Јас сум зависна со овие сериите како Gossip girl,the vampire diaries ,ако треба 100 пати ќе ги гледам истите епизоди и на ден можам по цела сезона да изгледам abe nerd
Животинчиња - не смее да помине ден да не се заиграм со некое кутре, или да не го измесам и изгњавам мачорот дома. Пливање - најчесто летно време, не можам да сум оддалечен од вода предолго. Интернет - очите ми се во оваа мрежа, како да не дишам ако не ги разгледам омилените сајтови, ако не се слушнам со некои луѓе. Серии - посебно серии со впечатлив централен филмски лик. Најнов откриен ми Рејлен Гивенс од Justified. Фантастичен лик, многу кул и со шарм. Алан Шор од Boston Legal. Интелигенција човек. Хаус ич да не го спомнувам веќе. Музика - а во последно време и онлајн радио, посебно странски. Слушалки ставам и времето лета. Свежо овошје и зеленчук - овошна салата наутро за будење, или за ручек во голема чинија 170 грама туна, краставици, домати, марула и сок од лимон. Документарци - за економијата, светски кризи, бизнис, животни приказни, медицина, биографии, прекрасни теми има. Фитнес - свежа тема оваа, неполни три месеци. Пуст ми е денот ако не се потрошам физички. Мислев дека ова ќе биде само колку да стигнам до резултати, со инает да издржам, но ми стана начин на живеење. Квалитетен разговор - нешто што многу малку го имав, но закрепнав на оваа тема во последно време. Не знам ни самиот што подразбирам под квалитетен разговор, ама еве да го дефинирам како соговорник на иста фреквенција.
Зависна сум од многу работи: од кафе, од чипс, од музика, од другарка ми (неможам а да не зборувам со неа барем на 5 минути) од филозофирање, од разговарање со некој што има што да каже, од млечно чоколадо. Ќе пишам ако ми текне на уште нешто.
Зависна сум од кафе и цигара, денот не ми почнува без нив, зависна сум од овошје или зеленчук, од чоколадо, и да како и сите интернет и телефон
-One Direction -Чоколадо -Fashion & Beauty -Организирање:лакови (ако сум мала,имам многу),сјаеви за уста,облека и Craft supplies