Здраво, Јас повторно во полето на алтернативните лекови. Ми текна за акупунктура, дека може да ги редуцира стресот на психичко ниво и на ниво на секој орган поединечно. 1. Дали некој има искуство да сподели? 2. И кое е вашето мислење за центрите за акупунктура во земјава, или подобро е алтернативно решение во друга земја (пример Бугарија)? Пред да бидам погрешно сфатена, да пополнам неколку дупки за оние кои не ме знаат. Се спремам за инвитро, и ќе одам на инвитро. Целосно ја поддржувам медицината. Сепак сакам на секој можен алтернативен начин да си помогнам да стигнам до таа состојба. Има голем дел од девојките кои за голема жал има неколку неусешни инвитра. Сакам да дојдеме до решение што би ни помогнало да ја смениме оваа ситуација, и да ја обрнеме на позитивно. Ви Благодарам
Здраво Момичка. Ме интересира дали ја испроба акупунктурата и ако да, кои е твоето искуство? Поздрав.
Баш штета што не се пишува на темава. Јас многу верувам во акупунктура, па се надевам дека и ќе успеам. почнав со акупунктура и одлично се осеќам. Имам многу повеќе енергија и се чувствувам многу “живо”. Ми помага за опуштање на цело тело и ослободување од стрес Ако имате искуство споделете
Koja e cenata i kako se so rabotno vreme? Kolku pati nedelno odis. I jas odev nekoj kratko kaj kinezot.
Во моментот додека одиш, докторката не ти наплаќа. На крај кога ќе завршиш со постапката ти прави пресметка за плаќање. Искрено не ни прашав колку ке кошта само да стигнам до тоа што го сакам, па колку сака нека биде . Одам секој ден од пон до петок. Работно време незнам точно... понеделник и среда се втора смена останатите денови прва. точно од колку до колку незнам. Кинезот исто ми го фалеа мене, но не секогаш кога ќе си отидел таму, те факјал тој да те работи, така ми кажаа и јас не се одлучив за таму