1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зависност кај децата од мобилни телефони

Дискусија во 'Дете' започната од referentka, 27 април 2018.

  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.913
    Допаѓања:
    135.456
    Пол:
    Женски
    Зависни може не ама големиот мој поминува доста време на таблет кога е дома, зборам за 8г дете. Сепак повеќе сака да е надвор со друштво, и среќа што сме во населба со многу деца па кога е убаво времето се поголемиот дел од денот надвор. Ама пак ќе кажам дека може претерува и искрено ми е проблем некогаш да му ограничам, признавам дека ние сме си криви за тоа. Малово да можеш нон стоп да го играш и занимаваш може нема да побара, ама сака да гледа песнички и некои детски видеа на телефон. Најискрено си кажувам дека за да завршам нешто по дома ја оставам да гледа инаку не би пипнала ништо.
    Се наоѓам милион пати во ситуација кога му мрчам на големиот како ние како деца сме немале компјутери и телефони, како сме имале по 2 цртани на ден ама кога ќе се замислам да сме имале исти би биле и ние. Не е за оправдување треба да се има контрола и граници кој колку може и знае да се справи. Децата гледаат и од возрасните а да сме сите искрени веќе сме малтене сите со телефоните во рака, пак ќе речам за жал. Така врти сучи морам на крај да кажам прават зависност и кај возрасни и кај деца. Малку ми е лицемерно да викам, а не моите деца никако, цел ден со книга во рака се, а кај нас брмчи тв 24ч, телефони нон стоп на дофат.
    П.с. уште нема телефон синково мој а само прашува кога ќе добие. Искрено не знам ја би бар до 10г да нема па ќе видиме
     
    На kukla21 и referentka им се допаѓа ова.
  2. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    Големово кај мене само си пушта на тел.гледа животни или оние децата што возат багери коли...и тие што отвараат киндер јајца и бомбони..но сега по цел ден е надвор и не гледа речиси ич само навечер.А на тв гледа дискавери и енимал планет змии пајаци сите животни.Цртани не сака.
    Малово слуша на тв песнички и игра а тел.не сака.
    За мене можам да кажам дека сум зависна од тел.оти лаптопот ми е расипан таблет скршен и само на тел.
    Имаше еден период зимото кога големиот беше нонстоп на тел.но ете помина сега се стопли времето и е по надвор цел ден.
     
    На referentka и Lolo5 им се допаѓа ова.
  3. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    28.329
    Кај многу деца тоа е пролазен период, интересно им е извесно време и потоа не сакаат да гледат. Во нашиот случај беше така. Ќерка ми од бебе слуша и гледа песнички на лаптопот и телефон. Дури се чудам што сум си мислела јас кога на бебе од 4 месеци сум пуштала ,,Мама воли бебу'' и ,,Пиличи'' Ама ако добро се сетам баш се смируваше на тие песнички, понатаму го препзнаваше звукот и се смееше, па пласкаше рачиња, па дојде време кога ги пееше, време кога сама ги пушташе и ете сега дојде време кога не се замара ни со мобилен ни со лаптоп. Порасна со песнички од лаптоп, научи многу од нив (македонски и англиски), научи многу зборови, бои, бројки... Овде морам да кажам дека ограничував без да и кажам ,,доста'' туку одвлекував внимание (пр. ајде да боеме) ! Исто внимавав што гледа оти свашта има да се види.
    Никогаш немавме проблем со говор и агресија, можеби малку со комуникацијата која ја препишувам на гени а не на мобилниот.
    Сега сама знам да кажам - ајде земи таблетот пушти си нешто! Веќе е 4 години па гледа цртани (Пепелашка, Снежана) или пушта Златно Славејче па пее... ама за брзо и здосадува па гаси компјутер.

    Не ми е поентата да советувам - дајте им ги мобилните на децата, туку само го кажувам нашиот случај од кој за среќа немавме последици.
     
    На kukla21, 24.07, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.404
    Пол:
    Женски
    Гледам колку што можам повеќе да не и дозволувам да седат. Имаат куп играчки и други занимации што можат да се прават. А да сакаат и кој знае колку време би минале зјапајќи во телефонот. Помалото и тоа виде ли телефон на дофат веднаш го граба и штрака.
    На големата едно време и дадовме на таблети малку да се занимава ама нема со усул гледање, да се погледа 15-20 минути и да се остави, па врескање, плачење, па не таа песна па оваа, па еден куп сугестии со пластелини плеј дох па оди откачи го, реков крај и толку .
    Имаат цедиња да слушаат песнички и пуштам по некој цртан на тв да изгледаат и поарно така и за нив и за мене.
     
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.745
    Допаѓања:
    72.661
    Пол:
    Женски
    Му давам да си гледа јутуб кога патуваме или кога седиме некаде на ручек (а он не е умен станува и шетка) :D Малечок е сепак, не е воопшто зависен, дома кога е со мене само пуштени се цртани, песнички на телевизија.. а он си игра со играчки. Еве моментално си игра со тој кинетичкиот песок, а пуштено имаме песнички.. игра и си пее :D


    видете го ова... толку мало, а толку живчано :worried: па уште си се смеат родителиве...
     
    На kukla21, NarCis@ и referentka им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Да имаше на времето, коа ја бев дете, компјутери и мобилни, ќе бев 'зависна'.
    Секое време си носи свои убави и лоши страни.
     
    На _N_Girl_, Autumn_ и Lolo5 им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Во кафанче кога одиме на ручек без телефон не тргам од дома:D
    И тоа прво на лулашки ја носиме за да се умори па да може со телефонот цртани да гледа, зашто е многу ѕенѕава:tmi:
    Телефон давам и кога чистам по дома.
    Минатата недела купивме цртани на ЦД, со македонска синхронизација па сега гледа цртани на ТВ.
    Полека почнав да ја ограничувам.
    Ама не е детето воопшто виновно.
    За да не гледа цртани, треба да ја фатам за раче и да ја носам надвор , ама јас во текот на неделата немам време за надвор.Е дома ќе поигра со играчките, ќе разлистаме сликовница и пак на мобилниот паѓа останатото време.
     
    На M&M, SummerGirl и mariz им се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Кај мене еден период многу беше закачена на телефон. Гледаше цртани на јутуб. Дури почнав да се загрижувам. Пишував за тоа и во темата влијанието на цртаните на психилошкиот развој. А па за јадење да не збориме, ако нема цртани не јаде. И тоа ми беше единствен спас за да јаде. И тоа го правеше само дома. А кога сме излезени било каде не покажуваше интерес за телефон.
    Ама сепак било период, еве сега скоро и да не го бара телефонот. Претежно попладне излегуваме обавезно во парк , со деца на лулашки, а кога е дома е цел ден на тераса и си црта на табла со креди, со кофички со песок и нема време за телефон. Сега почнавме и без телефонот да јадеме, ретко ептен.
     
    На mariz, Scott Weiland и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Леле колку не здраво ми изгледа сега вака кога го гледам видеово. Од страна гледано секогаш е подруго, а и ние слични бевме. Мојава бара цртани веднаш штом ќе стане. Потсредувам и гледам надвор да ја изнесам, ако не на тераса право...и одручек уште еднаш бара...како некој ритуал и е...си го знае точното време за гледање цртани. Надвор не пуштаме.... ни кога сме в кафич...си трчкаме по неа...во главно првиот пола саат си седи и си пија сокче мирна. Во маркет е друга приказна...трча помеѓу рафтовите и урла...не фаќа ништо, ама трча и вика....МАМА...КАЈ Е МАМА? ДЕДО! ТАТО! И песна некогаш знае да запее. Јас му се радувам на летово оти нема пред екран да седиме.
     
    На M&M и mariz им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    Јас немав многу контакт со телефон, одамна сум, ама ми снимаа моите цртани и беа во позадина. Постојано гледав тв како дете и долго пред училишна возраст разбирав англиски ради тоа. Моите не разбираа за да ме учат. Па ете денес да сум сама дома телевизор не пуштам, компјутер четири дена немав пуштено до сега, телефонот зошто го сменав ми беше интересен една недела ако сменам телефон пак толку време ќе ми биди интересен за интензивно користење и едино што си гледам серии на таблет или да читам евентуално, ама не зема тоа многу време. Средно дур бев кога уствари добив прв пат нормален телефон, мислам дека имав период на зависност каде со телефонот и спиев, а сега често и го заборавам. Исто тогаш имав и период на видео игри, кои и сега некогаш ги практикувам ама немам ни толку желба ни време во последно. Од друга страна брат ми е пораснат со телефон и технологија зошто е дестина години помал од мене. Моите беа во тој период постојано на работа, имавме и дадилка, после неа и баба ми, двете постари и само дај му телефон и тоа е тоа. Ама, ни самиот неќеше да седи на телефон долго и го оставаше и играше, како дете. Се нервираше само ако неочекувано го прекиниш, а ако му кажиш колку смеј да гледа не се лутеше. Тоа зимски период, кога беше добро времето сакаше да е постојано надвор. Сега едино зеде нов телефон, има 12, и веќе два месеци само игра, менува низ игрите, ама како што врви време почна да намалува.
    Мислам дека зошто помладите се зависни од телефон наспроти децата, се во глобала ради социјални мрежи. Мислам можиш два дена да гледаш по две епизоди цртани, после ти здосадува да седиш в место, имаш висок енергија, сакаш да скокаш. После околу средно кога децата почнуваат со социјални мрежи наеднаш изгледа како да се зависни, а и се додуша, воглавно зошто сакаат да бидат во контакт со пријателите.
    И за крај, хипотетичка ситуација кога би имала дете јас. Нема сосем да му забранувам. Има лоши работи, има и добри работи. Ако целосно му скратам некои лоши работи или бар делумно лоши, светот ќе му биди непознат и чуден. Би му пуштала цртани, со договор колку време можи да гледаат или пак по некоја игра.
    Игрите реално не се лоши за децата ако не се претерани. Постојат заштитни наочари и столици кои се комфортни и до држат телото испраено. Со самите игри се развиваат рефлексиите, концентрацијата и стратегиско размислување. Нормално, ова зависи од типот на игри. Само зошто некој би играл и видео игри, не значи дека не треба да спортува туку едно дете треба да прави од се по нешто зошто умереното е најдобро. Дур е помало има игри за учење на бројки, букви, јазик. Кога би пораснало можи само да игра стратегиски игри кои ќе му го подобри критичкото мислење и планирање, нешто слично на шах, само со повеќе бои за да задржи внимание. Тоа се видео игрите.
    Кога бев мала, да имаше телефони како денес, а не чипичанчиња, тогаш тоа ќе играв. Додуша кога ќе ми текни, имав компјутер без интернет со вкупно три игри дур го имав. И само за ад прицкам нешто и да ми е интересно сум цртала на пеинт со маус. До времето ќе да е. :lol:
     
    На Lolo5 и mariz им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.549
    Јас на мојата и ограничувам користење телефони. Телевизорот е цел ден пуштен, од сабајле до вечер, само на музика, МТВ или ВХ1, детски нема или многу ретко. Таблет не сум куппила, а и нема да купам. Порано и пуштав Пепа, после и стана досадна, веројатно ја надрасна и не сме ја гледале. Гледаше и Маша, па и таа и здосади. Сега гледа Оддбодс, ама по 2 минути само оти има многу играчки околу неа и повеќе сака да си игра.
    Во кафана се трудам да и покажам како се однесува у кафана, како се јаде, како се пие, да не прави глупости, иако не успевам секогаш, ама телефон не пуштам. Едино кога бевме у болница пуштавме огномети, нив ги сакаше да ги гледа, оти мораше да е мирна ради инфузијата дење ноќе и телефонот пред неа. ДОма кога дојде побара, и реков дека ги немало. Често кога ќе побара цртани и викам дека маша заспала или Оддбодс заспале па ќе поплаче малку и заборава.
    Искрено забранувам од себични причини, не сакам да се осеќам виновно ако мора да носи очила ради мене оти сум и давала да зјае у телевизир или телефон, не сакам да имам дебело дете, знам дека е штетно и за говорот, па секоја мана од овие ќе си ги сфатам многу лично и болно.
    Седам на земја со неа и си играм. Често знам да не зготвам за мене и маж ми, само за да и посветам време, па ние двајца јадеме што ќе најдеме. Исто доволно ми е откако ќе заспие во 9 саат до 12 да средам хаосот и да спремам алишта и се што треба за следниот ден, па гледам од моментот кога сум дома до заспивање цело време да ми е на дете посветено, оти оно е најбитно, на штета на се друго. Дури и прозори бришам во 12 ноќеска. Дење кога е викенд по 2 пати одиме у парк, а кога е работен ден одиме од 6 до 7 секој ден, оти у 7 вечера. Така што и да нема цел ден цртани, полн и е денот. Кога ќе порасне не знам како ќе биде.
     
    На alana, tina-63 и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  12. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.510
    Допаѓања:
    32.643
    Пол:
    Женски
    Ствара зависност и тоа како по мене си знам.Вчера баш видов дете околу 10 години како излегло на лулашките и игра игра на тел.Глупаво ми изгледаше.
    На ќерка тел не и давам .Може сама да го земе и да отвори на апаратот оти за другото и треба шара.Обично песни и цртани и пуштам на тв.Ама и него го одбегнувам оти приметив дека потешко заспива ако гледа тв и тие шарени бои и го држат мозокот буден.Кога ќе и го земам тел и кажувам тоа не за деца . Толку .Колку и да плака не попуштам. Прво не сакам да се зрачи , а второ очите не сакам да и се расипат. Таблет имаме ама и него не знае да го користи .само го вози низ соба.Лап топ само кога се слуша со баба и дедо на скајп. Па знае да го треска :lol:
    Мене ми се смееја кумовите кога на 2 месечна возраст на малата не ми давав да и покажуваат тел и ги молев да го тргнат од кај неа за да не ја зрачат.
    Сега за сега држам ред за поголема тренд си е тренд мора да се следи за жал:doh:
     
    На makedonkamak, alana, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.299
    Допаѓања:
    34.237
    Пол:
    Женски
    Најчудно ми падна кога видов мајка бебето во количка на телефон. Всушност дете беше но не знам на која возраст бидејќи само го држеше мобилниот телефон. Наместо да ја разгледува околината очите во телефон. Не ја осудив мајката си велам може немирно па му дала тел за да не го носи во раце и да гура количка. Но сепак ептен непријатна глетка беше.

    Не сакам моето бебе да се навлече на телефон, таблет, лап топ, компјутер. А телевизорот што знам не ми изгледа опасен бидејќи и јас со ТВ сум израснала ама веќе 6-7 години не гледам ТВ воопшто. Таблет сум немала. На 16 години ни купија компјутер па легнував сабајле, си ги расипав оценките, наоѓав дечковци...а до тогаш сите 5ки, легнував во 9 вечер и не знаев за машки. Сега сфаќам колку лошо ми влијаел тој компјутер но го молевме татко ми да ни купи бидејќи сите деца имаат. Како и да е лошо време дојде, полошо иде.
     
    На makedonkamak, alana, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Да не се лажеме, веќе сите деца се зависни од нешто ,,технолошко,,.Ќерка ми има 5 години. Не можам да ја карактеризирам како дете кое е зависно од телефон или лап топ. Посебно сега, откако е ,,поголема,, не и ни текнува. Може да поминат и 2 месеци а да не побара да гледа некое видео. Ама затоа, во последно време е опседната со турскиве серии, дека се и синхронизирани...5-ка и е. Седи и ги гледа ко хипнотизирана. На лап топ знае понекогаш да погледа некој цртан пред спиење, ама тоа е ретко и е кратко. Телефон не бара.
     
    На alana и gjoker4e им се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    И јас имам сличен проблем со големиов. А особено со едните дедо и баба.Значи и тие се заразени до толку (или па ги мрзи и не можат друго да го заиграат).Кога идат кај нас и кога сме таму не можам со ништо против нив.Ќе ми пукне филмот еден ден,ќе го удрам пред нив па да видиме.Значи тие денови детево пишти ноќе,се тепа со некој во сон,вика. Се збори колку е штетно,колку се ама ај,да ги оставиш цел ден нема ни јадење да му дадат.
    И,дома гледа ама контролирам,ограничено му е времето,ако не ме слуша,казна.
    Има милион боенки,има лего коцки,има милион играчки,надвор сега топло е.
    Многу се нервирам некогаш.
    Не сум за скроз да не знаат што е тоа,но јас ептен би ограничила на минимум и работам на тоа.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    И мене знаат моиве да ме изнервираат, кажуваат како тие гледале деца без компјутери, телефони, телевизија....а на прва прилика цртаните на телевизор ќе и ги пуштат...Па и сега со кабловскиве, канали со цртани и цел ден фрчат....во наше време се знаеше во колку саат цртаните почнуваат и завршуваат.
     
  17. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Мислам дека по ова прашање само родителот е виновен.
    Еве и зошто: Ќерка ми имаше период кога и беше дозволено да гледа цртани само затоа што не сакаше да јаде. Со цртаните си го поминуваше супер оброкот, но забележав дека таа се нервира кога нема нешто што нејзе и е по желба. Еден ден толку плачеше за ништо буквално, а беше поради таа причина, значи тука јас ставив крај. Да не зборувам за тоа кога да видеше некој со телефон , сама одеше и бараше цртан да и се пушти.
    Од тој ден телефонот стана заборав.Значи никаков пристап до телефон, драстично, но ефикасно.Купивме многу книги и боенки за почеток.Читавме, раскажував јас, гледавме слики и слично, си најдовме начин на занимација.
    Колку е штетно не пишам, јасно е на сите, посебно со очите и видот итн...
    Подалеку од телефоните, подалеку од штетата што ја предизвикуваат.
    Зошто им купувате на децата 4-5 годишни таблети?
    Од мода, така.
    Модерно е сега од градинка на таблет и мир у кучи или пак во ресторан детето на таблет или телефон, родителите гајле си немаат.
    Еј, немирно е, нека се смири д одморам- тоа е изговорот што го слушам најчесто.
    Сум видела и јас дете од 2-3 години во количка со тел. во рака, исто како членкта погоре или едното дете цел дена на телефон буквално ( на возраст од ќерка ми ) за мајката да има време да го чува помалото братче. Едно огромно Не, најголем противник. Телефоните и технологијата може д се заменат со многу покорисни работи кој би се одразиле позитивно врз самото дете.
    Кај нас беше мал период на гледање цртани, не сакам да замислам што се случува со децата кој имаат пристап до телефон кога и да посакаат, а трае години.
    Мајки, подобро на време да спречите, него покасно да лечите.
    НИЕ, дека немавме телефони, не бевме деца ли?
     
    На _N_Girl_, Annath, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ќерка ми е со телефони, таблети, компјутери, телевизори, откако е родена.
    Дома сме 3 члена, а имаме 5 компјутери. И јас и сопругот имаме работни обврски кои се поврзани со компјутери. И не гледам нешто страшно во тоа.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. snegulka55555

    snegulka55555 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    78
    Уште неколку месеци и полнолетна ќе бидам, не знам дали би се нарекла дете. :^)
    Како и да е...
    Дали можам некако да се ослободам од зависноста од телефоните?
     
  20. snegulka55555

    snegulka55555 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    78
    Феминки 3 дена чекам одговор и ништо од одговорите, ако има некој лек за зависност од телефоните слободно пишувајте мислења.