Порано бев позависна цело време коа сум на компјутер на фб сеа кога ја најдов фемина само 5-10 минути на фб и одма на фемина после Сеа почнувам да бидам зависник од фемина
Мене веќе некое време ми е деактивиран и многу ми е поубаво без него . Никогаш не сум била зависна од ФБ , дури на моменти ме напнуваше а некогаш и ме депримираше , ама озбилно ова ! Мака ми е да гледам лигавења , плачење по статуси и слики од буквално секое искачање од дома . Искрено чудно ми е нормална девојка да биде зависна од ФБ , ај за децава 13-14 год можам некако да ги сфатам зашто се у тие години , ама возрасна девојка која што си има изградено свој живот ми е несфатливо да биде зависна од главните градски трачеви , зашто ФБ е тоа , место каде што можеш да ги дознаеш сите најнови информации за тие што те интересираат.
Кога започна шемата со Фејсбук, бев огомен зависник. Сликај се за на фејсбук, статуси по 10 во минута, линкови фрчат, срциња кај сите на ѕид, аднувај кого стигнеш, абе шема вртев. Не поминуваше ден а да не сум уклучена барем 3 часа. Понекогаш се случуваше да се разбудам, да седнам на компјутер и да легнам. Само тоа во денот. Фала Богу, се отарасив после 1 месец Сега се уклучувам колку ради реда, да слушнам некое ново песниче што го објавиле, кој со кого се шема (јбг, Скопје рулЗ), а најмногу колку да исконтактирам со пријателите и со роднините кои не можам да ги видам. Никој не користи меил, инаку одма би го деактивирала без двоумење!
Неможам да го деактивирам поради тоа што ептен ми треба за комуникација со некои личности а инаку во последно време ако немам потреба се случува и да не се уклучам по цел ден.
Многу голем шит е фејсбуков секој ден седам ко крлеж на него ми беше еднаш 10 дена деактивиран , малку криза првите 2 дена а потоа како нова
Зависна сум од фејсбук,не дека има нешто интересно или дека си пишувам со некој но ете неможам без него
Бев зависна првите година-две кога го направив, ама сега не. Посебно откако направив профил на фемина, ептен го баталив фејсбукот. Досадно ми стана некако, а и цело време нешто менуваат. Го користам само за игри, за да честитам родендени и ако треба да се договорам нешто со другарки.
Јас можам да издржам подолго време без фејсбук. Првите денови ќе е чудно но потоа се навикнуваш, но ете пуста навика само фб фб фб и ништо друго
јас последниов период сум зависна од фб ако не од лаптопот од телефонот сигурно ќе проверам што има ново и постојано сум на чат со некого
Порано,мислам прв пат кога го направив фб профилот-станав зависна од него.Не знам што ме привлекуваше толку,но ете не можев ни да се замислам еден ден без да се логирам.Сега ми е чисто онака од навика.Се логирам,ќе видам што има ново,ќе разменам 2,3 муабета со некои мои пријатели и толку.Не чустувам дека сум зависна од фб.Всушност и поубаво ми е без фб. :geek: