Не мора ништо да правам, доволно е што сум згодна и убава Ретко кога јас сум заведувала онака директно-не е мој стил...суптилно, ептен неприметно, ама тој што треба ќе сфати, ако не сфати тогаш не бил тој што треба... Ги оставаВ да мислат дека тие се ловците а јас пленот...мала игричка во нивна корист, нека биде 1:0 за нив ко за почеток, немам гајле кога го знам крајниот резултат
Точно тоа сакав да го кажам Велат ,имало нешто необично во мене на кое не можеле да одолеат.Нешто внатрешно ,да го оставиме физичкиот изглед настрана Што е тоа ,јас и до ден денес се чудам ,шарм да е - па секој втор е шармантен... Што и да е ,секогаш пали ,за моја среќа ...Плус дискретно
Мистичен поглед со подзатворени очи, но не директен поглед, туку од страна. Уште помистична насмевка. Следно на список е елегантно чекорење (ако сум на штикли - уште подобро). Несвесно, но секогаш кога одам го љуљам задново месо како нежен бран... А па уште ако сред чекорење застанам и фрлам од тој погледот преку рамо?! Ех, готов е
Прилично со поглед, или со многу слатка но срамежлива насмевка во исто време.. Ако по тоа одлучи да ми се обрати, го гледам помалце срамежливо и насмеано (но не да го уплашам) и исто така не го тргам погледот од неговите очи
Му се соблекувам гола, или трбушен плес евентуално. Каков ај контакт бе луѓе божји, самата природа си го прави своето, исто како што честиците во воздухот што се привлекуваат и се одбиваат, така и живите битија, ако на некој си му привлечен само диши ако сакаш тој ќе биде заведен. Не користам никакви техники на заведување, туку техники на забележување, значи ако наумам да 'заведам' машко, ќе гледам да сум што почесто во негово присуство но тоа не значи дека ќе бидам со стоунед халф смајл или ќе се виткам во агол од 90 степени пред него. Нема поубава техника на заведување од спонтаноста.
Па ако некое машко ми се допаѓа ќе му акнам неколку погледи и ако ни се сретнат погледите може да му се насмевнам онака срамежливо...а ако не ме приметува,не го фермам !
sexy smile еден убав поглед (се е во очите) и местење на косата или слично доволно време: 5 секунди верувајте работи
До сега не сум заведувала со некои специфични методи , едноставно мислам дека е убав и почнувам муабет или флертувам со зборови . Додека сум на темава , пред некое време бев на забава од економски факултет. Имаше еден дечко абре лиги да ти потечат. Ама ја зафатена , забрането овошје за мене И ме гледа , го гледам , и ДЕМЕК сакаше да помине позади мене и почна мала конверзација како , извини да поминам ... И со рацете кај мене на грб , а јас ваква И како поминува со рацете надоле накај половината почна да оди се додека не помина и ги тргна рацете . Ми одеше да му скокнам со мерак во средината на кафичот... :geek: Застана до мене затоа што се знаеше со моите друагрки , и почна за капутот да ми зборува , бидејќи го ставив на мене се припремав да одам . Доста чуден и храбар потег направи со рацете , затоа што таквите јадат шама р од мене , ама на овој неможев да му мавнам , срце не ми даде Не само што ме заведе на чуден начин , туку и остана само на тоа .
Si prakjame i dvajcata nekoi znaci, ama navistina neznam sto znachi toa.. Drugarka mi sakashe da mi go mesti i oks se toa go prasa i on i rekol deka sum bila mala.. Samo 2 god sme razlika..pomagajte mnogu go sakam kako da go osvojam? !
Kikoholicarke мислам дека најмногу помагаат погледи и насмевки ама прво треба да видиш дали има интерес и од негова страна. Е сега под насмевки не значи да се смееш ко нездрава на секој негов збор. Види нешто направи, ако имате заеднички пријатели или уште подобро ако сте во исто друштво искористи ја шансата да му дадеш некое слатко сигналче кое нема да биде нападно.
Јас сум дупка за овие работи, мене сите потенцијални љубавници ми се другари, ги мавам братски по рамо и си играм нитендо со нив. У мачку питерина, зошто не ме бива за заведување?
Самата моја појава го заведува спротивниот пол па затоа и не морам да се мачам и да смислувам стратегии и магии за заведување, едноставно чекам да ме заведе мене оној кој веќе сум го завела
На машките не им треба којзнае какви марифети за да ги заведиш.. доволно е да му фрлиш остар, мистериозен поглед и она кое најпоќе ги пали... проверено
Епа зависи кого, дали "потенцијален дечко" или пак "случаен минувач". Не, најозбилно. Ако станува збор за некој што го познавам, тогаш го заведувам на различни начини. Ако сме во кафич, тогаш играм заводливо пред него, со него. Ако има бавна музика уште подобро, играм со него, доближени, тело до тело. Па ќе го погледнам в очи и ќе му упатам мала, слатка, невина насмевка. А потоа ќе свртам некои dirty теми, шепотење на уво (не е толку важно што му зборувам, туку како ), малку контакт со тело и очи и мој е. А ако станува збор за некој што не го познавам тогаш го гледам директно в очи, го задржувам погледот 5-6 сек и го тргам настрана, па потоа пак и му упатувам насмевка. Или пак ако сум во филм влезена, додека одам на штикли, забрзана, му упатувам поглед и ја тргам косата и се вртам. Ама најчесто не пали ова последново, додуша финтава не ми е да пали, туку да му се допаднам и да знае дека нема да може да ме има. Хахахаха.. Глупости на квадрат. И тоа е тоа.
Досега никогаш не сум заведувала со намера, мислам онака да пикирам некој и да му давам намерно правени сигнали. Може дека по природа повеќе сакам машкото прв да ми пријде и јас после да бирам. Може и дека не сум имала голема потреба за тоа . Скоро секогаш кога некој мене ќе ми се допаднел тој некој самиот ме заприметувал и првиот го превземал чекорот. После доколку увидам дека и со неговиот муабетот ми е симпатичен е дури тогаш почнувам да го фасцинирам и јас. Тоа го правам со мојот шарм пред се. А најголема улога има мојата насмевка која без разлика дали зборувам со машко или женско секогаш е на моето лице. По природа сум личност која смета дека кога се комуницира со друга личност културно е да се има на лицето така блага насмевка. ... Се трудам да бидам своја и ненападна личност. Неколку работи иако знам дека полесно ќе ме однесат до срцето на дечкото (како крекање на неговиот хумор, претерана љубезност, лигаво секси зборување и божемски случајни допири), неможам да ги правам. Некако премногу ми се вештачки, а и повеќе сум среќна кога некој ќе се вљуби во мене поради мојот вистински карактер и мојата појава. Тоа е, кога заведувам се препуштам на мојот шарм и интелект . Искрено ми фали тоа прво заведување. Во долга врска сум и кога ќе ми текне како ми беше кога се запознававме со партнерот си љубоморам самата на себе за тоа време. Спојлер За првпат се видовме во дискотека и двајцата танцувавме и тоа беше моментот на заведувањето. Сега кога ми кажува што му било најслатко ме потсеќа што сум му зборувала. Иилјада глупости (имав пиено две чаши узо), па во некој момент дури сум го прашала што националност е, да се осигурам да не сме некои роднини (забегана). Па кога ми го побарал бројот сум му кажала дека имам два броја од кои едниот го користам за време на работната недела, а другиот за викенд. Луда, ама навистина беше така, не измислував. Па уште му ги дадов и двата и тој ми ѕвони и двата недостапни и сирот го гледам се препотува, па ми се насмевна најслатко и ајде му го дадов третиот. ама навистина тогаш имав повеќе броја и јас си се испобркав тогаш кој ми е уклучен....... Тоа се спомени кои ме прават да полетам.