ЗависЕН сум (да бидам родово коректен кон самиот себе! ) од информации, знаење, комуникација, правичност, наоѓање смисла.
Од телефон. Имам чувство дека ако не е до мене, ќе пропуштам нешто важно (познато како FOMO). Повеќе ми е за моите, да не им требам итно, да не паднале негде или сл. (Сепак се над 60 години) Од благо. Максимум што сум издржал е 3 дена и 4-тиот веќе кризирам, и како врват годините кризите се појаки
Па мислам во денешно време 99,9 проценти сите сме зависни од технологија. Зависник сум инаку од кафе, зависник сум од чоколади и слатки мали задоволства
Најмногу сум зависна од кафе и благо. И на моја голема жалост од храна, при стрес знам да се изнајадам што ми дојде при рака.
Од шопинг, облека,обувки, аксесоари, едвај се контролирам да не купам нешто па макар и едно обично стегаче за коса.