Од интернет, социјални мрежи, посебно фејсбук...од телефонот, од храна што ми се допаѓа, од дечко ми..
Турско кафе ( по 3 4 на ден), цигари, серии (во моментов Orphan Black по не знам кој пат од поново ја гледам) и купување шминки
Чоколадоооооо, нешто најубавото што постоии... Милка, Нестле, Најлепше Желје од бисквити и остали видови
Зависна во последно време сум најмногу од телефон. Не одам никаде без телефон. Нон стоп нешто гледам на интернет - дури јадам, дури сум на предавања на факултет, дури сум во тоалет, пред спиење... Мразам што живеам во ваква ера. То ест, ерата е супер ама јас се понашам ко дете што не јаде без да гледа цртани на смартфонот од мама.
Зависна сум од многу работи за жал .. Од телефонот буквално никаде без телефон не одам дури ни во вц потоа зависна сум од лаптопот ,од пржени компирчиња (среќа што не се здебелувам ) и најбитното да не го заборавам зависна сум од шопинг и трошење пари без потреба, најчесто купување на шминки и облека .
Од телефонот (неможам да се замислам без него), благо, трошење пари за глупости и почнав да станувам зависна од брза храна.. И цигари и кафе но океј е без нив би можела да издржам неколку дена
Цигари, кафе, музика, серии и фантазиите во мојата глава, која веке не ги собира па се мислам да ги пренесам на лист.