Не е ништо ново, 10год ги имам јас. Какви сакаш и се што ти се допаѓа можеш да ставиш, ќе внимаваш само ако бираш шари, пошто кога ќе се набрчка на што би личело. И ги шиеш со отвор горе/доле за да протнеш шипките. Ширина 2.5-3пати поголема од прозорот (зависи колку е дебела/крута завесата) , поубаво изгледа со повеќе набор. Мајка ми и како карнерче од 2см горе/доле има направено, па делот за протнување иде, лично не ме бендисува баш, ама вкус. Како идеја спомнувам.
Zavesi se stvatno ubav detalj vo domot, dava toplina i ubava energija na mestoto. Moite se od mebel stof napraveni i se so isto lice od dvete strani, sama si gi napraviv i sum zadovolna, no koga gi peram mi se guzvaat ama ako gi stavam malku mokri na kornizite se ispravuvaat, zasto iskreno me mrzi da gi peglam. Kornizite isto na majstor od kovano zelezo gi poracav i se prekrasni. Sega ke im dodadam od stranite uste eden tip na zavesi i ke mi bide kompletna zamislata. Imam i venecijaneri ama jas poveke preferiram zavesi. Poveke rabota e ama slikata od domot e besceneta.
Ве молам за препорака од каде да купам завеси за дома. Вчера бевме со маж ми на Битпазар во две продавници, имаше доста избор ама за таа цена материјалот не ми се свиѓаше па и моделите не беа нешто посебно...
Сладок дом/купи завеси на крајот од пластичарска кај семафорите се наоѓа во куќите. Имате многу избор малку поскапи од пазар.. И јас барам исто завеси на битпазар женски пазар го затвориле градат нешто.
Дали има некоја искуство со порачка онлајн на завеси? Гледам има доста фб страни. А и со ситуацијава не сум мн за по дуќани.
Дали некоја можи да ми објасни како се вадат ден и ноќ завесите, ми прсна масло и што би можела да исчистам?
Јас пред некој месец порачав од Fantasy home.Имаат убави модели по ниски цени.Задоволна сум од нив, брзо се договоривме и во рок од неколку дена преку нивно карго ми ја донесоа нарачката.
Јас дома (стан/куќа) со сопругот имаме сменето десетина завеси во сите 8 соби(два спрата) за 4години. Јас сакам завеси убав детал се во домот.Ги перам во машина на 40степени без центрифуга.Ги сушам во надворешна средина (надвор)на сушалка и потоа ги пеглам имаат бело жолтеникава боја. И најважно не ми се напорни за вадење перење, сушење пеглање и повторно ставање.
Од каде купувате завеси по нормални цени. Кај нас има само една продавница па затоа од 1500 ден. метро па нагоре се цените, а не се ништо посебно. Каде би можело онлајн да се нарача?
Женски ајде малку помош. Купив корнизи ама никако не ми се допаѓаат оние краевите за затворање. Дали од некаде можам да порачам само такви украсни? Овие се вадат. Фала Ви )
="Mia Fuentes, post: 5607657, member: 129892"]Женски ајде малку помош. Купив корнизи ама никако не ми се допаѓаат оние краевите за затворање. Дали од некаде можам да порачам само такви украсни? Овие се вадат. Фала Ви )[/QUOTE] Možeš da poračaš preku Facebook strana od Grombi zavesi-zebra zavesi.
Fuentes, post: 5607763, member: 129892"]Možeš da poračaš preku Facebook strana od Grombi zavesi-zebra zavesi.[/QUOTE] Сега ќе побарам, фала![/QUOTE] Nema problem
Пред некои 3-4 месеци видов такви низ Бит Пазар, пазарот кај што има материјали и народни носии. И барав на другарка па обрнав внимание. Многу избор немаше, 2-3 модела.
Јас имам сиви, е сега темно е ама не онака баш ‘црна темница’ во собата, дали дека се сиви по боја па тоа е причината не знам искрено, иначе многу се убави на лик