И јас бев голееееееем зависник од Фб по цел ден киснев на провили на почетна,известувања новости,де игри играв сеа веќе ми се здосади и решив да го заклучам профилот на де ми оставаат на ѕид едноставно да го имам но никој да не го разгледува.Сега киснам на форумиве на идивиди на фемина на романтични и ми е многу поинтересно иако уште имам навика да отварам ФБ да видам ноости и извесувања и одма се исклучувам.
Јас порано бев многу зависна,ама откако ја открив фемина се уклучам еднаш неделно онака да видам што има и пак го исклучувам.Овде е многу поинтересно Фејсбук е губење време за џабе...
На фејсбук се уклучувам еднаш во денот,гледам инбокс,на кого му е роденден,известувања и гасам.За договарање или за да зборам со некој не ми треба обично зборам на МСН поубаво е.Од фејсбук бев зависна ама ете здосади веќе. Сеа на фемина и на други сајтови висам .
Не сум зависна од фејсбук, се случува и по 3 дена да не го отворам, немам нешто претерано слики, а гледам некои имаат и по 10 албуми веќе, па ќе се натпреваруваме сега кој повеќе слики ставил или кој повеќе лајкови има, е тоа ми е многу глупо, е нема да се спуштам на тоа ниво да молам за лајк(никогаш). Од фемина сум зависна признавам, ама од фејс НЕ !
Мале јас порано бев мнооогу зависна од фб. 24/7. Но откога ги избришав сите игри фарма итн. ми беше супер ама ми се здосади така што пак си почнав 2 нови игри и сега на фб сум 1-2 часа на ден. Со фб контактирам со лугето ама и не толку често бидејки почесто контакитирам преку Скајп и сл. А и интернетот го користам на подобар и позабавен начин
Порано да,а сега ми стои приклучен ама ништо не правам.Сега фемина ми стана окупација и некои други сајтови и форуми
Зависна сум, отварам - затварам, отварам - затварам, а нема ништо ново и интересно, ама битно јас го отварам ФБ-от идиотски! Интересно е што на ФБ ми се само луѓе што ги знам, а на Фемина не знам ниту една девојка лично, а тука на форумот се чувствувам поубаво и порелаксирано, за разлика од трач-сеир-манијачкиот ФБ... Каде те демнат бивши, бивши на бившите.... Свашта
Исто. Знам дека нема ништо паметно, ама упорно правам рефреш. И да има нешто ново тоа ќе биде нешто идиотско од типот на што ќе ти каже баба ванѓа или рандом гатачка. Добро, барем сеир им фаќам на таквите. А за да ме демнат бивши, неможат пошо ми е наместено да не се гледа ништо. Исто не додавам секој на фејсбук. Само најблискиот круг на пријатели. Што има некој да ме додава кога ни два реда муабет немам со него. Одма ги игнорирам таквите и ич не мислам два пати. Фејсбук е корисен, ако знаеш правилно да го користиш. Се чудат зошто партнерот им се лути или зошто раскинуваат а накрцале преку 3 000 пријатели, што е невозможно да ги познаваат во живо или да си го имаат муабетот. Зависна сум, порано од игрите, посебно од фармата. Чекам да заврши овој месец да ми почне нов интернет за пак да ја играм пошо сега не ми ја отвара.
баш зарадои таа зависност,немам ФБ ниту пак сакам да имам, некако губење време ми е за џабе, затоа и не си направив. сите викаат дека е губење време и дека е досадно само манијачки работи,а пак сите отвараат цело време
искрено браво! Јас многу пати сакав и решавав да го избришам, ама ете, пак нешто ќе ме спречи, сакам некој да видам на слика,да видам новости, кој каде бил.... кога го направив на почетокот, по цел ден киснев. Сега веќе не седам толку, само проверувам и толку. Се чудам како може една социјална мрежа да делува толку антисоцијално врз младите, буквално преден план во животот да биде интернетот.
веќе не сум толку зависна од фб онка почна да ми станува досадно се вклуцувам еднаш или двапати дневнио колку да видам што има ново и толку за разлика од порано кога дремев цел ден и го губев времето
имам фб како и повеќето....и не се воопшто сметам за зависник...го користам само кога треба да се договарам за нешто и онака некој ако ми пише тука сум!!....и можам да издржам без него не ми претставува никаков проблем.......
хаха...исто и јас..од фемина почнувам ептен да станувам зависна...нема ден а да не се уклучам да видам што како нешто да пишам....
не сум зависник од интернет воопшто, па затоа не сум ниту од фб ниту од фемина. Еве денес решив да попишам нешто на феминашто не значи дека утре ќе се вклучам