Глупост стана. Еден куп глупости, непотребни статуси, само се присликуваат и молат за лајкови. -.- Не сум зависна, го користам ако треба нешто да се договорам и за игрички така за тепање време. И како што прочитав ќе го отстранеле четот. (таман ќе се навикне човек на некоја измена, ете пак глупости).
Според мене најголемата глупост што можеше да се измисли на почетокот интересно беше пред неколку години сега жива катастрофа секој чекор што го прават луѓето слика вадат од тоа никаква приватност сие граници се поминати...UZAS
Значи поголема глупост од фб неможело да се измисли, значи тоа би можело да биде само обичен вид на κомуниκација, но сега е многу повеќе од тоа. Сега фејсбуκот на луѓето е животна потρеба κаκо што е одење до WC и пиење вода LOL, сега фб е одличен начин да ја изгубите пρиватноста тоталκа, одличен начин да ве изоговаρа пола Сκопје зошто сте имале 30 лајκови на слиκа и сте биле гρда т.е неноρмална ваκва таκва, деκа сте се слиκлале натρтено за сите да ви го видат гзот па тогаш пола сκопје деκа си малце оρ****ја. Немам пρетстава за тоа до κолκу наρодов ги пρејде гρаниците на интимност па долзволува дρуг да му буρичκа низ животот Ја на фб исκρено се палам еднаш-двапати во месец и тоа заρади неκоја потρеба а не да си ги бρојам лајκчињата. За неκои може сум луда што до сега ниеднаш од 2011 па наваму отκаκо го имам фејзбуκот немам ставено статус или ставам само по една слиκа од мене. Епа луѓе тоа сум јас не си ја пρодавам пρиватноста толκу лесно!
Порано бев опседната со Фејсбук. По цели денови се допишував. Но, ми здосади. Сега ретко се вклучувам.
се вклучувам само заради дечко ми, зошто е далеку од мене и морам некако да комуницирам.. инаку онака не седам
се вклучувам на ФБ заради фармата ке ја ископам нивата и ако се договараме за излегување повеќе седам тука
Порано бев зависна ама сега веќе не се поретко и поретко се уклучувам некогаш дури и заборавам да се уклучам.Стана досаден. Не го деактивирам само поради групите од факултет каде што следам што се случува.
Порано бев зависна од фб и тоа многу, опседната бев, но сега не сум ич, не го користам воопшто, слики не објавувам - ептен ретко ако сум нешто расположена, а песни па уште поретко, ако ептен не се заразам со некоја. Ме нервира фб, не е веќе тоа што беше, или мене не ми е веќе по ќејф, едноставно го уклучувам од досада, да видам кој што како, трач партија ми е тоа, но повеќе од 15 минути не можам да седам, ме фаќа нерва. Информатор број 1 е, кој со кој е во врска, кој раскинале, кој каде бил на одмор/зимување, некои групи, вести што како се случува и нешто слично, тоа е тоа. Се мислев да го деактивирам, ама имам 2-3 битни групи, па само заради нив не го бришам, а и за чатот, едноставно само преку фб контактирам со некои личности па повеќе ми е како месенџер.
Не сумз ависна од фејсбук, повеќе сум на фемина отколку на фејсбук. Глупост е но врши работи ако треба да отидам до некаде да не одам па и пишам на девојчето.
Можеби малку претерано барање, но сепак видеово треба да нè подзамисли кога е во прашање виртуелниот vs. реалниот живот (во дадениот пример Фејсбук)
Јас имав ама го деактивирав, затоа што ме исмејуваа заради една слика, а на сликата бев нормална. Глупости.
јас паѓам во депресија зашто кога ќе поставам слика само женски ми лајкуваат,а машки во општо не.Многу ми ја расипува мојата самодоверба.Зарем сум толку грда што имам по 20-30 лајка и тоа се од женски?Многу сум депресивна...се чувствувам ужасно зашто на никого не му се допаѓам,но не сум грда!!Гледам слики од други девојчиња со по 100-500 лајка а се мн.погрди од мене.Не разбирам!!!! ПОМОШ!!!
А јас да ти кажам дека се замараш со глупости!!! Јас на едниот фб имам 4050 пријатели. И колку што приметив по 500 лајка имаат само разголени девојки, во кратки фустани, деколте и незнам што. И таквите најчесто се навредувани со погрдни зборови. Се надевам дека ја откри формулата за да имаш 400 и 500 лајка. А ако лајковите ти се поважни од некои други работи (да не кажувам кои оти ќе бидам погрешно сфатена) нема проблем.
И самата велиш дека не си грда, тогаш зошто се замараш. Hекои навистина убави девојки немаат лајкови ниту од женски, не пак од машки, а навистина убави девојки. Лајковите според мене не зависат од убавината, туку од тоа со кого како се слагаш. На пример некоја девојка не е многу убава но има многу лајкови. Лајковите ги собира од некои нејзини другари и другарки, со кого си живее и со кого се дружи. Ако има познаници од секаде, тие нормално ќе и стават лајк без разлика каква е сликата, затоа што таа е нивна другарка или познаничка. Според мене, лајковите воопшто не се битни. Фејсбукот е место каде можеш да ставаш слики и статуси за твоето моменатлно расположение, а не место каде можеш да брои лакови и да се замараш на кого колку му вредиш.
Дојде такво време што лајкот значи МНОГУ СИ УБАВА. Јас ќе ти кажам не е се во лајкот. Поработи малце на својата самодоверба и не се замарај.
Толку многу значат лајковите? Не гледај според лајковите дали си убава или не. Машките не ставаат лајкови поради убавина. Тие ставаат лајкови кога ќе видат полугола девојка, со напрчени усни. Некои дури молат за лајкови, а мене ова ми е многу глупаво.