Леле на Ендер што и се случило. Не и било лесно. Ужасно беше додека даваа каква била и дека неможела да оди и да зборува. Инаку дали таа предвиде што може Шахика да направи откако ќе се роди детето на Јилдиз или?
Многу ме нервира Шахика.Сигурно и таа го најмила тој човекот што и помогнал на Ендер (Сабри).Уште го труе Ерим,како мајка му не ја кажувала вистината. Ме нервира женава. Многу жално за Ендер.Уште тоа во најавата како го прегрна Јигит.... Фино е кога се Ендер и Јилдиз во друштво. Џанер колку е саркастичен на моменти...пресмешен е.
Зошто рибарот не беше повикан во полиција кога се појави Ендер да даде исказ? Ова губи смисла, а што убава беше порано серијата. I miss the days.
Не знам дали и ги приметивте веѓите на Шахика? многу и се чудни за мој вкус, влакната нагоре начешлани Инаку, Ендер какви трауми претрпела, не знам што очекуваат овие, уште првиот момент кога отворила очи да им дојде пред врата ли? Некако сценариово премногу е дека цело време на Шахика и веруваат, претеруваат и ги прават останативе како да се без грам мозок. Јас не знам Халит како е толку богат бизнисмен, а сега го прават глуп.
Спојлер: Мал додатен спојлер xD Погодете кој се врати Нашата драга Шахика И погодете кој ја доведе-Халид
Ја изгледав епизодите набрзина ама така ги мотав само битни дешавки гледав. Не сфатив зашо ја врати пак. Некако подобро ми е цепкано на тв по 1ч, немам време 2.5ч на нет да ги глеам и зараза е. Мене уште ми е интересна серијата.
Од сплетките што ги прави нема време веѓите да си ги среди Ќе ја заборави и детокс водата, ќе се здебели
Кога ја праша Халид Шахика,таа вика "не душо,потоа ќе испадне Шахика рекла така",а уствари колку е паметна.Таа нешто штом одма каже,Халид веднаш тоа го прави.Тој демек паметен,но никако неговите мислења да испливаат на површина,сè што ќе каже Шахика прават. Многу ме нервира Шахика,исто така и Јигит го игра,не знам зошто тој е со нејзе и ја подржува.Кога ќе ги изигра Шахика сите ми иде да изгасам ТВ и да не ја гледам веќе.
Филмот со Шахика станува нетрпелив ама одвратна жена ,сегде ги пушта пипците.А Халид е глуп и препотентен.
Шахика ви е волк во јагнешка кожа. Дури не ми е ни чудна, многу Шахики шетаат наоколу во секојдневие Ендер ми стана симпатичен лик
Јас од почеток на серијава сум Ендер тим преубава и пресовршена е, како ја стилизираат само и синхронизацијата на гласот и е ептен погодена, многу моќно зборува и на турски, додека пак Јилдиз на турски зборува многу млитаво, а нашата синхронизација што и ја правеа до скоро, звучеше многу убаво, сега е катастрофа Каја многу ме разочара, трча по Лејла, Ендер се врати а тој воопшто не се израдува, ниту пак беше тажен кога ја немаше Сестра му пак е права ѓаволица леле како милно глуми и невино, сите ги игра ко што сака, дури и Лила и Зехра и се кукли на батерии Мене глумицата што ја глуми Шахика, не ми е нешто уау, висока е и згодна на тело, ама на фаца не е нешто најнај, груба фаца има, џабе ја форсираат Халид ми е одвратен во однесувањето, ама на лик добро се држи за годините, убав маж е @Аргентина * Те читам цело време ја напаѓаш Зејнеп, велиш полоша била од Јилдиз, искрено не беше лоша Зејнеп, беше така малку строга и намќореста, ама не трчаше по парите ко што велиш, зарем малку работи истрпи од психото Алихан и сестра му? Не го полуде таа Диндар, самиот полуде, требаше да сфати дека не го сака и крај, тој насила зеде да се венчава и ја затвори, и тебе така да ти направат и мене, ќе му фрлевме и ние солна киселина во самоодбрана Не ми фали воопшто Зејнеп во серијава, ни Алихан, само се надоврзав дека постојано ја напаѓаш Инаку во новата сезона што се снима, ќе го сменат Ерим, самиот си заминал од серијата Не знам зошто ги сменуваат, и Хакан го сменија на почеток, па потоа Лила, и сега уште Ерим
Малку ова со жениве на Халид ми е не реално.Една актуелнс, три бивши, со бившите тера бизнис, ручаат заедно, жените меѓу себе се закачаат ама соработуваат, обавезно нова жена се појавува.. Абе хаос