Секогаш кога идам во диско си пијам нешто а многу често се собираме било дома било кафана со друштво пред диско ама онака колку да се расположиме! Пијана, она салата да се напраам со повраќање со триста чуда ми се има случено неколку пати да бидам ама последнава година внимавам колку пијам, каде и со кого !
jaс не ни конзумирам многу алкохол најмногу една до две чаши вино за некој ручек или слично. така не .. едноставно многу ми е глупаво кога ќе видам некоја девојка здробена од пиење што едвај стои.. изгледа дека е многу лесна па оди до тој степен ..
многу ретко кога сум се напила алкохол.Тоа е нешто што најмногу го мразам и многу ме нервира.Во моето семејство имам алкохоличар и верувајте тоа е најлошото нешто.И во овој момент се чуствувам навистина многу ужасно
Хмм..Алхохол! Најголем противник сум за тоа! Не пијам и ниту сакам...По грозно нешто да видам женско пијано нема едноставно после таа личност ми станува одбивна и ја гледам се други очи! Така да НЕ сум ЗАВИСНИК!
Ех, па и јас не сум зависник, ама затоа сум голем љубител на чашка алкохол.Зошто да не????Ако човек знае каде му е мерката и колку ќе конзумира негледам причина да се устручавам од чаша добро вино или пивце за ручек, или чаша-две кога сум излезена со фино друштво и фино расположение.
Љубител сум на чаша добро вино уз јадење. Пијам алкохол на скоро секое излегување, но не се опивам па до дома на ушка да ме носат. Еден период бев само на бело вино, па само на мартини, текили и сега сум или на коктели или на вотка и ред бул, затоа што само вака не ја осеќам вотката, а од друго веќе се ми се гади. Не сум зависник во никој случај, а што се однесува до мислам дека нема врска машко-женско. Секој со капацитетот, причината за славење и желбата за пиење.
Пијам алкохол, но не на секое излегување и не премногу често. Знам да уживам во алкохолот, но не сметам дека тоа ме прави зависник. И без алкохол можам да си поминам убаво, можам да бидам расположена, но пијам од задоволство. Си ја знам границата, кога треба да прекинам, ама неколку пати ја имам преминато границата, си признавам. Се случува и тоа. Но во последно време повеќе внимавам со пиењето.
Вечерва бев дома сама па си најдов едно пивце во фрижидер така ладничко и ајде реков да си ја освежам душичката малце ! И замислете, цело го испив и тоа да не речам, за прв пат во мојот живот, за прв пат во моите 20 години !! Не дека не пијам никогаш алкохол...пијам-ама не често, скоро никогаш! BTW, за алкохол да не ми речеш, ама затоа цигари "швајцовам" како лудача некоја
Пијам алкохол, но не често...не сум зависник. Понекогаш неможам повеќе од една чашка, а некогаш...се чудам на самата себе си колку можам да испијам
Мене слободно може да ме окарактеризирате како алкохоличар, пијам алкохол доста често и за девојка од 20 години можам да испијам доста. На коњак сум навлечена, првите 5-6 не ги осеќам па затоа скоро секогаш нарачувам дупли коњак и кока-кола посебно, несакам по 100 пати да го враќам келнерот па полесно ми е да си нарачам дупли. Последно што се сеќавам е кога испив цела флаша коњак сама, и пак можев без ничија помош да одам во вц, да разговарам и да си ја избришам шминката пред спиење. Сепак се е до пракса, зошто коњак пијам последниве неколку години па затоа и можам да испијам толку. Дај ми вотка и после втората чаша, почнува да ми се врти пред мене. Пијам и мартини али многу ретко, вино пијам и црно и бело, но не ми се нешто многу омилени, ракија сакам и често пред фамилијарен ручек знаеме сите да си дрмне по една-две-три . Сепак виски, коњак и шток ми се омилени али скоро секогаш пијам со усул, односно да можам правилно и разумно да размислувам и пресудувам.
Најубава, не би да ти солам памет, ама мислам дека е ту мач, може многу лесно да си го нарушиш здравјето Тоа се жестоки пијалоци ... Зависник не сум од алкохол, знам некогаш да седнам да се поднапијам, најчесто бело вино - смедеревка или пиво ... Еден период пиев како сунгер, каде имаше алкохол јас таму бев, го намирисував Ама редовно, секој ден дома си идев даска Откако почнав врска со дечко ми, престанав, па сега некогаш ама многу ретко со него знаеме да си седнеме и да се поднапиеме Мислам дека многу треба за да станеш зависник од алкохол, сепак не се навлекуваш така лесно како што е пример со цигарите Јас сум зависник само од цигари и кафе. И Кока Кола во последно време. Други пороци немам
Знам Офи, но како што кажав секогаш пијам со усул, што би значело окулу 10 коњаци, не секогаш претерувам. А и не пијам често, да речам неколку пати месечно од кои еднаш или двапати ќе ги испијам тие 10 коњаци за да почне да ме фаќа, а на прсти може да се изброи колку пати во годината се начукувам. Најчесто си пијам со мерак и без намера да се начукам, многу невкусно ми изгледа кога ќе видам пијан човек, едноставн тоа за мене се лица кои се без самоконтрола и незнаат кога и колку им е доста. Флашата коњак ја испив пред неколку месеци и беше со многу јака причина па не ја ни осетив. А следната планирам да ја испијам за неколку месеци кога и официјално ќе станам тетка А до тогаш ќе си пијам така по неколку, чисто за расположение Фала што се грижиш за мене
Jaс од алкохол коњак и пиво ма да појше преферирам пиво на секое искачанње бев со пиво али сеа последниве 2 недели малце пауза така подобро ми е
^ мислиш на секоја недела по еднаш? Ако мислиш на тоа и ако се практикува повеќе месеци на пример 4 месеци,тогаш тоа е веќе почетна фаза на алкохолизам а ако мислиш на само еднаш тогаш,дефинитивно не е алкохоличар.
Зависник не сум. Само еднаш во животот пиев алкохол и тоа прилично многу чашки црвено и бело винце испив. Послето едвај дома ме донеле... Којзнае како се мачеле со мене.. Но, само тогаш пиев, и се опив тоа дефинитивно, но инаку не пијам алкохол. Уф, јас ни за Бадник не пијам, а не па другпат. Особено од пиво и ракија ми се повраќа иако не сум ги ни пробала