Ние немаме класични завеси, никогаш не сум ги сакала. Ставивме од оние платнените во вид на ролетни што се спуштаат и презадовони сме. Даваат многу модерен изглед на просторијата.
Некој ако случајно скоро бил на ШУТКА да не има инфо по која цена се движат дебелите завеси???? **оние од првиот ред едно под друго ...не ме интересира боја самод асе дебели пошто нема ролетни во станоФ
Завесите кај мене, во секоја соба се сличен модел но различни бои. Во детска се нежно зелени, во спална нежно плави, во дневна и во кујна бели
Поради венецијанките немаме завеси веќе 2 години, инаку порано во дневна имавме кратки кремави, во детска прво со срценца и кловнови, па со барбики, а во спална прво бели па плави, а сега златести некоја темна крем боја венецијанки во дневна, сиви во спална и розеви во детска.
Имам долги завеси на врата од која се излегува надвор(ниска тараса нешо така иде) и се бледо виолетови или ова виолетова .
Вариолаит завеси Девојки, дали некоа од вас има дома вариолат завеси? Дали сте задоволни од нив? Лесни ли се за одржување? Јас цел стан го средував и решив да ги извадам пердињата да наместам вариолаит, но незнам како треба да се одржуваат? Пред некоа ден кога бев во Гинекомедика видов дека имаа наместено прекрасни ваиолаит, цело како со циркони, бисери, и беа бели, со мали црни бисерчиња. Е сега и јас сакам такви ама незнам кај да најдам, ако знаете и да ми кажете каде во Скопје има убави вариолаит завеси. Однапред благодарам Спојлер ако има ваква тема се извинувам многу, не ја најдов
Уфф, колку сум нервозна. Мајка ми се прелажала со некоја пријателка гледале и нарачала едни завеси кога ги донесе никакви, проѕирни, старински, не знам кај гледала колку сум нервозна немате поим. А скапи и тоа доста скапи. За ништо не ги бива, а она е упорна ти не знаеш овие се најубави, модерни. Не, не се ни модерни, ни убави. Не ми се по вкус. И тоа за во дневна. Сеа не знам што да правам, ми иде како што се да ги фрлам директно во отпад. Чаре некое да им најдам? Ќе пукнам од нервоза, за џабе парите фрлени, ем јас нервозна од дното на душата. Човек ќе истепам. Па се мислев што би можело да се направи со овие завесиве?? Некоја идеја?
Воопшто не ми се допаѓа оваа нова мода без завеси, теписи по дома... некако многу се голи просториите, студени, ја нема топлината што треба да зрачи во секој дом, незнам што да кажам секој си има свој вкус но сметам дека тоа е од што луѓево не чистат по дома, вака ке си имаат помалку за перење, пеглање...
Некоја си кремаста боја со кафеаво ни се завесите,зашто се кремасти ѕидовите,кафеава маса и кремаст кревет кој е покриен со кафеава кремаста и портокалова покривка,тепихот исто ни е кафеав со некои си коцки и кругчиња кремасти...Додека мајка ми не направи се да е во тон не е жива
Девојки дали имате искуство со роло завесите?..Да ми кажете колку сте задоволни, дали се лесно за одржување?..Како им се движат цените? Спојлер На оваа страна http://www.rollodesign.com.mk/panelni_japonski_zavesi/ разгледов некои модели па иако на слика делуваат интересно сепак сакав да слушнам и некое исксутво од вас Фала од напред
Нјадобро ти е да си ставиш венецијанки. Убаво е да имаш завеси,ама тешки се за одржување.Уште ако ти се бели...тоа значи перење на секои 2-3 недели.Најдобар избор ти се венецијанки,ги врткаш како сакаш.Јас имам венесијанки и супер ми е.
Јас мислам дека завесите се 100 пати подобри од венецијанките, од една прицина сто ми изгледаат поубаво , а друго сто се подобри за одрзувања( според мене). Јас имав венецијанки и ги заменив. Сепак тоа е ст вар на допагање.
Мноогу сакам завеси.Моите ми дозволуваат за во моја соба да ставам,аманезнам од каде да купам и какви.Сакам не обични туку во боја,украсени,а сепак едноставни.Некои предлози?
Ние имаме и венецијанери и прозори. Од пластичните (валјда) венецијанери. Меѓутоа има доста прозори-врати во дневна и без завеса мн ладно и неубаво делува. Проѕирни бели завеси, мене ми се допаѓаат. Во соба имам преубава црвена завеса, мислам нема никој како мојата пред да ја закачам, си се замоткав во неа како на бал да идам Мајка ми знае да ги погоди таквите работи. Башка сега има завеси од убави материјали, пери-носи овај, закачи така да едноставни се и за одржување. Со различна димензија, па не зафаќаат цели ѕидови туку конкретно делот до прозорот.