Само ти секогаш ме разбираш за Зејнеп.... Ама повистинито беше прикажано со нив на пр, а оваа Шахика е нереален лик. Mене престана да ме интересира со кого што ќе се случи, само побрзо да заврши Нека донесат некое машко маче, моменталниве не ми се по ќеф Можеби затоа не гледам веќе со ентузијазам, ќе да е тоа....
Чекај да се соземам од шокот не ми е добро стварно не ми е добро Спојлер: СПОЈЛЕРР!!!! Да продолжам кај што застанав, Ендер му кажа на Халид дека Јилдиз ќе се разведе од него без око да му трепне зашто е млада и многу лесно ќе си најде некој друг, дека он не и пратил ни подарок за породување ни ништо. И он и го прати целиот накит што си беше нејзин плус кредитна картичка и Ендер и вика после ете демек ти кажав нели нејќе да се разведе од тебе (она сака Јилдиз да се врати во куќата за Халид да ја избрка Шахика). После Зехра и се јави на Јилдиз да и каже дека Шахика ке организира пак забава за свршувачката зашто оној пат нели ја прекинаа забавата и Јилдиз збесна и и кажа на Ендер и Ендер и кажа дека сигурно има нешто у позадина дека не е забавата туку така и дека ќе иде да провери што е работата. И така Ендер отиде непоканета на забавата.. ни да помисли што ја чека таму. Спремете се и психички и физички.. Влегува Ендер и вика да ви кажам нешто, Халид нејќе да се разведе од Јилдиз. И Шахика цитирам- така ли Ендер, и јас знам нешто што другите не го знаат. Дојди Јигит.. Јигит мене ми е внук, неговиот татко е Каја и за жал неговата мајка е Ендер. И уште нешто, дојди Лила.. Јигит е и маж на оваа лепотица (Шахика го уцени Јигит да се земе со Лила за да му каже кој му е татко). И заврши епизодата.. Јас сум уште у шок
Ууу, интересно ќе биде понатака. И јас иако сега ги читам спојлериве што ги пишуваш, пак ми е интересно кога ќе го даваат и на телевизија.
И јас не издржав си ги изгледав сите епизодите на турски ама пак ми е интересно да ги гледам. Само со преводиве наши е ужас! На Ендер вистинскиот глас е мн моќен
Леле даа, многу подобро отколку нашиот превод. Требале да ги пуштат на турски и пишуван превод одоздола, така би било 10000 пати подобро
Jas bas sakam da se razvedat Halid i Yildiz..onoj ne e za prostuvanje toa sto i go stori,so bebe vo stomak ja izbrka..ama nezna za pari Yildiz kojznae sto ke stori..ke cekame pa ke vidime
Чекај уште се нема појавено Можно е Спојлер: ГЛАВНИОТ СПОЈЛЕР!!! Човекот за кого работеше Шахика се вика Надир, стар пријател и партнер на Халид кој сакал да работат нелегално и Халид го пријавил во полиција и овој завршил во затвор и сега се одмаздува. Фактички и спонзорот што го најде Шахика е човек на Надир, ама едно од барањата на спонзорот беше Халид да ги земе 15% од акциите на Ендер и сите акции да бидат негови и само тогаш ќе потпишеле договор. Ендер нормално нејќеше да потпише и Халид го прати адвокатот и двајца други насилно ја натераа да потпише и запретија дека ќе го повредат Џанер ако не потпише и она мораше. И после Надир ја најде Ендер и кажа све и и кажа дека не бил задоволен како Шахика ја завршила работата и дека да знаел уште од почетокот каква моќ имала Ендер одма би дошол кај неа место да се мачи со Шахика. И и понуди партнерство на Ендер и она нормално прифати за да му се одмаздат на Халид заедно. И сега со потпишување на договорот и Халид и Надир имаат 50% од акциите, а Надир и ги даде на Ендер и она отиде од 15% на 50% Халид е пред нервен слом. А да испуштив "ситен детал" слугинката во куќата на Ендер и онаа плавата во вилата на Халид работеле за Шахика, и Надир кога и кажа на Шахика дека нејзината мисија завршила пошто не успеала да го стори договореното и дека сега он стапува на сцена оваа се изнервира и пред да замине им кажа на слугинките да ги отрујат Ендер, Јилдиз, Халид и Ајсел и ги отруја ама добри се, се спасија. (Тоа не беше наредба на Надир и не беше дел од планот, туку лични фрустрации на Шахика).
Спојлер Ќе се врати она пак, ама има време, сега за сега не. Инаку да Надир и Ендер работат заедно сега против Халид, ваљда нема Надир да ја изигра Ендер, мене ми е дека она му е гневна на Халид и од нервоза прифати, сака да се одмазди ама овој да не ја заебе после.. Нема ваљда сепак Ендер е тоа Плус кажа дека ќе и ги даде сите акции ако сака и може да земе колку пари сака.. Ќе видиме али сега за сега работат заедно.