Зависност од алкохол

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од danidani, 24 април 2010.

  1. danidani

    danidani Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Колку често конзумирате алкохол и што е тоа што најмногу пиете ?
    Ова ме поттикна да пишам зашто сношти видов повејќе женски од машки со алкохол в рака .Па ајде да споделиме или да помогниме ако некој се чивствува зависник.
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.461
    Сношти беше петок, и можеби девојките кои си ги видела излегуваат во живот после 2 недели и едноставно сакале да се опуштат. Зависниците од алкохол ќе дремат на шанк или едноставно од дома не излегуваат зш таму веќе се опијанале.
    Како и да е, сакам алкохол - ама не сум зависник.
     
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    556
    потпис на постов горе..јас во диско излагам 1, 2 пати месечно и што да пијам сокче??????????????????? иначе..ако ме видиш со водка во раце дали тоа значи дека сум зависна од алкохол..неможеш да броиш кој колку пијачки испил зошто кога си дстигнал тие девојки што си ги видел дошле малце пред тебе а машките пред саат време, па за тоа време испиле цел тон пијалок..неможеш да судиш само на прв поглед
     
  4. purpurna

    purpurna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    26
    Ne sekogas se sudi od prvata slika so ke ja vidime ,no se soglasuvam deka i devojkite pijat isto kolku i momcite zadenicko i na dvata pola e toa sto nikoj nesaka da priznae deka obozava da si potpivnuva ili sekoe isleguvajne se konsumira alkohol.
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    478
    Се согласувам со постовите погоре - па јас и колешките после испитна кога ќе излеземе дрва се правиме, ама оправдано е, не си излегувал од дома со недели, си ги откачил испитите и ти доаѓа филинг да земеш убаво да се напиеш. Ако сум добро расположена, не ми е потребна голема количина алкохол, а некогаш знаеме со дечко ми да купиме вино, да седнеме да гледаме филм и да го дрмнеме цело :)
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Порано кога бев без дечко повеќе пиев :D Знаевме да се собереме другарките и да се направиме петарди :D Сега сум малку поозбилна, ретко ми се случува да се опијам, а не сум се ни поднапила којзнае од кога :) не дека дечко ми ми брани, мене не би ми било пријатно да се опијам пред него и да се глупирам, пошто ме фаќа жицата во такви случаеви :$ :D
     
  7. Popova

    Popova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    6
    Знам да се напијам чаша вино со ручек или едно мартини на излагање, а пијанство хмммм шо знам одамна па последен пат се напив повеќе минатото лето на одмор со дечко ми така решивме малку да откачиме :rofl: и си поминав прилично убо :$
     
  8. she-17

    she-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    23
    пијат и машките и женските. факт е дека женските се помалку издржливи и се прават камења од помалку испиени пијачки отколку машките. јас не сум против тоа да се напиеш во петок-сабота, на прослава и слично, но според лични искуства не ви посакувам да претерате и цел следен ден да го поминете над wc-шолјата и пиејќи расолница БЉАААААААААААААК :worried: :worried:
    разочарана сум само од помладите генерации(посебно девојчиња) кои уште ако не од основно ама од прва година средно киснат по кафани и после не знаат што направиле.. |( :?:
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.562
    Допаѓања:
    73.056
    Пол:
    Женски
    Пијам алкохол, зошто да не? Зависи од пригодата, нормално. Ама не претерувам. Никогаш не сум била до толку пијана да не се сеќавам што сум правела претходната вечер или до тој степен да повраќам. Сметам дека тоа не е убава слика. А многумина, било машки, било женски - го прават токму тоа - особено помладите кои мислат дека испаѓаат фраери ако се напијат чашка повеќе. А не се свесни дека постигнуваат спротивен ефект. Денес секој пие, и машко и женско. Не дека жените порано не пиеле, ама пиењето алкохол денес зема замав, особено кај помладите генерации.
    А зависност од алкохол, тоа е сосема друга приказна - зависност од алкохол не е ако пиеш само во петок и сабота, зависноста е веќе болест, кога организмот има потреба од алкохол во секое време, било дење, било ноќе, било да е работен ден или викенд. Оној што кога доаѓа дома седнува со шишето пред себе и пие сам, тој има проблем и треба да се лекува. Алкохолот најчесто се користи како краткотрајно решение за излез од проблемите и многумина не се свесни дека токму со пиењето си ствараат уште поголем проблем.
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Оф темава ми буди спомени..... малку заматени.
    Додуша, ретко ми се дешава да се опијам. Обично пијам по чашка-две (добро сега, зависи што) и доволни ми се. Ама не често, но сепак ми се случува да се опијам и тогаш или правам осмици или непрекинато зборувам и страшно е. И секогаш си викам ОВА МИ Е ПОСЛЕДНО. Гледам кога ќе осетам дека ми е доста да престанам затоа што имам незгодни искуства, како мои така и со другарки, на многу одвратно појанство и не сакам луѓето да ме гледаат во таква состојба и да им сум на терет.
    И за крај НЕ - НЕ СУМ ЗАВИСНИК ОД АЛКОХОЛ. Само некогаш знам да уживам во поголема доза.
     
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.961
    пијам алкохол....но не секаков вид алкохол :D
    пијам со мерка...2-3 чаши....никогаш се немам опијането :)
    :!: и НЕ СУМ ЗАВИСНИК од алкохол :drunk:
     
  12. WomanInLove

    WomanInLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    68
    И јас пијам алкохол, додуша, на денешно време нема кој не пие и кој не се опивал, сум била и многу пијана и глупости сум правела, значи многу ми е убаво кога се збереме друштво и се напиеме по чаша, 2-3, ама тоа не го сметам за зависност од алкохол. еве еден пример можам да наведам, брат ми во последно време си има некои проблеми и почнува се повеќе и повеќе да пие, и преку ден и вечерно време, дури еднаш му се случи и сообраќајќа да направи на пијано, и тоа можам да се нарече зависност ама од мал степен :( се обидуваме да му помогнеме и се надеваме дека ќе се средат работите :) :)

    А иначе се спгласувам со she-17 дека сум многу разочарана од денешната младина, девојчиња на 14-15 год, се опиват, прават глупости, наместо да имат среќно и весело детство
     
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    4.296
    Пол:
    Женски
    Знам дека сме пијандурска нација ама до толку :^) Има места, (па да не кажам скоро во целава наша државичка) каде што ноpмално е мажот ( a некаде и женате) секојдневно во големи дози да си конзумира алкохол, најчесто ракиичка, не зборам за чашка уз ручек туку од сабајле па се до вечер да се биде "под погон ". Па после има семејно насилство, психичко малтретирање и незнам уште што. Нормално , после години пијанчење мозокот не функционира исто.
    Исто сум приметила еден феномен што само кај нас постои: ДРМНИ ДВЕ-ТРИ ДОДЕКА СИ НА РАБОТА. Како бе алкохол на работа ? ц ц ц :^)
    Сума сумарум луѓево многу пијат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Paranormal

    Paranormal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    17
    Па алкохол пијам не да не ама у последно време по слабо....кога сум со друштво може да ми се случи да се поднапијам малку, а кога сум со дечко ми не затоа што повеќе пијам од него и малку ми е глупа ситуацијата -Пијана девојка-Трезен дечко...мислам глупо изгледа ;) ;) ;) ;)
     
    На FuffyToooU му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.897
    Се сложувам со Паранормал . Не иде трезен дечко да имам , а јас пијана . Не сум зависна , далеку од тоа. Сега кога завршив со школо отидовме со другарка во некоја си биртија и само ние бевме , петарда се направив јас .. она не . Ретко пијам , и затоа ме фаќа многу и не можев дома да си дојдам , дечко ми ме испраќаше . Му кукав како ми се повраќа .. срам жив ме изеде ств .. Си пивнувам по малку , да наздравам за нешто што ми се случило :D Ама зависна не :!: :)
     
  16. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    23
    Не сум зависна од алкохол :)
    а можеби и мене си ме видела со алкохол во рака :)
     
  17. martina.d

    martina.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2
    Едноставно не пијам не го сакам алкохолот :puke:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.894
    Јас не ни пијам алкохол, имам пробано, но да пијам-не. Одбивам да пијам, освен пиво-тоа знам некогаш да се напијам, еднаш во два месеци, ако не и поретко. Инаку имам другари/ки, на 14 и 15 години, кои често се опиваат. :worried:
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.057
    Допаѓања:
    13.710
    Пол:
    Женски
    Исто и јас. Не можам да помирисам алкохол. :puke: :puke: :puke:
     
  20. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    993
    Допаѓања:
    493
    Не поднесувам секаков вид на алкохол. Знам да се напијам чашка-две вино или пак вотка, ама толку. Никогаш не сум се опијанила, изгледа ми останало врежано во мозоков од моите дека најсрамно нешто е пијана девојка :D. Летово си пијам мохито, ептен ми е освежително :)