кој по затворската казна сакајќи да извлече пари и да го убие на Халит куршумот го рани на Ерим кој е син на Халит-причина плус семејството на Халит да се сврти против Јилдиз. Ендер-бивша сопруга на Халит со кој го има синот Ерим, акционер во фирмата. Во младоста била во врска со Каја, останала трудна, неможејќи да се грижи за него го дала бебето на семејство, Јигит е нејзин син кој дознал дека Ендер е негова мајка, кога ќе увиде колку е грижлива мајка и колку многу го сака Ерим, бара начин да и се одмазди бидејќи го оставила, под влијание на Шахика, ја турна мајка си во морето. Шахика-сестра на Каја, во врска е со Халит. Била омажена во Швајцарија за богат старец кој го отрула со помош на некој капки, истите ги користи за да го отруе Ерим-синот на Халит. Целта и е под раководство на мостериозен човек да застане на врвот на фирмата. Иначе и јас некако се опседнав со серијава, огромен противник на турскиве серии, сум ги гледала само 1001 ноќ и кога лисјата паѓаат. Го загледав само ради Ендер. Маж ми ми вика шо ти е тебе од кога почна турскинсерии да глеаш? Му викам ради жениве како се дотерани тек да ја видиш Ендер колку е јака ... и така и тој ја загледа серијава
Озбилно ли? Ехе, најинтересното го имаш пропуштено одамна, и пореални некои проблеми и карактери беа прикажани порано. И јас негде откај 30-та епизода почнав да гледам, тогаш беше ептен динамично и комично, сега е околу 50-та и не ми се бендисува многу. Плус канал 5 цепкаат една на три епизоди. Ги има на нет епизодите од почеток, јас некогаш ќе ги гледам тие што не ми се гледани.
И јас планирам, ако најдам време Не сум ја приметил до сега, не им обрнував внимание на турскиве серии..
Имаше многу ликови кои сега ги нема, ќе кулминира околу нив прејако, па ги тргаат и носат нови и ми фалат старите. Пази се, како дрога е серијата, мене не ми е како порано, а не престанувам да гледам, барам уште Мислам дека на периоди се стишува дејствието и после пак станува забавно. И јас немам гледано турска серија со години, тие малку што ги загледував прво дома некој ќе почнеше да ја прати, сега оваа сама ја загледав. Ретко има интересни турски серии, ама постојат. Само јас претпочитам да се пократки, зашто кога долго ги снимаат се губат.
За Шахика можам да кажам дека е сериски убиец. Значи по тоа што го разбрав е дека и ставила од тие капките во јадењето на Јилдиз за да го изгуби бебето ама таа не го изела туку Ајсел и на неа затоа и се слоши така? Среќа што Јилдиз сфати дека ставила нешто во јадењето па сега нека си се пази од тоа ѓаволот Шахика.
Јилдиз вака за проста ја сметаат сите.Но, испага паметна,сфаќа дека нешто не е во ред со Шахика,гледа дека исто не е во ред Ерим толку да е приврзан за Јигит и Шахика да се грижи за него(која маќеа ќе се грижи за синот на сопругот,тоа многу ретко,плус ова серија е).
Не е Џанер глупав,колку интриги и сплетки правеше со сестра му....Мислам поверува дека Лејла му е полустестра и од ист татко,зошто татко им ги оставил и им направил лошо.Па и тој верува дека може заминал кај друга жена.
Глуп е во случајов де, јас шо да му прам. Не размислува дека Шахика им го знае минатото и нешто матка можеби. Зошто не ја истражи прво пред да ја внесе во животот? Секој може да има “полусестра“, тебе да ти дојде некоја да ти побара помош, ти ќе и поверуваш или ќе ја провериш?
Ами Лила колку допрва ќе ми станува одвратна... Кога ја покани Јигит на ручек како се занесуваше која е она, а кој е он и вчера ооп кога ја виде "девојката" магично ќе се промени. Идиотка.