Најмногу користам eye-contact. Aма не ѕверење - туку мистично ќе го погледнам неколку пати во рок од 1 сат на пр. (не наеднаш се) , а потоа оставамна него, дали ќе ме барат со поглед, или онака случајно ќе се разминеме Да не заборавам - насмевкааа
хмм, па со поглед, многупати ми рекле дека имам заводлив поглед и дека е тоа она што ги привлекло, но исто така ми рекле и дека имам убиствен поглед, за кого како , да сум некоја лепотица, не сум, ама убавка сум. Можеби ги заведувам со нежност, искреност, отвореност, шарм..незнам, секој човек е различен, некој сум го завела со очи, друг со нешто друго..не е до мене.
Eye contact e mec so dve ostrici,kolku se imaat taka izgoreni,ima devojki namerno te gledaat za da te isprovociraat,za na kraj koga ke i se doblizi da bide ladna i nezainteresirana.
Хахахахаха Неколку пати у 1 саат. Бреј. А да пробаш неколку пати у месец? Ама никако на подолго од 1.5 секунда! Хахаха. Според мене ваквото размислување е главната причина што толку ретко успеваат такви запознавања... Премногу девојки немаат храброст да земат ризик и убаво да погледнат. ================= Да одговорам темава. Ја имам извежбано еден је*ачки поглед што одма ги топи повеќето девојки. Буквално ќе ја здогледам со еден ласерски "хммм, шо е ова " поглед... и после ми се лепат, се потчукнуваат (случајно нормално) ме зјапаат цела вечер, а понекад и први ќе дојдат да направат муабет.
Суперишка, добра поента, али имам малце различно гледање за ова. Сум го видел ова кај доста мужи и мислам дека е недоразбирање. Рецимо типката го гледа, го гледа, го гледа... зашто е заинтересирана стварно и вистински. Сеа типов иде, ќе улета, и типкава се исплашува. Баш зашто нешто сака, исплашена е, збунета и не знае како да реагира. Многу често такво "ладно, незаинтересирано понашање" ти е уствари девојката е нервозна и срамежлива... Не дека намерно сакала да си "крене акции" и да го лаже.
Ете си се пронајдов Несигурна сум пред директни мужи.. мене повеќе би ми одговарало да има eye-contact неколку пати по ред за да си иам време да си ги средам мислите и идните реакции...
Пред некој ден у 69 упознавме вака срамежлива девојка. Се врткаше, гледаше едно 10 пати, викаме ајде ќе се упознаеме. Идеме, здраво, како сте, ово оно... Али девојкава срамежлива, срамежлива, само се смешка и клима глава, ама не знае што да каже. Се откажа на крај другаров, као сам со себе муабет да правиш. Што би направила ти во оваа ситуација? Мислам, како би сакал некој да те опушти?
мммм ја обожавам темава....јас искрено сум многу срамежливо девојче[али сепак не ми смета јас прва да дадам знаци на заинтерисираност]....али сепак обожавам заведување онаа мистерична стана на некоја личност што не ја познаваш прв пат ја здогледуваш... Нокен клуб музика осветлување и акција...Обично така играјки со другарките секогаш како и сите девојчиња погледнам кој има околу мене од машки пол и дали нешто би ми "упаднало во око" доколку е ептен близу до мене ...прво поглед па доколку е возвратен погледот ..причекам да видам дали вториот поглед ке го упати тој кон мене така ке видам дали е заинтерисиран ...и потоа следува она во кое уживам.. Доколку сме еден до друг во близина (грб со грб) ги вадам надобрите движења од џеб и заводливо си играм давајки му до знаење дека сум располозжена за комуникација....Обично секое машко кое е заинтересирано возвратува со играњето...или се доближе па следи играње грб со грб (демек несакајки се буткаме) а потоа следи запознавање ...тој приога нормално....сепак јас го правив првиот чекор со погледите и играњето не би сакала и јас да му пријдам да се запознаееме...и така ....едоставно уживам додека сум single
Па сега зависи за кого се работи .. ако гледам дека некој е опуштен и јас се опуштам арно ама ако гледам дека некој е срамежлив - јас се топам како маргарин во микробранова на max high : Го гледам типов опуштен е , сака слободни девојки , почнувам да флертувам со него . Прво ќе го погледнам неколку пати а потоа ќе бидам погласна во зборувањето ако има околу мене некоја другарка . Се смееме гласно ( не хистерично ) . Ако е хистерично ќе си помисли,, кои се овие фрикови ,, а таков впечаток несакаме да оставиме нели .
Многумина ми имаат кажано дека имам заводлив поглед па затоа во повеќето случаеви кога некој ми се допаѓа, ќе го погледнам неколку пати а ако ни се сретнат погледите може и по некоја срамежлива насмевка Еднаш се сеќавам, целата вечер го гледав типот значи, а тој никако да се заврти Се изнервирав накрај, и поминав покрај него и као демек, случајно се турнав во гужвата и му истурив малку од пијачката Ептен беше фин, не се налути После се запознавме, муабет муабет, шта да ти причам
Заводлив поглед комбинирано со некоја срамежлива насмевка, нежен допир по врат... мислам дека е доволно за да ја разбуди фантазијата кај дечкото
Не сум нешто многу умешна во ова ама се трудам! Но,секогаш гледам да си останам прородна и тоа што сум јас..еден поглед,широка насмевка и мала игра со усните или косата дефинитивно пали!
Контактот со поглед е незаменлив... Досега ми се покажал како најуспешна тактика за заведување. Навистина моќно оружје. Допирите се исто така многу важни, но треба да се внимава сето тоа да не е многу нападно.
Крејзиинлав кажи ми што е тука незаменливо во контактот со поглед, што правиш за да го заведеш на пример, длабок поглед(гледање диреткно во очи) ајде откриј ни ја тактиката. И дали е пресудно да се знаете лично за да упали погледот, ја на пример не ги заведува со поглед, т.е со ништо не ги завеудва, делува незаинтересирано и само ги посматра, мисла еден ќе се искршеше, ќе се испоубиеше само да испаднет поинтересен, за жал, мене ме привлекува нешто сосема спротивно, не мора да направи којзнае што за да ме заведе, впрочем погледот не ми е толку битен и не ми игра никаква улога се додека не су во личен контакт со некој, многу ми е важно при запознавањето за време на првиот впечаток(нели она што прво си го помислуваме за некој ко ќе се запознаеме) настрана тоа што сме го мислеле пред да го запознаеме како ќе се однесува и од таа ситуација може некогаш да се оцени дали намерава да има нешто повеќе со тебе или не, ама зависи, некои машки се потаинствени и не даваат до знаење од прва дека им се свиѓаш или сакаат нешто повеќе, за разлика од некои што уште на првото запознавање те заведуваат.
Секој заведува различно. Јас лично со насмевка Мислам дека насмевката е еден од клучните моменти и правиот пат до нечие срце.. Го сакам допирот, оној нежниот полн со емоции и страст.. Нема машко на кој не паѓа..