Boku No Hero Academia. Сакам главниот лик да си го земам, да си го посвојам и да си го пораснам. Ме тера да сакам мајка да станам и да имам слатко дете шо трчка околу мене дур го гледам анимево. По можност со зелена коса.
Од мистерии, неразрешени злочини, исчезнувања, необјаснети ситуации, недефинираното, прикриеното, тајното, фринџ теории/хипотези...само хард-дискот си знае, што све нема на него, некој да ме суди према тоа ќе испадне дека живеам со фолија на главата и во раката стискам калаш а до мене конзерва со грашак од резервите за пост-апокалипсата Не само слушање и гледање по нет/тв него и муабети на такви теми, слушање на луѓе кои кажуваат за преданија, митови , легенди, закопани богатства, духови, самовили Исто и читање за секти , сета таа прича како мали заедници ствараат некој свој микрокосмос, особено оние деструктивните кои често завршуваат трагично. Пример пред извесно време кога читав за бекството на Хитлер во Нојшвабенланд којзнае колку ендорфрини и серотонини се имаат излачено во мозоков, се осеќав одлично цел ден, не знам дали е тоа поради тоа што знам да се радувам на ситни ствари или има простор за загриженост