Здраво.... Дали можеби некој има видено ваков модел на драпер некаде? Или ако не, кажете ми некој поголем поопремен салон за завеси да разгледам
Имам дома венецијанерки. Ќе ставам надворешни ролетни , па сум во мисла што да ставам друго освен завеси (несакам) . Дали ќе личи само некои мини драпери или пак зебра/роло завеси? Да не е пренатрупано ?
Естетски гледано, подобра варијанта се роло завеси. Не изгледа натрупано, но внимавај на изборот на боја. Визуелно, да не се изгуби природната светлина доколку ја нема доволно.
Мене лично ми се најпрактични и естетски најубави зебра (мини зебра). И јас не сакав завеси и ставив мини зебра. Имаш разни бои и дезени. Тие со дезен мене ми се too much, но е прашање на вкус. За одржување се супер
Зебра завеси за мене лично се скапа инвестиција кога веќе имаш ролетни. Во куќата имаме на две места веќе 6 години, на прозорец. и врата каде нема ролетни- не беа мој избор, ама искрено не би ставила кога веќе имаш ролетни. Даваат канцелариски крут изглед на просторот, не се практични да ги фрлиш во перална како завеса. А си собираат прашина квалитетно. Е сега не знам што мислиш под драпери ама пријателка има мали кратки завеси од крут материјал колку големината на прозорецот што баш ми се допадна како искочија.
Јас имам и мислам дека се далеку попрактични од хоризонталните. Се вртат лево и десно колку сакаш и можеш од една страна да ги отвораш колку сакаш
Како се одржуваат? Може да се перат во машина? Така ми спомнаа во една продавница, ама малку скептична сум.
Јас досега во машина не сум ги ставала. Страв ме е. Јас ги вадам една по една и во топла вода со детергент ги ставам ги перам како блуза само не ги туткам ставам извадам два трипати и после исто уште еднаш во чиста вода и толку и веднаш ги закачам една по една и се така. Незнам колку убаво ти објаснив незнам дали ке ме сватиш
Разбрав. Ти благодарам многу. Во една продавница ми рекоа дека се перат во машина на 30°,ама некако 'солени се' за да би експериментирала.
Можеш зебра/роло, а можеш и само механизми горе/доле и набрчкана завеса на стаклото (не знам име на ова). Јас тоа имам, механизмите ги имаш во Бриколаж, со подесувања се и лесно се местат, имаш два вида поевтини и поскапи, од двата вида имам, иста функција. Завеси по мерка од каде сакаш. Можеш секако и драпери. Инаку тие кои имате драпери, колку сантими ви се влечат по под?
Вака изгледа. Поевтин/поскап механизам. Првите се 200ден два во комплет, вторите 250ден еден. Мислам и црни имаш. Од поевтините и сребрени.
Ммм баш ми се допадна Фала на идејата, искрено не сум видела некаде вакво нешто едит: значи на механизмот си земаш какви сакаш завеси и си ги местиш и излегуваат вака?