мене истото ова ми се случуваше на фб,па го прашав еден другар он се разбира у тоа и сигурно некој сакал да ти влезе на фб и се обидувал со различни пасворди и не му успеало и ти се блокирал фб не се нервирај ќе ти го пуштат за 2,3 дена и мене истото ми се деси
И јас бев зависник од фб се додека не го најдов сајтов кој ми помогна(фаламу на фб )да не киснам по цел ден на фб и да сватам дека има и нешто друго интерено како фемина
Не сум зависник али сакам да ги избришам..али немам сили..се се врти некако околу него како да го сторам тоа??
Не сум некој голем зависник од фејсбук. Познавам другарки кои се апсолутни зависници од фејсбук и дури и од на мобилен влегуваат кога не се дома.
Јас бев зависник од фејсбук и се изнервирав што во слободното скапоцено време само на фејсбук да се седело и го избришав
Ма каков facebook, тотално губење време. Катастрофа. Никаква приватност. Како може на некого да си му интересен или да открива нови работи за тебе, кога се имаш кажано на facebook. Малограѓанство, портарење... И само за тоа се зборува. "eееееееј виде на facebook?" Пфф.. Интернетот е мнооооогу корисен за еден тон дури работи. Facebook own:
Јас сум голем зависник од фб мислам дека неможам ни 5 мин без фб и да видам дали имам нови известувања,коментари на слики и што се уште не како тоа да е најбитно.Треба да почнам да учам и никако да седнам некако како цело време фб-ков да ме влече а ништо посебно не правам home-profile ве молам кажете ми лек против оваа зависност?
исто и јас сум така нема саат а да не бидам на фб дури кога не сум дома на мобилен се уклучувам да не имам случајно некое известување. Исто така и игра една што најдов нова таман си реков готово не играм ништо и јаде пак Мислам дека нема лек
Искрено, јас немам ФБ профил и мислам дека нема ни да направам. Некако глупава ми е целата таа работа. Така да не сум зависник од ФБ
Не гледам на фб како зависност туку како потреба! па за се се информирам на фб (факс, договори со другарки, настани, симпатии... ) Не можам да замислам како би функционирала без фб. Фб ис мај лајф!
Јас да се ПОФАЛАМ веќе неколку дена ми е деактивиран профилот и уште се држам, не ме има фатено криза да го активирам Да ми поминат полагањава ќе го активирам пак.
па можи да се речи дека сум зависна, пр. пошо сите другарки ми се ваму-таму моментално разбегани и тоа ни е едниственото сретство преку кое комуницираме (за жал) се додека не се вратиме дома па да се видиме во живо
ах тој фејсбук не ме фаќаајте за збор ама мисалм дека веќе има еден месец како го дезактивирав баш и кажав во сдк. но дури и кога имав не бев зависник отсекогаш го мразев. пред неколку години додека студирав другарка ми од една далечна арапска земја имаше фб и ми покажа мене селанче што е тоа, и воопшто не ме привлече, мајка татко баба сите нејзини имаа фб јас се чудев, решив да отворам фб бидејки преку лето кога не бевме заедно не ми одговараше на меил и знаев дека на фб нема да промашам да ја видам и така се деси. никогаш ништо не играв се случиваше денови да поминат да не отворам немав интересни работи абе глупо ми е ама пусто пријатели од странство... ама ми пукна еден ден филмот разделив мсн и скајп на најблиските и чао пријатно, искрено не ми фали, немам потреба да знам што му се случува на сите во секој ден од животот. си функционирам и вака и баш ми е гајле
Здраво јас сум маченце85 и сум зависник од ФБ. Нон стоп ми е отворен профилот,ма нема врска дали седам на компјутер или само минувам и му мавам рефреш,демек да не има нешто ново.. За мене ептен важи онаа..фејсбук ви е како фрижидер,знаеме дека се нема ништо сменето, а пак го проверуваме на секој 5 минути