...и тоа огромна.. Не заради него,туку заради тоа што јас дозволив да ми одзема скапоцено време од животот воопшто,ја утнав прво матурата,и скоро и факултетот.. Затоа и превзедов мерки. И реков на мојата,така построга сестричка,да ми го деактивира и да ми го смени пасвордот,за да не можам ни јас да си го активирам ако ми се присака... Еве скоро 5 дена сум без него. Да ви кажам,многу се чувствувам поубаво..И тоа е само една од промените кои ќе ми дојдат добро. ОТКАЧЕТЕ ГО ФЕЈСБУК,ТОА Е САМО ЕДЕН ВИРТУЕЛЕН СВЕТ ВО КОИ СМЕ ЗАРОБЕНИ,А МОЖЕБИ НЕ ЧУВСТВУВАМЕ ДЕКА Е ТАКА!
Имам фејсбук подолго време и редовно го користам. Ми помогна да исконтактирам со роднини во странство, со другар(к)и со кои не бев во контакт пред фејсбук. И се ќе беше убаво ако не му влезев во штос. Дури го научив како работи едвај половина час бев онлајн, а сега....сега не можам да станам од на компјутер. Барам нешто на нет, фејсбук уклучен, работам нешто, фејсбук уклучен, пишувам на форумов ( ) фејсбук уклучен. Станав зависна. Сакам да се откажам ама никако да се решам еден ден да не седнам на фејсбук. Штом уклучам компјутер одма и фејсбук. Грда навика...за се можам да не најдам време, ама за фејсбук време во изобилие.... Се навлеков ко на дрога....хахаххахахах
... Не ми е некоја зависност, повеќе би рекла дека ми стана веќе навика. Се уклучувам на нет, и веднаш по некоја инерција пишувам фејсбук а веднаш потоа и нашата фемина. А не од што правам нешто. Само ќе се уклучам и ако некој ми треба ќе му пишам на чет или он мене ќе ми пише. Порано објавував многу песни и менував статуси на пет минути и сакав да имам повеќе лајкови на пример (но никогаш не сум молела за нив!) A и сега гледам тоа шема станало, да се моли за лајк. Значи, јас имам фејсбук само заради таа причина што сите мои другарки и потребни контакти ми се на фб и секогаш можам да исконтактирам со нив. На пример ако не можам некого да го најдам дома или да исконтактирам со него преку телефон, скоро секогаш можам да го најдам на фејсбук. A еве и сега сум уклучена на фејсбук, ама ништо не правам.
Не ми е баш зависност туку повеќе како занимација. Покрај на Фемина се вклучувам и таму, околу десет-петнаесет минути разгледувам што има ново и да видам некој да не ми пишал во инбокс и потоа го оставам така уклучен и разгледувам на други страни. Фејсбукот го чувам поради тоа што преку него имам контакт со многу роднини кои се предалеку од мене, а така редовно си пишуваме и одржуваме контакт. На Фејсбук и всушност дознав дека имам втори братучетки кои не знаев дека постојат, така што донекаде е добра работа Фејсбукот, иако не, сметам дека не ми е зависност.
Веќе извесен период намалувам со користење на виртуелнава напаст. Ретко апдејтувам новости, четот речиси и да не го користам, а ми служи само за да видам некој интересен линк кај некој/а од другар(к)ите или некоја убава песна... А, и да, за незаборавните сатирични коментари, тие никогаш не застаруваат.
Порано бев повеќе активна. Но, во последно време не сум толку активна и не ми се допага толку многу Фејсбукот
Го имав ФБ уште од пред 4 години можам да кажам дека на почетокот беше многу поразличен од сега, безбедноста на информациите беше многу поголема. Пред некое време го избришав стварно многу време ми одземаше и од ред ред други работи
Се уклучувам на интернет и дирекно фејс. Но гледам само дали ми пишал некој, што има ново и толку. 15 минути. После цело време додека сум пред компјутер сум овде. Само ако ми треба некој да се договориме нешто пишувам таму ако се уклучени. Порано бев ко зависна од него. А сега ми се намали интересот па повеќе време поминувам овде, на гугл и јутуб.
Искрено, Фејсбукот е Божја работа!! Ми овозможува да останам во контакт со луѓето кои ми се важни! Според мене тој може и тоа како да биде зависност, но АКО се употребува како што треба, а не за фармички, покер, виртуелни кафиња и милион други глупости за губење време, знае да биде повеќе од корисен. И ако не можеш да се контролираш самиот и да решиш што ќе правиш и дали ќе си го трошиш времето залудно, фејсбук не е изговор. Ако не беше фб, ќе беше нешто друго.
Навика ми стана дури се нервирам некогаш све тоа па тоа стои на news feed и си велам ееееј зашо уопште се уклучуваш? некогаш ќе ми дојде да го избришам ама ајде нека стои си велам следно сакам да ги избришам сите слики и само профајл пикт.да ми стои.ги избришав сите од пријатели што сум ги прифаќала без веза сега ги имам само тие што ги знам.ајде ќе дојде денот кога фб ќе излезе од мода
Имав до пред скоро една година, но го избришав. Не чувствувам никаква потреба од фејсбук и не планирам повторно да си отворам. Животот е поубав без фејсбук, со оглед на тоа што постојат и подобри начини на комуникација.
јас кога ке седнам на компјутеро обавезно го уклучувам и фб али не се замарам мн со него ако ми пише некој ке си попишам сликички нешто си ставам коментирам а со игри на фб не се замарам........велат дека до 15 март и ке немало фб
ааах тој фејсбукот баш ми беше убаво без него ама сега па уште поубаво ми е Што е зависност е, ама ако се користи во рационални мерки тогаш се е ок. Па се е корисно ако е умерено ми овозможува да останам во контакт со оние кои ги сакам а не ми се блиску А за она општо мислење што преовладува да имаш 5000 и повеќе пријатели тоа ти стрес игрите сите блокирани ама она јас не сум јас ако не искоментирам - цело е к'о за мене kisses
Полека но сигурно решив да го избришам профилот-но трајно...се надевам неделава ќе биде,држете ми среќа
Facebook е како цигарите, свесен си дека се лоша работа, ги мразиш но не можеш без нив. Минувам доста време на ФБ, со 300 сили се борам да не го отворам, али коа ке го отворам амин станување. Прво глеам кој шо објавил, кој ставил нови слики и после си почнувам со игричките.
Повеќе сум зависник од фемина . Морам секој ден да видам кој што пишал,на кој му е роденден да честитам,се отворила ли нова тема и така...Фејсбук ми стои уклучен и само еднаш ќе видам и после по пола саат. Игри не играм,порано играв ама ми здосадија,немам 5000 пријатели,не молам за лајк...И така