Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забранет влез за мажи на Клиника по гинекологија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Билјанаозгур, 12 декември 2023.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.013
    Пол:
    Женски
    Во Мк кога се пораѓав не му дадоа на тој да биде со мене.
    А тука во странство, оти имав закажан царски рез во 9, помина 9 и дојдоа тие и ми викат ајде викни го маж ти да дојде, викам зошто, ми викат па да биде и тој таму. Абе викам не се губете, шо ќе праи он тамо, јас паничам па да почне и он и не дај боже да му се слоши од крвта шо ќе прајте? И не го викнав, дојде отпосле.
    И јас мислам дека маж не треба да присуствува. Едноставно нема потреба од него. Искрено, повеќе подршка мислам дека родилката ќе добие од некој женски член на фамилијата или пријателка отколку од маж. Мажот ќе се исплаши само.
     
    На SuperGirl24, Misskirova и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.755
    Допаѓања:
    172.978
    Пол:
    Женски
    Мислам дека секоја жена треба да избере сама дали мажот и ќе биде со неа на прегледи, на пораѓај и општо..

    Баш ме боли дали е изводливо или не. Плаќам здравствено не за да се изживуваат врз мене, да забрануваат и сл..
    Прајме муабет за прегледи и пораѓање со БЕБЕ кое колку што е мое, толку е и негово.
    Не правиме муабет за операција на слепо црево..


    Нивна работа е да направат да е изводливо, не ме занима колку гужва имаат. Нека си ги организираат термините, нека си направат паравани, апсолутно не ме занима.
     
    На 1209, noteforself, sj *O* и 31 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.062
    Допаѓања:
    134.700
    Ама не зборуваме за пораѓај ко што сфаќам. Туку да влезе внатре за прегледот или да седи во чекална.
    На пример, јас прокрварев, на ГАК немаа инекции, сестрата излезе со ливче, праша кој е сопругот на таа и таа, на ти ливче и трчај у аптека купи и право Назад за да ја боцнеме да не го изгуби бебето. Е да не го пуштеа и да морав сама, требаше да одам по аптеки и да барам инекции со крварење.

    Кога искрварев, он ме носеше во раце и во количка оти сама не можев да одам. Како да не влезе? Он стоеше до мене додека ме редеа 10 инекции итно и ме тешеше.

    Не е гинекологијата само путки. Кога се спасуваш себе си или детето не ти е гајле дали Ордан од Ногаевци ќе ти ја види златната путка. Ти треба помош.

    А на пораѓај реално само може да смета. Најголемиот дел се онесвестуваат.
     
    На 1209, IRBBB, Sofi.ja и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Билјанаозгур

    Билјанаозгур Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Јас колку што разбрав комплетно е забранет влез во зградата, не во породилните сали или во просториите за преглед.
    Дури и таму не мора да е нешто забрането за да не се прави. Кој сака може кој не сака не мора. Има луѓе што сакаат да се заедно.
    Но во таа клиника се прават и други прегледи и лекувања освен бременост и раѓање. Не верувам жени да одат голи по ходници. Тие што лежат за ЦТГ се голи на стомакот, значи по истата логика треба да се забрани влез на мажи на кардиологија оти за ЕКГ и ЕХО на срце се лежи гол до половина.
     
    На 1209, IRBBB, Isabel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Ама вие не сфаќате очигледно.
    Во 9ти месец пред СЕ ,е ризично секој кој сака да влага и излага заедно со трудници . Што од болести и вируси што од гужви.
    Незнам зашто толку паничите. Реално нема потреба да дремат таму на преглед и да се праи гужва.
    Кога одев на ГАК ради оваа причина ми беше кошмар. Идеа со цели фамилии,мажи ,деца ,кои идат на школо и по градинки
    На скринизи во приватните ги пуштаат ,иако и Во Ремедика,јас кога одев беше забрането до лани .
     
    На simoncelicius и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.062
    Допаѓања:
    134.700
    Зошто ? У 8ми не е исто?
    Жените на работа одат секој ден, во народ, па проблем било...
     
    На Трагедијаупмм и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Е не е.
    Кога ми кажаа да се пазам од сипаници ми нагласија да се пазам во 9ти .
    Во 8ми не се страшни .
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.062
    Допаѓања:
    134.700
    Епа баш мажите пренесуваат сипаници, тие на ГАК што седат.

    Иначе:
    Овчите сипаници се многу опасни за бремените жени, особено во првото тромесечие кога вирусот пренесен на фетусот може да предизвика тешки оштетувања на фетусот или дури и прекин на бременоста. Не во 9ти месец кога е завршена органогенезата
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.360
    Допаѓања:
    126.236
    Пол:
    Женски
    Сипаници може да се фатат и надвор од болницата.
    И друго исто.
    Не е изговор. :D
    Едноставно, некои жени се анксиозни и паничарки и ќе им значи и присуството на мажите. Кои и треба да имаат право на присуство како идни татковци.
     
    На sj *O* и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Тогаш веројатно постручна си од Котларова.

    Штетни се и во 9ти исто како и во првите 3.
    :)
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Билјанаозгур

    Билјанаозгур Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Сфаќам јас, прво затоа што сум лекар сфаќам колку е ризично инфективна болест во време на бременост, ама во исто време сфаќам дека е апсолутно невозможно да се изолира и комплетно да се заштити една бремена жена. Начинот за намалување на гужвите не е забрана за влез на мажи во зградата туку создавање на ред и капацитет за прием на пациенти за да ја нема таа гужва. Оти дали ќе се мажи или жени кога станува збор за инфекции нема некое големо влијание, освен ако не се сексуално преносливи .
    На некои од прегледите пациентките добиваат страшни вести за смрт на плод, за неуспешни операции, за неуспешни забременувања, за тешки дијагнози итн. Значи не зборуваме за “каприци” како присуство на таткото за да се радува на раѓањето. И на такви тешки прегледи редно е човек да не е сам.
    Во секој случај мене многу ме стресира шовинистичкото и дискриминациско решение баш за мажи, а не на пример за мајки на пациентките или сестри итн.
     
    На WarriorAngel, 1209, ZAHRA и 10 други им се допаѓа ова.
  12. јolene

    јolene Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    7.238
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се сложувам.
    Искуството маж ми да биде цело време со мене во болницата беше за мене и за него непроценливо.
    Од моментот кога ми пукна водењакот, па болки, па прегледи и на крај пораѓај, за двајца најубав момент во животот. Бебе штом се роди да може да си го види веднаш.
    Поддршката шо ми ја даваше. Да си ја види жена му во едно друго светло, не направи да сме уште поблиску еден до друг. Нема ништо страшно во тоа. Најприродно нешто.
    Јас сум се одлучила за тој човек, и само од него имам очекувања и треба да биде за тука за мене, се додека сме и сакаме да сме заедно.
    За мене ете несфатливо е како бе да не смеат татковците да дојдат. Сегде во светот е дозволено, па не гледам дека бебиња и трудници умираат од зарази. Тоа што нас не не бива, па ај од се има ризик. Еве не влегуваат мажи, а пак инфекции куп и за жал уште бебиња и родилки губиме.
    Кај нас уште бебињата ги двојат од мајката по по раѓањето, наместо да се форсира бондинг. Незамисливо ми е.

    Од прва секунда од како се роди бебето е нон стоп со нас двајца. Он беше на првата обука со бабицата, оти јас не можев после пораѓај..истошена бев.
    И не, ништо интимно не се смени помеѓу нас.
    Не постои човек кој може да ми биде поголема поддршка од него..а камо ли во моментот кога дете му раѓам.

    И во болницата каде што се пораѓав, нормално сите мажи беа таму. Да имаше гужва, ама на никој не му пречеше. Секој е таму за својата жена и дете, не дошол никој сеир да фаќа или во други да зјапа.
    И после оти сме како што сме. По мое да види маж низ што проаѓа жена за да му роди дете, ќе има и повеќе почит. А не жена дома со бебе, а он по кафана. Жената аксесоар и за низ дома со свекрви да се оправа. Абе ај. Никогаш нема да се оправиме, за жал.
    Секоја чест на исклучоците, пред да ми скокнете, ама темата со свекрвине друго кажува. Жално што и млади вакви размислувања имаат.
     
    Последна измена: 12 декември 2023
    На WarriorAngel, 1209, little women и 21 други им се допаѓа ова.
  13. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.405
    Само за мажи или за сите придружници независно од пол?
    Општо ми е малце глупаво, проблемот со хаосот го туркаат под тепих. Од друга страна, имам видено цела потесна и поширока фамилија со жената на преглед, свекрви, золви.. тоа ми е уште поглупо. Се знае, еден придружник и терај.
    А за приватноста, не сакам ни Митра да ми ја гледа, не само Митре..
    Доктор, помошен персонал, пациент. Ни придружник внатре ни други пациенти ни нивните придружници не е прифатливо.
     
    На spacegirl92, sj *O*, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    23.013
    Пол:
    Женски
    Абе те сфаќам, мислам дека секоја жена треба да си има избор. Исто како и за царски или природни, епидирал или без... моето мислење е дека не ми треба маж за пораѓај. :)
    Едит: ова за во странство зборам, а за доле во Мк , Бог нека ни е напомош
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Билјанаозгур

    Билјанаозгур Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Колку што разбрав е за мажи не за придружници. Значи јас можам на преглед да појдам со цела фамилија и сите комшивки ама не со брат ми пример.
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.062
    Допаѓања:
    134.700
    Не знам, јас икопирав од гинеколог статија :) ама ти викаш НАЈШТЕТНИ. се во 9ти . Океј :))))

    Дискриминација не смее да има. Придружба ако сака, жената мора да има.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    За прегледи беше со мене, јас фатив период кога уште пуштаа. Ама за пораѓај искрено не би може дури се болките ама баш на чинот јас не би сакала. Со второто беше цело време додека беа болките бидејќи дома бев кога стигнавме за 20 мин се породив, некако полесно ги поднесував.
     
  18. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.631
    Допаѓања:
    8.519
    Пол:
    Женски
    Ама јас не знам кај живеете...и кај раѓате.
    Во Чаир тој ред е одамна.
    А исто и во Ремедика
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.013
    Пол:
    Женски
    Леле леле леле, се напна ебаго од прееска
     
  20. Билјанаозгур

    Билјанаозгур Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2018
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Јас раѓав во Бугарија, таму е незамисливо во било која болница независно од профилот да е забранет влез за мажи или жени. Ајде ќе речеш Европска унија па не смеат да дискриминираат. Сега живеам во Турција и исто е нечуено и незамисливо да биди дискриминиран човек по пол за влез во болничка зграда. Незнам по чија иницијатива е таа забрана за влез ама е нелогична. Ако е за гужва би се дозволило еден придружник не цела фамилија. Ако утре забранат жени да одат на Урологија ?! Можи мажот ми или татко ми или комшијата забога има потреба од придружник?!
    Таква забрана во моментов постои во Иран, Авганистан и Македонија.
     
    Последна измена: 12 декември 2023
    На 1209, mssuniquee, Waverly Raven и 9 други им се допаѓа ова.