јас само се уклушувам на фб само за да изиграм симс иначе порано бев зависник од фб но може да се каже дека сум веќе зависник од фемина
Дечко ми има една изрека. Не може ФБ да е посилно од мене. Така направи со цигарите и веќе 4 год. не пуши. Арно ама...мене не ми оди со ФБ баш така.Инсталирав дури и ФБ лимитер.Но кога сакаш пак го правиш достапен. Така да-се е до психата
Искрено бев зависна од Фејсбук подолго време ако не ве лажам цела година откако го направив.После веќе не се ни уклучував ама сега гледам како пак нешто да ме влече ама тоа ќе да е поради новиот другар на фб Се пуштам колку да проверам нешто да пишеш за школо и толку е
И јас сум голем зависник од фејсбук Не може да помине ден а јас да не седам барем 2 саати на фејсбук.
Па да не се лажеме, зависник сум си. Не многу тежок, можам да издржам неколку дена без него, меѓутоа секој ден си се ставам и знам да се задржам долго време. Иначе, не попуштам со школо ради него, трета смена седам само преку распуст и секогаш кога ќе дојдам од школо прво седнувам на фејсбук да видам шо има ново, па после се остало.
Не сум поќе зависник, иако порано бев, поќе сум од Фемина сега, Фејсбукот со тек на време, станва се поглуп и поглуп
Немам зависност од фејсбук, дури и досадно ми е. Влегувам само за да видам дали има нешто ново. Повеќе би кажала сега дека имам зависност од фемина.
порано кога бев почетничка бев зависна од фејсбук ама кратко траеше,сигурно сите сте имале таков период кога не сте сакале да се тргнете од столче сеа само се уклучувам за игрици за друго ништо или ќе ми одвлече внимание некој статус или слики
Далеку сум од зависна. Речиси и не се уклучувам многу, веќе ми досади се тоа па тоа. Понекогаш само ќе проверам што имам ново и ќе постирам некој линк ама не се задржувам многу долго. Четот ми е исклучен а кога имам нешто да пишам пишувам порака. Така да, воглавно не сум фб манијак. А порано морам да признаам дека бев доста заразена. Нон-стоп дремев на почетна, па постирав се и сешто. Во времето кога оние тестовите беа актуелни и што ти знам таму, бев 24/7 на Фејсбук. АМа ми досади сега, неколку пати и го деактивирав ама пак си го вратив. Сепак ми користи од време на време .
И јас не сум многу зависна од фб ,ама се уклучувам кога ќе ми затреба некој за да не му џвонам или за да кажам ај на скајп па таму да си муабетиме на раат
Бев зависна до пред некое врем и од ФБ и од игрите. Но во последно време воопшто не сум активна и супер ми е
Воопшто не сум зависна.Во текот на денот се палам 3-4 пати само на кратко за да видам што има и се гасам.Седењето на фб по цел ден ми е залудно потрошено време
Уффф да... Сум зависна и тоа како Во последно време и од форумов на фемина станувам зависна Лошо Лошо...