1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зависност од Facebook

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од meredith, 18 април 2010.

  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Не сум зависна од фејсбук, нон-стоп ми е уклучен,ама не седам по цел ден и ноќ на компјутер. За пријатели ги имам само некои роднини и другарки, и некои феминки, кога имам потреба со нив си пишувам, непознати немам за да ме замараат и супер ми е вака.
     
  2. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Не сум зависна од фејсбук, дури веќе досаден е и нема што да правам на него. Сега го користам само од навика, и така ми стои уклучен се додека не се јави некој на чат. :)

    Незнам прво што ми беше толку интересен. Нема што да правиш освен да гледаш нечии фотографии, па како биле облечени, каде биле, како биле да се коментира. |( Ваков тип на коментари секојдневно ги слушам така да и дома сама да си се опседнувам со тоа, не фала. :^)

    Глупав е , досаден е и непотребен. Далеко поубаво ни беше пред да се појави оваа социјална мрежа која се рашири низ сите како некој најлош вирус.
    Ни си со него, ни си без него. Да се решам на деактивирање или бришење не бива, има некои луѓе се толку опседнати со него па да не е фб ќе неможе да се дојде до нив и ќе треба сите контакти да ги прекинеме.
    Исто тука се и роднините, пријателите кои ги имам ширум светот па фејсбукот е единствениот кој не поврзува за привремено да комуницираме. Тоа ти е. :|

    Останува само сите да се свестат дека фејсбукот не е ништо повеќе од една социјална мрежа во која се се одвива во еден виртуелен свет и да излезат надвор и да започнат да живеат во оној вистинскиот, реален свет. ;)
     
  3. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
    отвориб фејзбук зошто сите ме молеа :D но не сум зависник
     
  4. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Не ми бил потребен facebook ни порано ни сега но го отворив за подобра комуникација нели да не ги барам на секое другарките по телефон :D
    Иначе отворам facebook само да видам inbox и нешто ново онака на 5 минутки колку да знам што се случва во тој виртуелен свет :lol:
     
  5. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    600
    Пол:
    Женски
    Не сум зависна! у текот на денот дали 1 саат сум на него,веќе искрено ми е здосаден и го користам единствено што можам да пишувам групни пораки и полесно да се договарам со луѓево за било што,или пак на чет нешто чат пат ако работи и воопшто да се информирам за некој настани! толку.. ;)
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Интернетот и фејсбукот колку што знаат да бидат корисни, исто толку можат да бидат и спротивното ако не знаеш да го користиш. 3000 илјади пријатели, статус на 2 часа, лајк на секоја можна слика и коментар под секоја слика на другарките кисче, цмокче, најубави сме аwwww, избор најубави очи, најубаво тело, најубаво бебе, најубава рака, гледање на кафе, на колку години ќе се омажиш ...
    АМАН |(

    Си имам доволен мал број пријатели на Фб 90% вистински познаници и 10% виртуелни.
    Ниеден апла непознат не сум аднала, што ќе ми е?
    Со другарките за излегување си се договараме, со колегите си кажуваме што има ново, со братучетки 50 години што не сум ги видела се најдовме. Ме аднува тип згоден 8) и таман да го одбијам гледам многу заеднички пријатели, оп да ти бил братучет. Побогу да не беше ФБ немаше да знам како изгледаат пола роднини.
    Да си гледам што има ново секој ден, ако ми е уклучен компјутерот ќе ѕирнам за известување, си лајкнувам слики и албуми на мои блиски ако стварно ми се допаѓаат, да знам следен пат кога ќе ги видам што да ги прашам :D . Се напнувам кога ми стигнуваат 10 ивенти и 30 апликации за игри, ептен ме нервира тоа, среќа пола ги забранив.
    Да и си споделувам и слики со моите пријатели, статусот е реткост кај мене со исклучоци, а ако ме види некој на чет значи претерано многу ми е досадно. :lol:
    Се што е умерено е добро, се што е претерано не чини.
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Не сум зависна. Повеке го користам кога нема што да правам па да видам што има ново едно друго :)
     
  8. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Порано ептен бев зависна , веќе не и мило ми е заради тоа :)
     
  9. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ич не сум зависна од фејсбук, отварам да видам известувања, инбокс и во групата од класот да не има нешто ново, или пак треба да се договорам со другарки за излегување и слично. Немам многу пријатели, ниту албуми и слики од секоја вечер. :D
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Зависност? Не. Секојдневие? Да.
    Сите луѓе ми се на едно купче таму. Фејсбукот го проверувам често како и Gmail-от. Кој не ми пишал мејл, сигурно ми пратил порака на ФБ. Со новово телефонче и можноста на гага сурфање по кафичите, уште повеќе сакам да се ставам онлајн особено кога немам нет по дома, или сум на шетање па не постигам да седнам на лаптоп. Особено ми е интересна опцијата check in - не дека ми е за фалење дека Phyramide is @ Izlet, мислиш во Њу Јорк сум, него ко мало дете бре си играм со тоа опциите на телефонот :D
    Фала богу немам меѓу пријателите никој кој би ме иритирал со својата активност на ФБ - инаку не би биле мои пријатели, зарем не? :) Па така можам да кажам дека со задоволство го отварам фејсбукот и особено имам неколку профили од другари кои со задоволство ги следам, особено нивните статуси и линкови на песни. Жими се, да имав можност да ви направам share на нечии статуси, со задоволство ќе го направев тоа, затоа што колку што знаат да ме воодушеват со својата интелигенција и смисол за хумор моите пријатели, ретко кој може. Да ме насмеат исто така :) Толку оригинални мисли исплукани на едно место, да си речеш - нели е за греота вакви паметни работи да се пишуваат на ФБ? Ама не е. Таквите профили го прават тоа виртуелно планетче попријатно и поубаво. А не статуси од стилот на - со срцката ќе идеме на кафе, weweeeeee |(
    Неколку дискусии исто што се водат кај мене под фотките или под линковите се priceless. Не еднаш ми пукнало мешето од смеење.

    Значи пред се ФБ ми е начин на одржување контакт со луѓето кои не се географски блиску до мене, начин на релаксирање, забава....па и да видам некоја другарка што има ново шпартајќи низ нејзините фотки, што има врска?! Макар имала и 100 албуми не ми пречи. Другарка ми е и сакам да видам што и се случува. Сигурно постирала фотки од таа причина а не за да се фали или да „моли за лајк“ - боже прости ми, овие што сме постара генерација сеуште немаме поим што значи тоа :D

    Игнорирам договарања и муабети преку ФБ со другарки кои живеат на 10 минути пешки од мене. Сто пати сум им кажала - дигни телефон или прати титка да му се сневиди, ќе ти се јавам! Не ми пишувај на ФБ! Уствари една таква имам, и си знае - ама сепак не ги менува своите навики и јас ко за лекција игнорирам некои нејзини предлози за излегување. Нека се научи на ред :devil:

    Стои уклучен кога сум дома, преку ден го немам бидејќи ми е блокиран на работа, не гризам нокти заради тоа што го немам, не ми пречи и не ме иритира, затоа што сите мои пријатели го користат со ум и на интересен начин. А пред се како основно средство за комуникација и забава.
    Што би рекол еден мој другар, ах го обожавам човеков за неговата интелигенција - Facebook is to keep in touch with people that are out of your real life :D
    Па мислам дека е релативно во право човеков :)
     
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    никако не сум зависна од оваа бизнис компанија :D
    за договори да :)
    досега многу пати го имам деактивирано и уште овој месец па планирам конечно да се осодбодам од ова чудо,кај го направив кај се запустив
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Го имам скоро две години, и уште на почетокот не се притресував многу, многу.
    Ставав по некоја слика, тук-таму некоја досетка на статус, ако сум расположена некое видео и тоа е тоа.

    Пријатели имам дури 167 (сега го отворив да видам), што роднини, што соученици, пријатели и по некој познаник.
    Воглавно со сите нив ако ништо повеќе имам барем една заедничка точка, но малку ми беше тоа ги подредив и во групи, имам некои роднини од странство кои ми се подалечни и некои други тетки и стрини кои ете несакам да ми ги читаат моите перверзни статуси. Прво никогаш не ме виделе, освен на сликите и да ми читаат мои глупости :shake: .
    Како и мали братучетчиња, од 8-9 години да чита некој мрсен виц, и после ми вика „Ама тете јас незнам пак зошто биберот служи за спиење :x “.

    Не сум зависна од Фб, далеку од тоа едноставно го користам зошто преку него комуницирам со луѓето кои се подалеку, па поради тоа и проверувам што се случува, што има ново и сл.

    Морам да кажам дека мене од такт се вадам со она Чек ин, ауууу седи на кафе на ул.Македонија, оп чек, после отишол во Лениноваа пак чек... како мислиш шета по Шанзелизе па лиги ќе ни прави фалејки се.
    Јас сфаќам да се чекираш на одмор, во друг град, земја и сл. а не на секоја локација кај што ќе начекаш ви-фи, или Трајанка чек ин @Кај Маца пиеме кафе и јадеме бостан...
    Па ме заболе и за кафињата и за бостанот, но и не би било толку трагично после неколку часа истото да го повторат но овојпат во статус (Пребав бостан и кафе кај Маца @Tрајанка)

    Таквите одма римов фром френдс, не трпам јас некој почетна да ми ја полни со кафиња, бостан, квизови, апликации и сл.
     
  13. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Првите месеци кога го направив профилот киснев на ФБ пошто ми беше интересно и ново. Сеага фала богу во денот одвојувам од 2 до 5 минути на овој затвор и на чат сум секогаш исклучена освен за 3-4 души кои ги имам ставено во посебна група, е за нив сум секогаш on-line зошто тоа се луѓе со кои ми е милина да си напраам муабет и не замараат.
     
  14. peperut4ee

    peperut4ee Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    И јас сум многу голем зависник од фејсбук и никако не можам да не се приклучам во текот на денот. Не седам во разговор многу ама ете пак сум голем зависник :(
     
  15. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
  16. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    тоа е тоа! :D
     
  17. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    ПОрано бев повеќе сега некако се контролирам, си имам побитни работи, и решив повеќе пријателство во живо отколку преку фб, зашто веќче забораивме како се праи муабет салам во живо очи во очи деее :)
     
  18. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    се уклучувам ама не сум толку голем зависник како што ги има некои :D некако мие безвезе да седам по цел ден или цела вечер на фејсбук
     
  19. Skorpija87

    Skorpija87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    68
    изгледа сум единствена што нама фб и неме привлекува воопшто некогаш преку профилот на другарками се најавувам за некои особи ако се уклучени ( ги има за пријатели поради мене мои роднини) и така :)
     
  20. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    НАМАМ ФЕЈСБУК И НЕ МИ ТРЕБА!!!
    Колку е корисен, толку е и штетен.
    Колку поврзува луѓе, толку и разделува.

    :rock: