Благо, музика, форумов, мода и се околу неа, секој ден изнаоѓам нови и нови стилови, се обидувам да се пронајдам себеси во нив и да испробам некој нов стил, дури ги анализирам комбинациите на мене и на другите луѓе,додавам и одземам.. Потоа зависна сум од анализирање на својот карактер и карактерот на другите, развивам разно-разни филозофии,психологии..ух,заморно е понекогаш.
Кафе , чоколада, форумов ,мачорот (можеби не до толку зависна колку што ми е потреба), сестра ми, дневникот , чантички и наочари ,и книги
Уредување фотки. Ќе си симнам мои,од братучеди пријатели се до трето колено и назад и ќе земам цел ден ефекти да им ставам и да ги преработувам!
шминка, грицки, цигари, шопинг, љубов... работи кои мислам дека повеќе или помалку никого не оставаат рамнодушен..
Од купување ! И што треба и што не треба! Се шетаме и на пр. гледам некое убаво венче, маичка и мајка ми ме гледа и ме прашува Сакаш да ти го купам??? И јас без размислување и одговарам да и кога отидеме дома тогаш согледувам дека не ми го требало. Значи за глупости и сега зборот НЕ и големо размислување пред да одговорам се задолжителни.