моментално во станов имаме црни бели и не ги менувам иако не ми се допајгат бидејки сакам да си имам лично мој стан и тогаш ке средам по мој вкус
Дали некој има искуство со завеси кои се влечат по земја, го допираат подот со некои 10-15 цм. Ми делуваат многу богато, ама се плашам дека многу ќе се валкаат...Плус сакам да се бели
Можеби убаво изгледа, но завесите, какви и да се се лепак за прашина, брзо се прљаат, лошо мирисат и се една обвска плус. Затоа моето мото е- убави пвц прозори без завеса. Ем полесно за одржување ем посветло ем без мирис на прашина.
Здраво девојки ...Станот ми е комплет љиљаково со крем.....Е сега сакам да си купам завеси....Планирам крем проѕирна завеса и темно љиљакови драпери....Дали некоја од вас може да ми даде подобра идеја....И уште нешто имам прозор и врата заедно па сега незнам за таа крем завесата која должина да биде...Страв ми е да не ми испадне премногу монотон станот и теписи сакам да земам темно љиљакови....
Е се очекував ама дека ќе има тема баш за завеси, не! Ама сепак браво, баш се мислев каде да прашам. Ставивме дома парно и ги извадив завесите бидејќи пречеа, е сега сакам да ги скусам до парапетот на прозорот односно над парното ама во дневна имам еден фиксен прозор со балконска врата, е тука не знам како да постапам. Мислам дека ќе е смешно кај прозорецот кратка завеса а кај вратата долга, или цела кратка да ја направам ама кај вратата да не дојде како поткусена, не знам не ме бива за декорации @cungalunga Вакви завеси ми делуваат како да се од некаде земени па несреќно закачени тука, не ми замерувај ама мене не ми се допаѓа. А и сета прашина од подот ќе ја собираат, е сега ако си спремна еднаш неделно да ги переш тогаш напрај си кеиф.
Ќе ти кажам мое непрофесионално мислење, пошто далеку сум од архитект Ми се допаѓа комбинацијава што си ја направила ама сепак јас би додала и трета па дури и четврта боја, затоа што некако ќе биде монотон просторот само во две. Имаш една варијанта боите што ќе ги уклопиш да бидат посмирени затоа што и онака виолетовата е доволно доминантна па можеш да играш на посигурна варијанта. Од друга страна имаш и некои посмели варијанти со воведување и на втора повпечатлива боја под услов совршено да се совпаѓа со виолетовата по тоналитет. Има различни начини како сето ова да го изведеш, можеш да ставиш или завеса во повеќе бои, или тепихот да ти ја разигра собата, исто и можеш да ставиш разни перничиња на гарнитурата, барем тие најлесно се менуваат ако евентуално ти здосади после некое време. Обрни и внимание на разните ситни украсчиња затоа што и тие многу често му даваат свежина на просторот. Како и да е само немој да ја направиш премногу темна собата и на крај да добиеш резултат како да се смалила. Најголем дел од времето мислам дека поминуваме во дневна па треба да биде пријатна за седење и да носи позитивна енергија и чувство на топлина. Или имаш опција ако не сакаш да имаш повеќе од две бои тогаш да додадеш впечатливи темнозелени растенија што ќе ти разбиваат монотонија и ќе го разубавуваат просторот во исто време. Еве некои слики за идеја што успеав да најдам. Знам дека малку забегав од темата, ама ова е само за да видиш како би функционирале различни комбинации на бои.
dekorativno deluvaat ama ne sum za zavesi, mislam deka mi ja odzemaat svetlinata i go zatvoraat prostorot
Мене куќа без никакви завеси ми е некомплетна, ладна и празна. Ете, за во кујна лани летото си смислив една интересна варијанта, затоа што не сакав долги завеси како претходно, ама па не сакав и без завеси да останам. За да не објаснувам на долго и на широко, еве како излезе таа работа. Бидејќи ми се покажа како многу симпатична и практична варијанта, истото го направив и во спалната соба. Инаку, материјалов за завеси живо џабе го купив од Битпазар, го сошивме дома со мајка ми, корнизичките од Mr. Bricolage и ми испадна далеку поефтино отколку со класични завеси. Во спалната ми фалат само драпери, затоа што ролетните не функционираат.
@kikin Цената на завесите во "Талија" е од 400 ден.за метар па нагоре. Има голем избор и за таа сума вредат.
Јас веќе година дена бев во дилема дали да ставам завеси или не ама се решив и купив материјал за завеси, некако завесите му даваат топлина на домот. Е сега сакам сакам да ставам плафонски корнизи и сакам да ги правам завесите на фалти, дали имате искуство со завеси на фалти или видео за начинот на шиење?
Во Талија во ГТЦ има навистина убави завеси ама цените им се солени, од 2000-6000 ден. од метар. Продавачката ми кажа дека имале дуќан и во Мавровка и таму 500 ден. од метар била најскапата завеса. Планирам деновиве да одам да видам што има.
Ги видов во МАвровка, ама не се ни слични како во ГТЦ...обични се во мавровка затоа се толку. Јас си купив од женски пазар и топ ми се погодија, а дознав дека на талија завесите имало во пп некоја продавница и дупло поефтини биле
@kikin Се сложувам со твоето мислење. Голем е изборот на завеси на женски пазар. Цените се пристапни, а можноста да се вклопат во ентериерот е голема според моите потреби (избор на неутрални бои) . И јас од таму купив пред извесно време. За квалитет се уште е рано да коментирам, ама кога се работи за завеси нужна е потребата старите да се заменат со нови и не би вложувала поголема сума за нешто што е доволно за да му даде комплетност на домот. Сакам едноставни по дизајн и практични за одржување и се надевам дека овие што ги имам ќе ги исполнат моите очекувања.
на женски пазар ќе ти ги скратат и порабат колкави сакаш ти...Мислам дека така функционира и на секое друго место
Дали знаете каде можам да најдам тавански корнизи? Не знам дали тоа е точниот назив Знаете оние како шинички за на таван, да му даде дополнителна висина на просторот
@ModernMuse Такви корнизи имам забележано на Бит пазар. Изложени се на главниот влез на женскиот пазар