Имам проблем со ширината на завесата никако точно да ја погодам пак сум земала помала. Прозорот ми е широк 2,40 колку метри завеса е таман?
Еве ги во дневна. Многу ми се свиѓа материјалот, и дека ми се на шини а не на корниза, ги скратив точно до земја да се, и сред ден можам ноќ да направам. И завесите ми се од Џамбо, ама тие врска немаат, само не дошле на ред са ги сменам.
На самото картонче пишува блекаут, да пазиш дека има обични вака со дебел материјал ама пак пропуштаат светло.
Се зависи колку е долг корнизот и колку набор сакаш да има завесата.Завеса оди дупло од корниз,прозор 4,80м или 5метрс би било доволно.
Женски, гледам активни сте на тема завеси. Јас сега си барам завеси. Сакам едноставни бели и што попровидни да бидат. Ама се замислив сега дали треба да бидат долги завесите, да не имам проблем со топлина од радијсторите во станот?
Ако имаш драпери и врата долги,ако не можеш малку над радијатор да ги направиш,да го покриваат прозорецот.
Ова од памет зборам, ама ако имаш бели завеси што одат преку радијатор, со тек на време нели би пожолтеле од топло? Јас би ставила кратки ако мора да одат баш кај радијаторот.
Еее ова сакав да прочитам Абе може и тоа така да е, ама нели грдички се малку така кратки завеси, како во вода мерени така ги замислувам.
Од радијатор? Јас ги имам, ништо не им е, не е некоја незнам каква топлина, како пегла на пример. Проблемот со завеси и радијатор е што ако се тешки као драпери, го блокираат топлото зад нив, ама со лесни завеси ништо специјално не се случува.
Јас имам над радијатор веќе 12 год и немаат ни нијанса сменето не па пожолтено. А исто така радијаторот освен со завеса ,,затворен,, ми е и со гарнитура ама осеќам дека нешто посебно ми се губи топлината
Скапи се, ама материјалот со другите се голема разлика, преубави се и ми делуваат многу квалитетни, јас имам од пред 2 години и не ги ги менувала талија за други продавници за завеси
штипки за завеси ми требаат, ама не само тие обичните туку на нив се ставаат плус едни како обетки доаѓаат (не знам да ги објаснам). ми ги понудија во Талија, ама многу скапи - по 22 ден една таква. дали можеби знаете кај би ги имло?