Форумџика на годината 2020

Забрани

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 13 јануари 2011.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    67.900
    Темата ја отворам поттикната од еден разговор што пред малку го имав со мојата 6-годишна ќерка.
    Таа: Мамо, може ли да ми ги излакираш ноктите?
    Јас: Не.
    Таа: Ама мамо, сите девојчиња во моето одделение имаат лакирани нокти!
    Јас: Тоа не значи дека е добро да се лакираат нокти. Лакот ги расипува ноктите, и не е за деца. Нема ништо посебно убаво во лакираните нокти. Природното е најубаво.

    Разговорот за лакот беше само повод, и свесна сум дека слични разговори ќе има уште многу, само ме стави во мисла како треба да се справувам со разговори од типот „сите имаат/прават, сакам и јас!“. Не дека имам нешто страшно против лакирање нокти - и самата јас ги лакирав некаде од 3-4 одделение, а од 5-то веќе имав долги нокти, само сакам да знае дека не може да има или прави се' што ќе посака, само затоа што сите имаат или прават нешто.

    Од друга страна, убаво се сеќавам како ми беше кога моите не ми дозволуваа да направам нешто што другите го прават, а такви примери имаше колку сакаш :) . Им објаснував дека сите прават така, а татко ми имаше обичај да ми каже „не ме интересираат другите, ти си ми ќерка“. Ех, што солзи имам пролеано, и си викав како баш мене ми се паднаа волку строги родители :D Се разбира, подоцна сфатив дека главно биле во право, иако за дел од ситуациите не сум сигурна се' уште :D но тогаш светот ми се рушеше! Убаво го помнам чувството дека сум „различна“ од другите.

    Како постапувате/ би постапиле вие? Што мислите за забраните? Треба ли да му се дозволи на детето да прави нешто што сметаме дека не треба да го прави само поради тоа што го прават сите други? Без разлика дали се работи за лакирање, купување некои екстра скапи патики, мобилен, излегување во град кога мислме дека се уште не е време, или на места каде што мислиме дека не е во ред да се оди, или нешто сосема друго.
     
  2. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    239
    Па зависи од годините. Кога ќе се помалечки децата и кога не можеш да ги советуваш или да им посочиш дека тоа не е добро, треба да има по некоја забрана. Е кога ќе пораснат, треба да се седне со нив и да се разговара со цел да му ги отвориш очите дека таа постапка, работа или што и да е не мора да ја направи/ да ја има. Зошто ако на тинејџер му забраниш нешто да направи, тој ќе добие поголема потреба истото да го направи. Само искрен разговор и отворена комуникација.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.684
    Конкретно зборот забрана го мразам. Кај секој кога нешто ќе се забрани, тогаш е поголема желбата да се добие.
    Во твојот случај не се работи за забрана на детето, туку си објаснила на убав детски начин зошто не треба да се лакира. Би било забрана ако си кажала како тебе што ти кажувал татко ти. Има голема разлика меѓу твоето и кажувањето на татко ти.
    И мојот татко беше таков, и еве кога сега јас очекувам бебе, сваќам зошто ми забранувал некои работи кои тогаш не можев да ги сватам.

    Здрави и живи, да си изродам многу бебенца, на ниедно од нив нема со сила нешто да им земам или давам. Она што јас го сметам дека е правилно ќе се потрудам и во нивната глава да изледа така. А како би го направиле тоа ? Па секако со разговори од твојот тип Ариел. Секако разговорот ќе се менува како се менуваат годините на детето.

    Што се однесува до лигавења, скапа гардероба, плачење за глупости, се надевам добро ќе си ги воспитам децата, да не мора да се доаѓа до тој степен, ама дете ко дете некојпат ќе заплачи по нешто. Е тогаш фино лепо мама ќе објасни од тие и тие причии не можам да ти го купам ова (секако нема да се наведува немањето пари како причина, туку некој детски изговор). Се надевам свати што ми беше поентата.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.158
    Мислам дека од мало се учи детето што смее а што не смее. Треба да му се објасни на начин на кој тоа ќе свати дека не треба тоа така или тоа не е за него. Тешко е денес во овие времиња кога општеството толку многу негативно влијае врз децата да им ја направиш разликата помеѓу тоа што треба и тоа што не треба. Честопати се зезаме со мажот ми дека и така ,,улицата ќе го израсне,, а ние ќе треба само да го насочуваме кон прав пат.
    Сепак детето треба да ја знае линијата до каде смее да оди а тоа зависи од домашното воспитување. Се сеќавам дека јас т.е татко ми ништо не ми забранувал ама сум знаела што не треба а што треба. Тогаш на пр. од чаршија да задоцнам 5 мин не смеело да ми се случи или пак првите шминки, пудри ги криев од него додека еден ден ме седна на маса и ми објасни дека се штетни за моето лице...
    Во други времиња живеевме ние а во други живеат нашите деца. Денес треба да си повеќе строг и да го предвидиш следниот чекор на детето пред тоа да направи некоја глупост.
    Само памет во глава и Господ нека ги чува.
     
  5. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.044
    Допаѓања:
    4.777
    Моите родители ми немаат забрането ништо, поточно татко ми ништо, но мајка ми има. Добро мајка ми пред може 2 години ми кажа дека не смеам да се качам на таа балерината во Луна парк и така е. Но забрани од типот: ,,Во 10 да си дома’’ ; ,,Нема излегување низ Центар’’ ; ,,Неможе да излезеш надвор’’.. Немало и нема, а верувам и дека ќе нема. Сепак не излегувам секој петок/сабота низ Центар или пак шетам надвор. Едноставно ми се погоди друштвото. Можеби ќе излезам еднаш во 2 месеци до Центар со друштво, но се знае кога се враќам. Кога се враќам, се враќам со сите. Моите имаат доверба во мене. Кога и да останам малку покасно им се јавувам, па и они ѕвонат да видат дали ќе се вратам брзо .. .. Значи општо ќе зборувам за излегување. Нешто што не ми се допаѓа кај одредени родители е таа строгост. Вие најдобро си знаете (родителите), но сепак да не се пушта детето од дома да излезе, да се прошета, тоа за мене е претерано. Тука јас мислам дека родителите немаат доверба во детето. Морам да се вратам кај мене и да кажам дека фала Богу не одам по кафичи и сл. Кога одиме барем ги знаат нашите релациите. Седиме на клупи и се зафркаваме, па макар и -10 да е. Да се вратам на другото. Детето понатаму во средно кога ќе почне да излегува, прво што го помислувам е дека нема да знае што попрво да направи. Тука одма размислувам дека можноста да се фати и првиот дечко, да се проба алкохол и сл., е голема. Така да еден совет, не претерувајте со забраните. Она што ви го правеле вашите родители, не правете го на вашите деца. Сакав да го завршам постот, но со оваа реченица и се присетив дека добивав уште две исти забрани од мојата мајка повторно. Она веќе 18 години е далеку од нејзиниот град и можам да кажам дека безбедноста таму е поголема. Дедо ми не ја пуштал да излегува, поточно и велел: Сега е 8, во 9:30 дома да си. Кога одам во нејзиниот роден крај, кој ми е толку мил и убав, јас не смеам да излегувам. Мојата мајка не ме пушта, бидејќи она мисли дека нема да бидам безбедна, нема да бидам на сигурно, а токму спротивното е. Значи она го прави тоа што нејзиниот татко и го правел неа. Затоа вратете се со годините наназад и бар на момент видете како би ви било на вас. Против сум за разгалување на децата и што се вели на глава да ви се качат, ама сепак да не се претерува со забраните.
    Пак ќе повторам, општо зборував за забраните за излегување. Ако се смета нешто за оф топик, слободно нека се избише. ;)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.158

    Душо мала, биди здрава и жива, и кога ќе дојде време ти да чуваш деца ќе видиме како размислуваш тогаш.
     
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    191
    Само отворена комуникација, збореше многу со децата и објаснување зошто тоа може а зошто тоа неможе да се направи. Братучетка ми има исто 6 години и другарките нејзини во школо одат нашминкани, налакирани и она сака да стави сјајче, лак на нокти и нон стоп плаче за тоа, ама вујна ми, не и не.
    Па еден ден учителката кога ги подбрала мајките на девојчињата што одат во школо налакирани и нашминкани, на што личат децава, јас ги учам на хигиена, на природна убавина а вие ми ги носите нашлакани во школо. Да видиш како од утредента ниту едно девојче нема со сјај на уста и детски сенки на очи, а ноктите чисти, исечени и без лак.
    И малава вика леле мамо подобро што не ми даде да се налакирам инаку и тебе и мене ке не караше учителката.
    Јас на моите деца, здравје, би им кажувала како јас правам и како сум правела на нивни години, а за секое дете се знае, тоа што го прави мама тоа е најдобро. Мислам дека тоа би помогнало, ако не тогаш има забрани проследени со убаво објаснување. Така се додека не стекнам доверба во детето, дека не ме лаже за ништо, ниту каде ни со кого било. Е тогаш ке има одврзани раце исто како јас што сум имала.
    Мене никогаш во животов ништо не ми забраниле, ама стално ми викале, со памет во глава. Имаат доверба и знаат дека нема да направам било каква глупост. Ама никогаш немало забрани од типот неможе да одиш таму, неможе ваму. Секогаш е послатко тоа што е забрането, отколку дозволеното. Затоа треба да се припази за што се даваат забрани. Луди години, не се знае како ке им текне во даден момент.
     
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Ариел паметно си постапила според мене.

    Треба децата да го почитуваат авторитетот, без никакво противење.
    Еве јас сум воспитана кога ке кажат дома НЕ, готово нема веќе прашување по втор пат, молење, лигавење, квичење...Зборот на родителите дома беше закон за мене и нема прекршување.

    И јас сум била многупати одвојувана од друштвото, што би рекла јас-изрод, ама сега гледам дека тие биле во правo во вистинска смислам на зборот.
    Ако сум му рекла на татко ми: ааа тато сите другарки ваму одат, а јас не! :envy:
    Тој вели: Ти не си‘ сите!Не може и точка |( .
     
    На italiana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    229
    А што мислите за тоа децата да се оставаат повеке да размислуваат со свои глави и сами да си поставуваат граници? не велам за некои помали, мислам - на пример тинејџер од 16 години, одличен во училиште, не лаже, не прави глупости, едноставно да му се одврзат тотално рацете па родителот да види до каде е детето, да знае што да очекува од него после 2 години кога ке МОРА да се раздели и да му ги одврзе на цело рацете... Јас сум таква, 17 години и имам донекаде слобода, далеку повеке од моите другарки (немам саатица на вракање, не ми е забрането ништо само да не премине во навика и да не ми наштети сериозно на здравјето и на угледот - пример да пијам може но не да се напраам ѓуле) но сепак ми бранат некои работи... пример мојот дечко е сега на факултет и сме во различни градови, не ми дават да преспиам некој викенд кај него...тоа воопшто не свакам зошто, заедно сме долго време, никогаш не ме повредил и имаме заеднички планови за иднината... мајка ми ми вели дека треба да сум срекна со тоа што го имам засега и дека ке дојдело време и да преспивам кај него... зошто јас неможам да одлучам кога ке биде тоа време ? нема да ми наштети на здравјето, не го гледам како ништо посебно.. ако некој ми објасни да не мислам така ке сум повеке од благодарна..
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.070
    ^
    Со 16-17 год. и примерно поведение :) би требало родителите да се малку поопуштени со тебе, а како што кажа ти, тие тоа и се...Но нема да ги остават сите одлуки во твои раце а така и треба да биде...Иако можеби си добар ученик, мирна девојка и сл. пак има многу работи на кои можеш да потфрлиш и да направиш 'глупост', па се претходно да падне во вода...Пример да одлучиш дека љубовта ти е најбитна во моментот и да посакаш да се мажиш, или премногу да се врзеш за дечкото па да заборавиш на други работи околу тебе...
    Јас да побарав да преспијам кај дечко на 16-17 год. ќе беше исто ко да сум им кажала дека се дрогирам со години :D Сега гледам е друго, границите се изместуваат, родителите се лабави со своите деца, што лично не ми се допаѓа...И јас да ти бев родител немаше да ти дозволам... ;) Не знам зошто, ама ете така, мала си... :)
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.158
    Не мора да значи да кога наполниш 18 год обавезно се делиш од родителите. Во основа си пак финансиски зависен и додека си под нивен кров играш по нивни правила.
    Не значи дека имаш 100% слобода и не те контролираат родителите. 5-ките на школо не мораат да значат дека се репер за добра девојка/момче (не сваќај буквално, имав школска која беше бубачка и сите 5-ки на школо а надвор од училиштето беше на екстази).
    Колку и да имаш години ти сепак ќе си дете на твоите родители. Секој го мава пубертет подоцна или порано. Според твоите ти не си сеуште зрела личност или пак не го доволно познаваат момчето за да те пуштат да преспиваш кај него, е затоа се уште не ти дозволиле да ти одлучиш за тоа кога ќе биде. А од друга страна се плашат од несакана бременост а не дека ќе ти наштети на здравјето како што пиша.
    Колку и да имате вие заеднички планови за во иднина не знаете и дваицата што ве чека во иднина. Можеби ќе наидете на раскрсници каде што ќе ви се разделат патиштата а можеби ќе останете заедно.
    Секој родител се плаши и грижи за иднината на своето дете. Кога ќе бидеш родител ќе ти бидат јасни некои работи за кои сега ти е чудно ;)
     
    На Aniston му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    5.939
    Јас па не разбирам и не знам кој родител ќе го пушти своето 16 дете само во друг град,кај дечкото?Абе сега ги мава пубертетот в глава и мислат дека се шо лета се се јади.Ама не е баш така..
     
  13. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    193
    оф до 20 год. ме пуштаа до 00 00 часот во викенд да излегувам иако бев примерна ученичка со сите 5ки и вондредно запишана на факултет и вработена ... ама ете маја ми не спиеше додека не си дојдев јас татко ми дозволуваше најмногууууу го 01 00 да излезам и многу ми се лутеше ако закаснев од причина што многу се плашеше за мене ( јас па му велев -ако сакам да направам нешто ќе го направам и до 00 00 часот ама тоа е) , па еве ништо не ми фали не сум спиела ни кај другарки ниту сум се журкала по дискотеки до сабајле знам дека од една страна многу сум пропуштила ама ете од пуста почит кон моите никогаш не направив престап (како што сметаа тие). А сега сум мажена па со сопругот надополнуваме се што сум пропуштила.

    Минатото лето една моја комшивка која е 8одд. замина сама со дечкото на одмор господе боже никогаш не би пуштила дете на таа возраст со женска/дечко, после криви биле децата не бе криви се родителите ,децата се учат од мали.
     
  14. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    221
    Гледам дека сте пишувале претежно за поголеми деца, во пубертет и сл. Но што им забранувате на малите, на тие од 3 до 6 години? Се не разбираат, ама пак се непослушни. Дали имате забрани во однос на седење пред компјутер или гледање телевизија?
    Кај нас е забрането да се игра со храна. Свекрва ми долго време и даваше на ќерка ми да си игра со храната само за да ја нарани, ама јас тоа не го дозволува и често бевме во конфликт поради тоа. Се знае за што служи храната, па затоа играње со играчки, јадење во уста. :)
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.158
    Најголемата и најболната страна и кај нас ,,јадење ручек,, ама јадење ручек со баба и тета (золва ми, немажена е). Додека беше помал па го ранев т.е бутав храна во уста а тие беа како кловнови - забављачи околу него само за да ТОЈ јаде. Порасна и ми пукна филм и снемав нерви да го молам да јаде а и почна да ми се гади од кловнови околу мене.
    Сега, ако несака да руча го тргам од маса додека сам не побара а за тоа време седи во црвен ќош од гарнитурата или пак следува забрана за цртан филм, играчки или излегување надвор во двор. Цртан филм и играчките му се најслаба тачка :wasntme:
    Борба беше со нив кога сме на семеен ручек (тоа се случуваше само на ручек не и на доручек, вечера, ужина или кога сме сами без забавувачите :) ) да тече се во ред додека јас со малиот не се повлекував и оставав храна во тањир и еднаш и одбрусив муабет ,,вие се најадовте а за другите што ви е гајле,, :$ . Морав некако да пресечам инаку на глава ми се качуваа и тие и малиот.
    Сега има 5 год. и кога се тетрави на ручек сам си каже ,,нема цртан филм ако не јадам?!? пробува да заобиколи ама си го знае одговорот.

    Што и да примениш мора достојно да стоиш на одлуката и никако да попуштиш, ако еднаш попуштиш се ти паѓа во вода. Голема упорност па и пред свеки за да свати некои работи ако не и се јасни па ке види кого повеќе боли дали нејзин полн стомак или празниот на детето.