Џанер алапачата не престана да ме нервира, тој ќе кажува од кого се бебињата на жените, глупак. Сестра му си го даде едното, другото дете на Халит му го остави, овој абдал Јилдиз најде да ја клевети и озборува. На Ендер и велеше Јигит да го пратела во затвор Таа Јигит треба да го прати едино на психотерапевт, со нејзини пари. Онде Шахика и го издржува синот и на сешто го учи, таа се уште не кажува дека Јигит е нејзино дете, да не дознае Халит.
Ендер дури сега ја засакав, претходно на живци ми идеше, а сама си беше крива за сè Ендер. А сакаше да и наштети без причина на Јилдиз. Мило ми беше кога се појави Шахика, бидејќи за Ендер баш требаше некоја како Шахика. Ама кога дознав каков убиец е Шахика, ми се згади, па после сè повеќе одбивна ми стануваше со секоја нејзина интрига. Па со она нејзино глумење на добра маќеа не ја можам... Врв на одбивност ми е сега кога ги замени бебињата... Ендер и Јилдиз се ангели во споредба со Шахика... Жал ми е Ерим, а Ендер не ја жалам многу, иако ич не го оправдувам Јигит, сепак од една страна можам и да го разберам. Не е лесно да дознаеш дека мајка ти те оставила, живеел во сиромаштија и со насилен ,,татко" и затоа го сфаќам за бесот што го чувствува кон Ендер, особено кога гледа колку го сака Ерим, а него го оставила. А со него се однесуваше многу дрско и арогантно кога не знаеше дека и е син. Ама на потежок начин си ја научи лекцијата Ендер. Па сега она се бори против неправдата, мило ми е што соработува со Јилдиз, иако сето тоа го прави за своја корист. А не дека ја сака Јилдиз.
Многу забавна станува волку пишување на форумот за некоја турска серија до дега не сум видела. А јако е Каја два дена ја знаеше Лејла и одма љубомора демек со дечкото ли си аман де кај се залета.
Во 64та ќе дојде. Да, во Америка кај брат и ама Халид ја викна, ем поради Лила и проблемите со Јигит ем што сака да ја искористи финансиски пошто му пропаѓа фирмата. Нервен слом доби жената кога и изнакажаа се Јигит ја остави Лила на сред автопат и Шахика отиде да се запознае со Зерин и да пие кафе со неа за да проба да и го смени мислењето за Јигит на подобро за да му даде уште една шанса со Лила (Каја и е лут, па прави све за да и се одлути).
Каја ми стана одбивен сезонава некако. Бар овие епизоди дур се плетка со Лејла. Океј е за разлика од другите ама и премногу глумење финоќа не е на арно. Лејла и Емир би ми биле убав пар, ама секако не е тој газда, па не го рецка... Стварно зошто на Џанер и Емир не им најдат женски? А, баш ги сакам. Емир многу е добар поготово. Од цела серија од ликовиве најсрцка ми е.
Дефинитино Ендер е врв, ваков лик до сега немам видено не само во турските серии, него у глобала во сите серии што ги имам гледано (и англиски и шпански и све). И глумицата ја погодиле скроз, не можам ни да замислам некој друг да ја глуми Ендер. А и на стилистот капа доле. (Едвај чекам да бидат заедно со Каја многу ми се срцки заедно )
Моментално е со Лејла (66та еп), искрено сакам на крај сите жени да се соберат и да го остават без куќа, без фирма, без скршен денар и да проси на улица. И тоа ќе му е малку, заслужува многу полошо. Ич не го сакам
Бога ми има среќа што после 10 жени уште не банкротирал ама еве нешто не му иде сега со фирмата. Ендер ќе го доцеди
Отидоа на ручек на пауза со Халид и Шахика и прати слика на Јилдиз, Јилдиз и кажа на Ендер и Ендер направи скандал за да си отиде Лејла од фирмата арно ама она дозна дека овие сите ја наместиле (Ендер, Јилдиз, Емир и Џанер) и глупачата отиде кај Шахика. И Шахика и кажа не се секирај ти јас ќе направам ти да бидеш 5тата жена на Халид As usual планот се остварува..
Спојлер Надир и се јави да и каже дека не бил задоволен како ја завршила работата и и кажа да си замине бидејќи дошол редот он да се појави и Шахика пред да си замине ќе им каже на слугинките да ги отрујат Јилдиз, Халид, Ендер и Ајсел, а она за тоа време ќе е веќе во авион. И следниот ден Надир кога дојде во фирмата Халид сам сфати дека Шахика работела за него и овој му потврди (ама Халид мисли само на работите поврзани со фирмата, тендерите што ги изгуби, спонзорот и тие работи, а за работите што се десија во вилата и труењето не ја обвинува Шахика). И после ќе ја врати како сојузник ама само на работа, бидејќи работела за Надир и го познава подобро од сите останати и и даде рок 2 месеци да му даде корисни информации за Надир или ќе ја избрка.