Седан на фб кога немам за учење. Прво ќе научам се што треба, а потоа седам на фб. Не ќе научиме нешто од него освен кој со кого е во врска. И јас сум зависник но се котролирам си викам прво научи па седи на фб
Како беше она Шта Бог састаје Фејсбук растаје Не знам никогаш не сум била зависна од ова . и не можам да сфатам зависна сум па избриши го де ќе видиш пак ќе преживееш и без него . Јас мојов си го деактивате на не знам кое време малку ми е доста од социјализација ваква ... ?и така ме немаше вака нема да имаат пристап никаков до мене... По мојот ремонт кој ќе следи во најскоро време , на слики и пријатели (напори ) со нивните мизерни лигавења, статуси, проституција на фб . мислам се ќе си биде поубаво И да не сум против фб тој е корисен и добар за луѓе што знаат да го користат . Стоам зад тоа се што е претерано не чини
Јас фејсбук го имам направено пред 2-3 години.. И од тогаш секој ден се уклучувам, значи "мора да видам што има ново".. Лошо е тоа што го губиме времето на фејсбук, али пак има и позитивна страна - стекнав нови пријателства.. Бев зависна од фесбук, признавам, али со текот на времето се одвикнав од него и еве пред 1 час го деактивирав
во последно време како што слушам повеќе разделби отколку спојувања неможам да повервам луѓето на каква глупост губат вредни работи ама тоа ти е
Имам фејсбук, ама фала богу не сум зависна. Го користев порано повеќе, но сега служи само за слушање со роднини што не живеат тука, и за договарање за искачање. Сега дури и ми е деактивиран, зошто е веќе досаден. Страшно е кога ќе гледаш како некој цел живот му поминува само на кликање на маусот, зјапање - манијачење на слики правени на фотошоп, споделување на многу лични детали од животот кои само малку луѓе би требало да ги знаат, а не цела јавност. Уште пострашно е кога ќе видиш малецки дечиња кои би требало да си играат надвор на улица и со кукли - а тие дремат пред компјутер. Многу брзаат да пораснат, а фејсбукот само им го прави тоа подостапно.
Не сум воопшто зависна од фејсбукот.Го деактивирав пред недела дена и не планирам во скора иднина да гои вракам.Освен што ми одземаше повеке од времето заради него ме факаше и депресија па решив да одмарам малку.
Да премногу сум зависна.Сега баш акаунтот ми го прават нешто,account temporarily unavailable и секоја секунда се уклучувам да видам дали ми го поправиле и одам по други сајтови,ама ништо не ми е интересно како фб
Одкако имам профил на Фемина, ич не сум зависна. Ама некои ги немам на мсн, па морам да зборам со нив преку фб.
Jas sum golem zavisnik od fb. Koga nekoj kje mi kazhe deka mu e poubavo bez fb ok svakjam, no koga im e dosadno shto pravat ? jas sedam na fb, femina..
Од пред некое време не го ни отварам, на некои 3-4 дена евентуално, само гледам на кратко што има и одма гасам. Имаше период кога ми беше нон стоп уклучен (не дека правев нешто, само така си стоеше), а сега дури и го заборавам. Ме потсетува некој некогаш да видам некоја слика или линк, па се логирам да видам.
па сум зависник од фб, 24 часа сум онлајн ама поке би рекла дека е од навика отколку шо е интересно зато шо во последно ми е преееедосадно значи нема ништо !!!
Aко не седнам барем еднаш дневно се тресам и паѓам ко дијабетичар без инсулин Шала на страна,добив веќе хемороиди и искривен 'рбет од него
јас сум зависник од фасебоок но сега станав зависник од фемина фацебоок го посетувам 2-3 дневно по 10 минути
Воопшто не сум зависна од фејсбук, може да се случи и по 2-3 дена да не го вклучам, го вклучувам ако сакам некој да го исконтактирам а не ми е итно или немам кредит на мобилен. А некогаш го вклучам и останува вклучен цел ден а јас за ова време шетам, си гледам тв си правам се и сешто и на крај пред да го исклучам гледам луѓе лутно ми пишале зашто ги избегавам и не им враќам . Најблиските се навикнаа дека не враќам Ретко ретко дремам на ФБ.