1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зависност кај децата од мобилни телефони

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 27 април 2018.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Додека со години се дискутира ЗА или ПРОТИВ користење мобилен/таблет/компјутер, децата веќе ни станаа зависници од нив.

    Во трка сме со времето, како и во обезбедување на време само за себе, па давањето мобилен е најлесен начин да си обезбедиме мир.

    Децата го научија англискиот и португалскиот јазик пред македонскиот, научија да бројат на странски јазик, ги научија боите, но безосетно ги губиме бидејќи тонат во туѓ свет а не оној кој ги опкружува.

    Ствара ли користењето на мобилен телефон зависност кај децата?
    Дозволувате ли Вие да го користат?
    Ако дозволувате, на колку време му го ограничувате користењето на телефонот?
    Дали ви се случило детето да плаче кога ќе му заврши тајмингот за гледање цртани на мобилен ?
     
    На _N_Girl_, gjoker4e и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Моево на телефон гледа ретко, ако ептен ми треба лаптопот. Нема таблет и не сум и симнувала игри да игра.
    На лаптоп гледа песнички и цртани кога треба да правам нешто. Зимоска гледаше повеќе дека цело време дома, сега не гледа скоро ич, зашто е цело време надвор и не бара воопшто. Може навечер да и пуштам додека потсредувам и правам вечера.

    Ако нагло и го исклучам плаче, па и јас би се нервирала некој да дојде и штрак да ми ја исклучи серијата.]:)
    Баш читав статија дека децата тогаш се во друг свет кој е поинтересен од реалноста и кога нагло ќе им исклучиме се ко во шок и се нервираат и плачат. Советот беше да седнеме до нив, да им поставиме неколку прашања во врска со тоа што гледаат и така малку ќе ги вратиме во реалноста Потоа нема да има такво плачење.
    Моево не се загледува до толку, ама во некои ситуации кога тоа било случај ова баш упалило.

    Јас лично не сум за скроз исфрлање, и јас сакам да гледам серии и филмови, сум сакала да гледам и цртани како дете и јасно ми е дека и она сака. Ама да дојде до степен да не сака да излезе надвор за да гледа е тогаш би преземала нешто. Сега за сега не сум загрижена, говорот и се развива супер, си сврзува реченици, знае и по некое зборче на англиски, што не е на одмет кога зборува македонски најпрво.
     
    На muchacha_a, M&M, Someonespecial и 12 други им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Во болница 7 дена што друго ако не тел и таблет... па му смачи. И сега сум раат. Слуша песнички ама не ги гледа. А и без нив може. Едино за спиење му пуштам на тел да гледа подводен свет и толку.
     
    На NarCis@ и referentka им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Јас имам проблем во врска со ова.Затоа и отворив тема,за да согледам што правам и што да сторам.
    Детево може со саати да гледа и тоа без да трепне.Се внесува во цртаните дури и имитира звукови и гримаси.
    Кога почнав да ограничувам,почна да плаче па понекогаш и да се удира од земја.
    Морам полека да ја одвикнувам.
     
    На cresa-jagoda и M&M им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Дур да го одвикнеш можеш да пробаш со едукативни цртани и емисии. Нека имитира, нека учи, не е до толку страшно. А еве веќе затопли и повеќе ќе сте надвор така да и тоа ќе помогне..
     
    На cresa-jagoda, NarCis@ и referentka им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.372
    Пол:
    Женски
    Пробај да воведеш рутина, на пр. една емисија од Бушава азбука и нешто по избор на детето и секогаш да биде во исто време или барем отприлика. Нагло ако пресечеш, може да биде страшно за тебе :sweat: и на крај да попуштиш (и со нерви се разбира:lol:). Комбинирај секој ден нешто едукативно плус цртан што го сака. Не знам која возраст е детето, но ако е околу 2-3год. најмалку, пред да пуштиш тв, устен договор, сега ќе гледаме бушава азбука, а после цртан. Потруди се да бидеш со неа за време на првиот дел, каде ќе се вклучиш и ти активно за да можеш да објаснуваш и да направиш да биде поинтересно. Ако сакаш кажи ми која возраст е и што сака да гледа, може можам да помогнам, и ние дома поминавме таков период.
     
    На cresa-jagoda, M&M, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Јас сум зависна од телефонот мој, i'm guilty:$:D.
    Како мала не сум имала дофат до вакви чуда како денешните дечиња.А зависна сум последнава година ипол од телефонот.Не го користам само коа сум во када, кога спијам и на НЕКОИ часови во школо, е до толку сум заглавила.Се случило да ме казнат со одзимање на телефонот и без него можам да издржам мање-више еден ден, лесно си наоѓам други занимации ама се таму ми е паметот 8).
    На помали дечиња мислам дека е подобро да се ограничи користењето на лаптоп,таблет, телефон поради зрачењето ама и за видот.И да плачат и урлаат бар знаете дека за нивно добро сте ги ограничиле, да немаат не дај Боже некој проблем понатаму.
    Кога ќе имам дете под 1 година нема шанса да му дадам да гледа во такво нешто, ѕвезди ќе симнувам ако треба да го анимирам ама не сакам да се зрачи.А за понатаму ептен ако треба да се занимава со такво нешто.Знам по себе колку е лошо блеењето во телефон..ужас :?:.Македонски професорката ни вика да ви отвориме школо за зависност од телефон оти терате до немај каде:$
     
    На _N_Girl_, cresa-jagoda и Lolo5 им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Очекував многу повеќе искрени коментари и жалби на темава... не сум сеуште мајка, но сум сведок од мојата фамилија, многу млади брачни парови со деца на прослави и семејни збиднувања, децата претворени во роботи, не трепнуваат, уште и родителите горди како нивните деца многу добро ги владееле игрите, а се правдаат со тоа дека денес е друго време поразлично од нашето, време на технологијата
     
    На makedonkamak, cresa-jagoda и referentka им се допаѓа ова.
  9. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не би имал ништо против моето дете да биде ''зависно'' од технологија без разлика дали е тоа мобилен телефон или компјутер. Но со тоа да следува и физичка активност секако. Играњето игри не е ништо лошо, денес тоа се нарекува е-спорт и ако вашето дете покажува интерес за тоа не би било убаво да му го скратите тоа задоволство. Тоа би било исто како да му забраните на вашето дете да игра фудбал или друг спорт за кој тоа покажува интерес.
     
    На theowndemon, Lolo5, M&M и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Samo sto od toj sport nema nitu edna polezna rabota, naprotiv vlijae mnogu loso na psihofizickiot razvoj na deteto, ja namaluva koncentracijata i intelegencijata, a se zgolemuva napnatosta, netrpelivosta i agresivnosta kaj decata. ;)
     
    На _N_Girl_, makedonkamak, bebaa и 8 други им се допаѓа ова.
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.372
    Пол:
    Женски
    Само што зависност се прави од игрици на мобилен и таблет, од спорт, потешко. Јас немам видено дете зависно од спорт и да се треска од земја оти родителите не го пуштаат да спортува.
    Едит: На крајот на статијата е убаво објаснето што прават игриците на мозокот на детето.
    http://epilepsijamakedonija.mk/archives/3713
    Да не се токсичните магли што ги имаме преку зима во Скопјево наше, моето дете ќе "живее" надвор и сета технологија што ја имаме дома на располагање, ќе биде сведена на минимум.
     
    Последна измена: 29 април 2018
    На Biljarkata, _N_Girl_, Antolinaa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.913
    Допаѓања:
    32.519
    Пол:
    Женски
    Многу ретко им дозволувам да ги користат мобилните. Повеќе сум за други активности.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Во поразвиените земји не мислат вака. Колку е опасен спортот толку и е-спортот. И фудбал играјќи може да скршиш нога или рака и пред компјутер може видот да го оштетиш ако не користиш очила со заштита или грбот да го искривиш ако не седиш правилно. Игрите баш ја зголемуваат концентрацијата, и не секој има интелигенција да ги игра нив истко како и што секој не може да игра фудбал. Играњето игри не е опасно воопшто ако уз него оди и по некој час физичка активност. Се што е претерано не е добро.. Полупрофесионално се занимавам со е-спорт 3 години, не видов ниту еден човек глуп таму или со интелигенција под ниво или човек со мала концентрација. И незнам по која логика заклучи дека ја зголемувало агресивноста? По тоа што игра игри со пукање? А они што тренираат карате или бокс?
    Па јас повеќе агресивни луѓе имам видено на фудбалски терен а не во е-спорт арена или во компјутерница.

    Тоа што детето се треска од земја зошто му забрануваат да игра е благодарение на родителите. Треба да постои ред, кога е време за играње кога за спиење, ќе се треска еднаш двапати, следниот ќе научи како треба.
     
    На theowndemon и Lolo5 им се допаѓа ова.
  14. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.372
    Пол:
    Женски
    Ја прочита статијата што ја постирав? Сѐ ова што го напиша, е објаснето зошто не е така како што мислиш.
     
    На Antolinaa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Нема што да ја читам бидејќи веќе познато ми е какво мислење имаат луѓето постари од 40 години за технологијата. Јас кажувам во пракса каков е е-спортот и технологијата. Убаво велат прашај паталец а не гаталец.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.605
    Допаѓања:
    170.372
    Пол:
    Женски
    Ааа ок тогаш, терај така. Ама да ја прочиташе, ќе видеше дека човекот не е против технологија.
     
    На Antolinaa, cresa-jagoda, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Ова сега демек лажеме ние што не се жалиме или како?

    И јас можам да и пуштам нешто на телефон ако сме на гости и нема со кого да си игра. Тоа значи дека детето е по цел ден на телефон и гледа цртани?
    Мислам дека кај нас е доста голема свесноста за ова, барем со оние мајки со кои сум комуницирала, сите се трудат колку можат да го ограничат времето. Оди да видиш на лулашки колку деца има, нема ни едно да најдеш да зјапа во телефон

    И на гости да пуштам истиве коментари, еееххх децава, по цели денови на телефон само... И те гледаат ко мајка од пеколот. Хех.
    А детето сега сум му пуштила да седнам да каснам 20 мин нешто, ама тоа е, лесно е така од страна да се осуди некоја мајка, најлесната работа на свет.
     
    На sj *O*, Lolo5, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Јас пак имам и познаник возрасен средовечен човек што на слави не се одвојува од мобилниот (најмногу ради пратење утакмици/резултати за спортска), па никому ништо... :D
    Таман си се коментарите, не само искрени туку и добро е што има и информираност, читкање за детска психологија, а не само празни жалби колку нè опседнала технологијата.

    Цртаните биле и секогаш ќе бидат нормален и здрав дел од детството, разликата е во тоа што сега се подостапни на мобилни/таблети наместо само на ТВ - само секако треба да има некоја граница, контрола и баланс со време поминато во физичка активност.
    За англискиот, според мене, воглавно може само да е зголемена користа, полезно е што порано детето да почне да го учи јазикот. А она со мешањето и подобро знаење од она за мајчиниот јазик би требало да се сведе само на мит, освен ако се работи за неодговорни родители со малку комуникација и обрнување внимание на детето воопшто, па и неговиот говор.

    А видео игриците (оние пообемните, т.н. е-спорт и такви чуда) и евентуалната зависност од нив се друга тема, и се надевам дека за нив (посебно оние со некакво насилство) не ни станува збор кога се работи за деца барем до школска возраст.
     
    На Lolo5, zuto и NarCis@ им се допаѓа ова.
  19. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.216
    Допаѓања:
    30.178
    Пол:
    Женски
    Додека беше ладно, цело време бевме дома и каква и занимација и активност да најдев, пак и пак остануваше слободно време и нему му беше досадно( побогу и јас сум човек што има потреба раат во вц да отиде без дете да тропа на врата или кафе да испие без да му брца некој во шолја :)) Ама тоа траеше најмногу пола час во денот. Кажано е дека ако гледа подолго време во тел.лап топ и сл.очите ќе го болат и среќа разбира и веднаш го фрла.
    Претежно се трудев да му пуштам едукативни видеа, бонтон, азбука, и секако, ја обожава Пепа прасе. Иако машко, моето дете не се заинтересира да ги гледа одвратните видеа каде ги има Суперхероите.
    Сега веќе немам проблем, цел ден е во трева во двор, се прибираме кога се стемнува се тушираме и веќе нема време за телефони к лап топи.
     
    На zuto и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Јас имам приметено дека повеќе поголемите деца се зависни со телефони отколку тие помалите.
    На помали деца што ми се поблиски гледам само дека им даваат телефон/лаптоп кога ги пресоблекуваат, им даваат да јадат или ептен на глава ти се качуваат. При такви ситуации им пуштаат омилени песнички и децата се смируваат, ама не се зависни зашто сами си заигруваат со други работи.

    Ама децата што имаат над 6-7 години се свесни и си имаат лични телефони. Баш вчера пред куќа кај кошијата седнале 5-6 деца помали од 10тина години...Сите седеа и гледаа во телефни. Ни зборуваа, ни играа, само скролаа на телефоните и не гледаа што се случува околу нив.
    Жал ме фати.

    Верувам дека секоја мајка сака детето да си игра на свеж воздух и сонце со други деца, ама има и такви родители што се постојано зафатени и му посветуваат минимално внимание на детето па тоа само си бара утеха во цртаните и песничките по цел ден со телефонот во рака.
     
    На cresa-jagoda и Someonespecial им се допаѓа ова.