The Walking Dead - едвај чекам да излезе 4та сезона. и дефинитивно The Big Bang Theory - додека исто така нестрпливо чекам на 7ма сезона, останатите 6 одново и одново ги изглеав страшно многу пати.
Луд, збунет, нормален. Си ги гледам понекогаш и новите епизоди на интернет, ги гледам и во сабота и недела, а и на канал 5+ кога ќе фатам гледам репризи. Мислам дека 100 пати да ги гледам епизодите, пак ќе ми бидат смешни. Откачени се, сите до еден.
The Vampire Diaries Мислам - и онака немам што попаметно да правам летово и се дружам со вампириве. Само мака ми е што не можам да одлучам кој ми е поомилен симпатија, Стефче или Дејмон. Не е некоја којзнае каква приказна која ми е по вкус, ама ок е за тепање време.
Зависна сум од Наследницата од Вендавал-шпанска серија шо ја даваат на ХРТ1 Луд,збунет,нормален шо сега на Канал 5 ја даваат-ова серија да ја репризираат по 100 пати-100 пати ќе ги гледам,едноставно пресмешни ми се ликовите посебно Изет(Мустафа Надаревиќ) ЦСИ:Мајами Менталист.....и Величествениот век ехаа многу се
Friends. И овде станува збор за вистинска опсесија која трае веќе со години. Постојано си ги гледам и тоа од почеток до крај, не пропуштам ниту една епизода затоа што сите ми се интересни. И после секое гледање си наоѓам некои нови омилени сцени или ликови, па си ги премотувам и ги гледам неколку пати. Многу од нивните дијалози ги знам на памет. И како тоа да е малку ги имам изгледано и прочитано сите можни интервјуа во врска со серијата, им го знам комплетниот живот на ликовите од истата. Сите видеа со грешки или моменти позади камерите што ги има по јутјуб, ама баш се имам изгледано во врска со серијава. И еве одново ја гледам, сега за сега сум до 3 сезона, кога ќе ја завршам одмарам месец-два и повторно почнувам. Толку ми се забавни и толку многу ме релаксираат што мислам дека и под старост би ја гледала серијава.
Не се серии, туку шоуа. Јас сум зависна од Style by jury и Project runway . Спојлер Не знам што ми се допаѓа повеќе: Style by jury или водителот
Supernatural едноставно ја обожавам серијава кога ја завршив 8мата сезона се плашев дека ќе ја оставам и заборавам бидејќи ќе треба да чекам 4 месеци до наредна сезона, ама ништо од тоа само на оваа серија сум се "закачила" и не поминува ден а да не помислам на неа, поточно на еден од актерите и кога и да видам слика од актерите имам некоја глупава насмевка на лицето, мислам дека нешто не е во ред со мене