А заборавив да кажам и Лејла ја засакав, особено што испадна досетлива. А се гледа дека има добра душа и не сака никому да наштети. А за лагите, камо да не морала да лаже. Иначе си одговараат со Каја. Добри души имаат, не ги интересираат интригите
Хмм епизодава баш емоотивна... Ќе му плати ли сега на Каја за жената што му родила син а не копиле богаташов...
Работава со Ендер е,сега кога дојде вештерка посилна од мене морам да се здружам и со мојата најголема непријателка (Јилдиз) ,дури и солзи пушти за неа и се направи за да го најде бебето. Се е од корист(не дека многу ја сака) можеби подоцна ќе се засакаат како вистинаки пријателки, сепак Јилдиз и се мушна во бракот и се и расипа и ова што го прави Ендер за неа е баш за воодушевување,безразлика дали е од корист или не. Ја сакам Ендер,сигурно и во Турција многу ја сакаат.
Јилдиз не и се мушна во бракот, не и го расипа. Ендер сакаше да се разведе од Халит и за да му земе пари ја најми Јилдиз за да испадне дека ја изневерува и при развод да му земе пари. Ама на Јилдиз малку и беа парите што и ги понуди Ендер, па наместо да му глуми љубовница, реши жена да му стане.
Да, и јас истото го мислам. Многу сакам да бидат заедно,преубави се. И сакам Лејла да му се довери ,да му ги каже сите тајни што ги има. Сигурно Каја ќе ја разбере зошо е злато човек. Колку е он добар толку сестра му олош Па да така беше она ја најми за сосема друга работа и не очекуваше дека Јилдиз ќе ја предаде и ќе си го намести газот во вилата Сепак се мушна.. А башка Јилдиз што не трпеше од Халид старецот само газот да и седи во луксуз,мислам од тоа поодвратно нема
Добар беше, ја сакаше неа, ептен беше заљубен, само што лажно се претставуваше, играше игри и тој. Цело време работеше за Ендер на почетокот и направија еден куп далавери заедно. Не беше сиромашен, од еднаш испадна богаташ па си играше со Јилдиз, ја зафркаваше, а она некако се дистанцираше, цело време го избегаваше. А потајно и таа беше заљубена во Кемал ама се појави дедо Халит и му мавна корпа. Со Зехра демек у брак беа, ја искористуваше само за Јилдиз да ја праи љубоморна. И Зехра ми стана по мила сеа, колку се радува за книгата ко мало дете е. Нема лоша душа она, само делува онака дигната и егоистична. Ама не е до неа, до татко и неодговорниот и безчувствителниот, што ич не му чуе за децата и воопшто не се замара, најбитно е он да е задоволен и толку, свршил работа. Халит како ќе се постави со бебето на Јилдиз? Ќе се грижи ли за него и ќе му посветува внимание или јок?
Ерим ми е многу симпатичен, ме потсеќа на Џастин Бибер Предходната Лила беше поубава и далеку подобар стил Вчера не ја гледав серијата, едвај чекам да ја премотам
https://mojtv.altervista.org/zabraneto-jabolko-108-epizoda/ Eve ja od sinojka epizodata koj sto saka moze da ja gleda
Во 16:30 даваат реприза. Јас вчера ја гледав репризата од четвртокот и почна во 16:30. Јилдиз дека сакаше да го отстрани од нејзинот живот, го намести со една женска заедно во хотел, и Зехра, Ендер и Халит отидоа во хотелот и ги фатија и така Зехра се разведе од него и така го снема. Сепак сето тоа беше интрига на Јилдиз.
Според мене Јилдиз има право што не сака да живее во куќата на Халид,кој знае на што се' е спремна Шахика.Ниту јас не би прифатила ризик,да го оставам моето дете под ист покрив со жена што е спремна се' да руши пред себе.