Видов дека нема ваква тема, па решив да ја отворам Ве молам Феминки кажете ми какви завеси имате по дома и од кај си ги купивте..сега сум во таа фаза од средување на домот...
Нешто што најмалце ми се допаѓа во домот се завеси. Ги умрев моите дома дедека не ги извадивме и си ставивме венецијанер. Како прво беа како ќебиња, на мајка ми душата и излегуваше додека да ги испегла после перење и откако ги извадивме, визуелно добивме поголем простор. Со нив ептен ми беше затворено, а сега венецијанерот си го вртам како сакам, плус многу лесно се чистат.
И завесите и венецијанерите си имаат свои предности и недостатоци. Зависи како ти е уредено по дома и дали имаш ПВЦ прозори. Ако имаш ПВЦ прозори воопшто не се мисли стави венецијанери, бар сега има милион дезени а сега и овие најнови што се во комбинација со платно се фантастични и лесно се одржуваат. Мене сепак собата ми нема топлина ако нема завеса, штознам дали така ми е навикнато окото или ние сеуште го немаме оној перфектен модернистички стил. Гледај да не се пеглаат, тоа е најбитна работа, затоа што сакаат често перење бидејќи собираат прашина, полен еден куп и миризба а додатно ако ги комбинираш со драпери. Не се залетувај по звучни имиња еве на пр. Талија во ГТЦ истите можеш да ги најдеш и во др. помали продавнички, бар сега ги има на секој чекор. Еве ти линкче па разгледај си http://www.sezadomot.com.mk/zavesi-draperi.htm
Јас сакам завеси, куќата повеќе ми личи на дом со завесите. Со венецијанките ми е некако стерилно, ме потсетува на канцеларија или ординација. Ама имам дома венецијанки, онаму каде што ми се попрактични. А во другите соби само завеси од лесни и лелеави материјали, лесни за одржување. Ги перам често во машина со посебна програма за завеси и уште мокри ги закачувам. Нема потреба од пеглање. Во Охрид си ги најдов најубавите завеси... овде во Скопје ништо не ми се погоди.
Хахаха колку и се чудеа на мајка ми кога кажуваше дека не ги пегла и уште па дека ги закачува мокри ... многу сакам кога ке ги закачи така, цел стан мириса убаво баш дека уште се мокри
И јас повеќе сакам завеси, од венецијанки, поубаво ми е некако...само ми е страв мерките да не ги утнам при нарачка на завесите
Нема што да утнуваш при нарачката, обично се оди на дупла должина од корнизите. Ако ти е корнизот 2 м, завесата ќе ти биде барем 4 м. А за должина е индивидуално, кој како сака. Јас не сакам до земја да ми се, туку кратки, некаде во висина на горниот раб на радијаторите. Ама кај мене и таваните се околу 3 м високи, што не е случај секаде LaBella, нема потреба од пеглање, не се гужваат при перењето... а дека мириса, навистина мириса не само додека се мокри, и после тоа
На вратата за тераса имам ставено венецијанер кој очајно сакам да го заменам со завеси, оние како конци што висат. Вакви Во Џамбо имаше црни со сребрено, меѓутоа премногу оштетени и не ги купив. Каде да најдам такви на друго место?
кај мене дома се вакви пред еден месец ги менувавме преубаво стојат посебно црната завеса,големите и тешки завеси воопшто не ми се допагаат ја голтаат цела светлина и премногу прашини собират само
Совршени за во детска соба, шарено, свежо, разиграно, весело Овие би ги ставила во спална( и моментално сум во потрага по некои убави, непрозирни завеси, на лила и кремасто за во спална)
како првите имам земено од бит пазар едно 300 денари, црвени и бели , а бидејќи прозорецот ми е мал имам завеса за 900 денари , две црвени од страна и едно бело во средина.а и во Џамбото има крем боја 299 денари беа последно кога ги гледав, но многу беа прозирни и потенки.
Да ги гледав и јас во Џамбо, но тенки ми се. Сакам во спална како вторите ,материјалот со цветови што е или нешто слично