фб отварам само ради сестра ми и другарки бидејки некогаш ги мрзи да отворат скајп..слика имам само една некогаш играм покер али тоа е само кога немам што да правам или не ми се спие,имам само 160 пријатели а тоа се...другарки пријатели и роднини немам некој кој не го знам се ми е тоа ужи круг...и не разбирам како некои начукуват по 4000-5000 пријатели а 80% не ги ни знат или не ни комуницират со нив во нормалниот живот...
Овој фб е крив за се...па не можаам раат да си го живеам животов..појди-дојди да видам на фб..ново-старо..инбокс,чат...и 300 глупости кај го измислија..што убаво ми беше без него..Имам издржано 5 дена без фб..аама заради што бев во друга земја..инаку..на секој 2 часа...можеби и помлаку..и правец фб.Првото нешто што уклучувам кога го уклучувам комп. е фб..дури и ако треба домашна да пишувам...фб пред се.. ...а не сакам..ми се чини дека станав зависна..ах....
вооопшто не сум зависна од фб, има со месеци не се уклучувам буквално заборавам дека го имам, бидјеќи се презаситив од такви страници сега ми се тапа. моментално сум зависна од форуми, youtube таму си имам профил, модниве странци како looklet, polyvore, mytaaz и panoramio, кои се сто пати поинтересни од фб.
Мислам дека сум зависна од фб во буквална смисла на зборот затоа што не можам без него. Кога седнувам пред компјутер првото нешто што го отварам е фб, сите пријатели ми се таму и така... добро е и за одржување на контакти. Ама свесна сум дека некогаш претерувам и тоа не е добро. Сум издржала најмногу 2 недели без да се уклучам и тоа затоа што бев во друга земја и немав можност. Се надевам дека за брзо време ќе намалам со фб.
Обавезно секој ден сум уклучена Не дека седам пред компијутер туку онака прво станување сабајле се уклучувам па дури пред спиење се гасам Ми стана навика
Имав фејсбук.. но веке немам.. и јас бев зависник од тоа, на ден мораше барем еднаш да влезам, но веке немам (го деактивирав) и убаво ми е без него, мислев дека нема да можам да издржам без него, но сега сватив.. вака е подобро
Па, зависност... што знам, не дека не можам без фејсбук... ама кога можам, прво тоа вклучувам Го користам за повеќе работи... пример, за роднини кои живеат на други континенти, барем на слика можеш да ги видиш... или пак,... за школо, кога има некоја новина, веднаш на фб се пишува... корисен е се разбира, ама не треба да се претера со оставање статуси секој саат и тоа од типот - се бањам... уау, стварно, од вцто ли пишуваш Имам една другарка која си го избриша,... и гледам сега пак го активираше... ја прашав зошто, и ми рече... најискрено, се чувствував изолирана, сите нови работи,... било некој евент, или нешто материјал за школо кога си праќаме... се јас последна дознавам и едноставно чувствувам дека не сум во тек со настаните...
Ако има групна терапија за зависници од фб со задоволство ке им се приклучам на сесиите зошто сум З А В И С Н А од фб...... Мада, деновиве не киснам толку на фб си имам и попаметни работи
Користам Фејзбук но не сум зависник. На него седам 2 часа дневно најмаксимално . Всушност, више и Фејзбукот стана здодевен, ќе уклучиш, почетна, инбокс, известувања, малце слики и коментари, и толку
Порано, кога имав многу за учење или многу работа, морав да го избришам. -.- Сега тазе ми е фб отворен, ама не сум зависна од него...
Животот ти се врти околу facebook? Извини, ама тоа не е нормално. Факт е дека facebook како и twitter станува животна навика, што мора да се спречи! Јас не сум зависна. Не сум играла игри, правела квизчиња за мои пријатели и ред други работи. Точно е дека постојано е уклучен дури и да не сум дома. Ете така си седи ради реда и троши струја упалениот компјутер. Имав обид пред месец дена кога го избришав и веднаш го активирав наредниот ден поради групата на мојот клас каде се договараме за тестови, испрашување, излегувања сите на куп... Сега не гледам причина зошто да го избришам кога не трошам саати седејќи на facebook, напротив. Многу повеќе трошам тука на форумов. Едноставно facebook помага во социализација и е полесна комуникација, така што не планирам да го избришам во скоро време. А зависно? Нема никаква.
Не, не сум воопшто зависна.Иако знам да го оставам оклучен да стои по цел ден. Го користам за полесна комуникација и пронаоѓање на пријателите. Мислам дека и без него би можела..
Не знам шо толку некои луѓе напнале дека ние младите сме биле зависни од фб , мислам мене фб воопшто не ми претставува зависност, а во последно време ретко и седам на фб... онака кога немам шо да праам, анема шанси да ги запоставувам другите работи само за да седнам на фб..
Имам фејсбук, но на него освен кога ќе видам дали има нешто ново се задржувам само доколку се договарам со некого нешто. Немам потреба да го бришам, ниту губам време на него ниту сум зависна од него.
порано за да не станам зависна го деактивирав постојано и искрено воопшто не се замарав ни што има ни како има потоа го избришав скроз воопшто не користев после тоа си направив нов само за полесна комуникација искрено а и не ми е којзнае колку корисен имам мал број на пријатели скоро сите познати се улкучвам гледам што како и толку ретко кога може да ме најде некој на чат скоро никогаш ...
Според мене Facebook е најголемата глупост што постои на денешницата Наместо да биде мрежа каде што навистина можеш да разбереш нешто корисно,претворен е во една голема мизерија.Од едно огромно лицемерие не гледам ништо повеќе тука. Преплавен е со лигушење од типот на те сакам,кисс4е...итн,а уствари во приватниот живот не се ни поздравуваат. Е добро, ако сакаш да влегуваш во туѓата приватност кој со кого е во врска,кој со кого се скарал,кај бил,кај се напил сокче,кај се напил пиво,кај си извршил нужда,Facebook е најдоброто место Најмногу ме иритира некои што при секое излегување од дома прават по милион фотографии и веднаш ставаат се на Facebook (познавам една таква ) и имаат по милион албуми.Добро бе луѓе стварно не сваќате дека е мизерно? Стави неколку слики да се знае од кого е профилот и доволно е. Се на се го деактивирав мојот профил уште одамна.Мојот живот не се врти околу Facebook,a ни тој околу мене!
Да, нажалост. Ама сега поинтересно ми стана на Фемина, него ли на Фејсбук. Којзнае можеби и ќе го избришам привремено.
Не би рекла дека сум зависна. Наоѓам многу поинтересни работи за правење кои не се на интернет. Фејсбум имам бидејќи знае да биде интересно и таму, и многу полесно се одржува контакт со личности кои не се блиску, но никогаш не сум била зависна од него