Некогаш девојките готвеа како мајките, сега пијат како татковците. Да, грозно ми е кога ќе видам девојка пијана како се влече по улици. И јас некогаш пијам алкохол но не се доведувам себеси во таква ситуација. Јас си имам поставено граница кога и колку алкохол треба да испијам. Мислам дека девојка завиник од алкохол е една од најодвратните нешта.
скоро цела година како не сум чепнал капка алкохол, пред тоа беше може да кажам лудило, седнување и не знаење колку е доста со друштвото, скоро секојдневно, рутина беше пола кило водка или коњак, ми се имаше десено цел месец ни ден да не пропуштам... Последните денови пред да баталам испив нешто помалку од кило водка, сабајлето не беше ништо премногу страшно, мамурлук тежок но пројде, али решив да ставам точка и дека ке си го сјебам животот само така. Сеа уживам уз кока кола и кафенце
До пред година дена бев тежок алкохоличар за дечко на 22 години кој што треба да шета, да си најде девојче и да си го живее правилно животот, почнав на 18, од по едно пиво дојде до немај каде, дојде до пола литро водка пред спиење секоја вечер, стотици часови изгубени кои можев да ги искористам на нешто корисно за мене и мојот живот, многу сра*а ми се десија додека пиев, несвесен бев, се затварав у соба и тепав литарска флаша водка како од шала... , се тоа влијаеше на моето здравје поготово што и бев тежок пушач... Без број проблеми дома си направив и со моите блиски... И кога цело друштво не пиеа јас морав својата доза да ја завршам, памтам имав цел месец не пропуштено ни ден без да не бидам пијан... Година дена немам помирисано алкохол, се каам за секој момент што го изгубив за време на мојата зависност од алкохол.... Сега сум многу среќен, што некако се откачив од тоа го*но, не знам зашто пишувам баш сега за ова ама ме удрија емоциите, и сакам порака да дадам до секој кој што ја дружи чашката малце повеќе, немојте, ве молам, несвесно ќе си го уништите животот !!!! ....
Ужасно нешто. На најдобар другар му се има случено, дневно по литро водка пиеше. Лошо за гледање, а уште полошо беше што знаев дека има сериозни здравствени проблеми поради алкохол на само 19 години. Сега не е веќе како порано со алкохолот, но, за жал се префрли на многу посилни наркотици.
Не сакам воопшто алкохол. Не ни имам пробано многу пијалоци, а највеќе што имам испиено е пола чаша пиво дека дома имаше останато и тато ме натера за да не се фрлело. Никој не е љубител на алкохол кај нас. Си обожавам безалкохолни коктели само, а алкохолен имам пробано и ни тоа не можам да поднесам, ми го уништува вкусот. Тотален хејтер сум на алкохолот.