1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забуни околу козметичките производи - природно, веганско, растително, органско?

Дискусија во 'Лице' започната од eva993, 13 мај 2019.

  1. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Иако со години сум „пасивен член“ на форумов и немав профил, решив со цел да ја отворам темава, за која сметам дека има голема потреба и може да се развие интересна дискусија.

    Тука би можеле да се поставуваат прашања, од тоа дали еден производ за кој се двоумите дали да го купите, е природен или органски, дали е вегански и не е тестиран на животни, дали е сертифициран, каков точно сертификат поседува, па се до општи прашања околу начинот и процедурата на сертификација и класификација на производите, на што да се внимава, кои маркетиншки трикови ги користат производителите и дистрибутерите со цел да придобијат повеќе клиенти и сл.

    Акцентот на темава, е разликата помеѓу природната и органската козметика, бидејќи ова се двата термини, кои во светот на козметиката најчесто се мешаат, некогаш случајно, некогаш намерно. Секако и Македонија не е исклучок на таа појава, па така сметам дека ова би било интересно место за дискусии. :)

    Иако живеам во Германија, често сум во Македонија и имам прилика да ги следам трендовите кај нас од лице место. Од една страна доста радува фактот дека полека полека расте свеста и кај потрошувачите во Македонија околу тоа што точно конзумираат/ставаат на себе, од друга страна сеуште има мнооогу простор за подобрување за да се достигне некое задоволително ниво. Има се повеќе потрошувачи кои бараат вегански производи, кои не сакаат производи кои се тестирани на животни или едноставно кои сакаат производи кои се природни и/или органски.

    За жал, за разлика од многу западноевропски држави, кадешто потрошувачите се толку заштитени од државните институции од манипулативни информации и погрешно рекламирање, што практично еден погрешен збор би значел најстрога санкција за компанијата која е одговорна за истото, кај нас сеуште владее невиден хаос околу регулирањето и „превоспитувањето“ на компаниите кога се работи за рекламирање на производите. Насекаде по радио, весници, магазини, продавници, рекламни паноа можат да се забележат знаци и реклами од нешто „природно“ или „органско“, што многу често не е случај.

    Јас бидејќи веќе неколку години наназад користам исклучиво органска козметика, мака мачам кај нас да најдам соодветна органска козметика, која е вистински органска, а не природна! Настрана што продавачките најчесто не се доволно добро обучени да ми ја посочат разликата, ако им поставам некое поконкретно прашање, ме гледаат на криво како да сум дошла да им се правам паметна, а единствено што сакам е да ми се помогне да си го најдам соодветниот производ. Сум забележала дури и знаци „Organic“ (конкретно во Космо), пред козметика кадешто можеби 80-90% од производите беа ПРИРОДНИ, а не органски.(facepalm) Уште те убедуваат дека се е органско што стои таму... Меѓутоа не ги обвинувам нив, едноставно проблемот се ниските или непостоечки стандарди во врска со ова.

    Како најлесно и наједноставно ќе разликувате органски од природен производ?

    По сертификатот! Иако не значи дека производ без сертификат не е по дифолт неоргански (бидејќи за сертификатот освен да се исполнуваат условите, треба и да се плати прилично поголемка сума, па не сите сакаат да платат), сите кои поседуваат сертификат за органски производ, мора да се такви! Кога велам сертификат, мислам на валиден меѓународно признат сертификат со транспарентно истакнато лого на амбалажата, а не некое измислено кругче или квадратче од производителот кадешто стои зборот „organic“.

    Е сега тука станува интересно. Имено сите институции кои сертифицираат органска козметика, сертифицираат и природна козметика. Значи не значи дека секој производ кој поседува лого од еден сертификат на амбалажата, дека е органски. Но, во „најлош“ случај, производот е природен што е далеку од лошо. :)

    Постојат 3 категории на козметика, односно 3 нивоа на сертификација:

    1. Природна козметика;
    2. Природна козметика со органски состојки;
    3. Органска козметика.

    Главната разлика е во процентот на органски состојки од целосниот состав.
    Генерално, доколку над 95% од состојките се природни, а најмалку 10% или 20% (зависи од сертификатот) се од органско земјоделство, производот има предиспозиции да се сертифицира како органски. Се друго под тоа е или природно со органски состојки или „само“ природно.

    Најпознати институции за сертифицирање на природна и органска козметика се: Ecocert, Cosmebio, BDIH, ICEA, Soil Association и Natrue.
    Првите 5 имаат создадено стандард наречен Cosmos Standard, кадешто се прави многу јасно видлива и транспарентна дистинкција помеѓу природното (Cosmos Natural) и органското (Cosmos Organic), кое е многу олеснително за сите потрошувачи, дури и за оние кои немаат толку навлезено во оваа тематика.
    BDIH-Cosmos-logo-250x371 (1).png bdih cosmos organic.png

    Најголема забуна настанува кај сертификатот Natrue, кој нема разлика во логоата кај своите производи. Дали е производот сертифициран природен или органски, логото е исто. Тука веќе треба да се разбирате барем малку, за да откриете за каков точно производ се работи.

    Dr. Hauschka, Logona, Lavera, Dr. Scheller, Weleda се попознатите брендови кои го користат овој сертификат. Кај нас некако (барем од моето искуство) по дифолт сите производи од овие брендови се категоризираат како органски, што не е точно. Само колку за споредба, од вкупно 198 производи на Dr. Hauschka, 54 се органски. Останатите 144 се природни или природни со органски состојки, што не е исто со органски! Грешка број еден што ја среќавам кај нас. Weleda има некоиси 20-ина проценти на органски производи, додека Lavera, Dr. Scheller и Logona имаат некоиси 10-15% органски производи (останатите се природни). Брендот cosnature, кој е релативно нов на нашиот пазар, а за кој исто така имам прочитано дека се промовира како органски, не содржи ниту еден органски производ во својата палета на производи, ниту пак природни со органски состојки. Да, сите производи на cosnature се сертифицирани од страна на Natrue, но како природни.

    Се надевам дека ќе ги споделите и своите искуства/мислења/знаења во врска со темава и со помош на ова ќе можеме да им олесниме на оние на кои им треба помош при изборот или имаат некаква дилема.
     
    На majamm, Nausicaa, MissDior и 8 други им се допаѓа ова.
  2. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    Кои состојки треба да ги избегнуваме и кои креми се најдобар избор? :)
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски

    Иако листата на штетни состојки, кои се користат во светот на козметиката е многу долга, оние кои јас најчесто сум ги сретнувала во составот на производите и по мене дефинитивно треба да се избегнуваат или да се бара поздрава/поблага варијанта се:

    1. Парабени

    Секако мислам бр. 1 на “црната листа” и најшироко позната штетна состојка е парабенот. Се јавува во форма на суфикс “-paraben” во составот како на пр.: methylparaben, propylparaben, butylparaben и сл.
    Иако не е забранет како состојка, бројни студии ги имаат поврзано парабените со рак на дојка и рак на кожа. Општо значи канцерогена состојка која се наоѓа во шминка, шампони, производи за заштита од сонце и бројни други козметички препарати.

    2. Силикони

    Малку потешко се забележуваат од парабените, со оглед на тоа што ги има во многу повеќе и поразлични форми (имиња) па не секогаш можат потрошувачите да ги детектираат.
    Често се употребуваат во производите за коса како шампони, регенератори, маски и сл., иако ги има и во многу други препарати за нега.
    Најлесно ќе запомниш да ги препознаваш ако како составен дел на името, сретнеш некои од суфиксите “-cone”, “-conol” или “-xane” како на пример:
    • Cetyl Dimethicone
    • Phenyl trimethicone
    • Trimethyl Silylamodimethicone
    • Dimethiconol
    • Trisiloxane
    Евентуално додавките ”PEG” или ”PPG”, кои исто така често се среќаваат, кои едноставно ги прават силиконите да бидат растворливи во вода.

    Иако косата по употребата на производи со силикони изгледа сјајна и мазна (што е всушност и причината зошто се употребува), тие буквално се таложат/трупаат на косата и прават еден вид на обвивка околу косата. На тој начин косата се гуши одвнатре, бидејќи со доволно наталожен силикон, ниедно друго средство како масла за коса, регенератори, маски и сл. не можат да продрат и да ја извршат својата функција. На кожата исто така делуваат како обвивка и ги затвораат порите, при што кожата не може слободно да дише, што пак може да предизвика бројки негативни ефекти.

    3. Нафтени деривати

    Освен силиконите, состојки со слични негативни влијанија се нафтените деривати.
    Најчесто се јавуваат како:

    • Paraffinium liquidium
    • Paraffine
    • Petrolatum
    • Vaseline

    4. Агресивни (силни) сурфактанти

    Студии имаат покажано дека се едни од предизвикувачите на акни, предизвикувачи се на разни иритации на кожата и други несакани појави, како последица на пореметена pH вредност.

    Некои од нив се:
    • sodium laurel sulfate
    • sodium laureth sulfate
    • sodium lauryl sulfate
    Иако листата на агресивни сурфактанти е значително подолга, овие се едни од почестите.

    5. Потоа исто така формалдехидите се многу штетни, разни видови на микропластика, синтетички емулгатори, алуминиум (особено во антиперспирантите е канцероген), триклосан (најчесто во пастите) и други.

    Сметам дека во време на забрзано темпо на живот, каде постепено се јавува свеста за здрави навики (спорт, здрава исхрана и сл.), некако подзаостанува свеста за здрави алтернативи на препаратите за нега. Како најголем орган, на кожата буквално се шлапа се и сешто, што ќе се начека на попуст или на 1+1 акција на привлечните полици по маркетите и дрогериите, без нималку да се подзамислиме, дали тоа што го користиме воопшто е здраво. Некако по дифолт сме програмирани да ги користиме ефтините понуди на дистрибутерите и неретко наседнуваме на нивните приказни и маркетиншки трикови, за жал на сметка на нашето здравје.

    Што се однесува до тоа кои креми се најдобар избор, конкретно која крема доста зависи од тоа каков тип на кожа (или проблематика) имаш, јас општо доколку би ти препорачала, би те советувала тоа најпрво да биде сертифицирана природна или органска. Инаку може и @Biodevojka да се вклучи и да ти препорача нешто од стручен аспект. :)
     
    На majamm и xxx-ba им се допаѓа ова.