1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Загадувањето на воздухот во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 11 декември 2017.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Воздухот во Македонија е алармантно загаден. На тоа укажуваат мерните станици кои речиси секојдневно регистрираат загадување кое е повеќекратно над дозволеното. Поради тоа што воздухот е загаден со опасни честички, жителите на повеќе македонски општини дишат на „жабри”. Иако Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, е приспособен со строгите вредности од законодавството на Европската Унија, загадувањето на воздухот во Македонија со години е над европскиот стандард.

    Анализатa на Светската банка покажува дека високо индустријализираните центри како Скопје, Битола (енергетика), Кавадарци (металургија) и Миладиновци (рафинирање на сурова нафта) значајно придонесуваат за лошиот квалитет на воздухот. Проектот на Милиеуконтакт Македонија „Фотографирај и реагирај“ како најчести загадувачи ги посочува индустријата, старите возила, моторни горива во сообраќајот и греењето со дрва и јаглен. Состојбата во зима особено се влошува поради непостоење на гасоводен систем, а домаќинствата најчесто се греат на дрва бидејќи е најефтино. И старите возила многу загадуваат. Иако на сила се нормите Еуро 4, Македонија е преплавена со стари возила.

    Поради сето ова, поголемите градови во Македонија во зима се под „бели завеси” од нечист воздух.

    Загадувачите нанесуваат голема штета, но не секогаш ја плаќаат сметката

    Според анализата на Светска банка, во Македонија повеќе од 1.350 смртни случаи годишно се припишуваат на загадувањето со ситни честички, а неколку илјади работни места се губат поради хроничен бронхитис, астма или прием во болница. Невидливите загадувачки суспендирани честички се опасни по здравјето на човекот. Најкритични во Македонија се ПМ10 и ПМ2,5 загадувачките честички со дијаметар помал од 10 μm. Со намалување на концентрациите на ПМ10 и ПМ2.5 до стандардот на ЕУ би се избегнале повеќе од 800 смртни случаи и илјадници загубени работни денови, а здравствените заштеди се проценуваат на 151 милион евра годишно.

    Кое е ваше мислење за загадувањето? Што би превземале за намалување на загадувањето? Кои се вашите идеи за намалување на загадувањето?

     
    На Purplelilac и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.583
    Епа загадувањето е резултат на тоа шо ѓубре народ сме.Разни мерки се превземаа,и па ништо.Не ни работе свеста на нас.Не сме уште запознаени изгледа уште со тоа дека ако е пешачеме е многу добро.Прво физички сме активни,после заштитуваме ја средината.Настрана тие гасови од фабриките.Различни хемикалии испуштаат,коли се возат цело време.Плус тоа,во ногу градови во Македонија нема градски превоз,а во Скопје е препуно.Статистиката е неверојатна ама џабе е се.Ќе се отруеме еден ден од тој воздух и ние сами ќе сме си криви.
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Не се дише луѓе..смета на плуќа гребе на грло..Не искачам на ладно и загадено ако не морам ама и тогаш кога ќе искочам ми се смачува..Ем дишам смог ем косата и облеката ми КОРНАТ на гадно.Поише ми мирисаат од воздухов него од цигарите.
    Оваа стварно не е нормално, нешто мора да се превземе со време.
     
    На celineparis, Јаневски и Asistentkа им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Сум бил во градови каде се поголеми, се наоѓаат на пониска надморска височина, имаат повеќе сообраќај а не се толку загадени. Не се гради според урбанистичкиот план туку како ќе им текне, сo тоа се попречуваат ветровите и што друго да очекуваме?
     
    На Asistentkа му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.948
    Пол:
    Женски
    Македонија изобилува со планини, ливади, плодна почва, а населена со ѓубре од народ што и покрај се дишеме загаден воздух.

    Тоа Скопјето се живо и диво го насели, едноставно нема повеќе капацитет, зарем не можеме да живемее како Словенија со скоро ист број на жители по број, но низ цела област распространето со народ?

    Решение да не се залажуваме не постои, веќе е прекасно, жртви секогаш ќе сме ние обичниот народ, а тек во иднина уште поголема пропаст ќе настане.
     
    На Aleksandar1212, krofnicka27, "Zoki" и 9 други им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637
    Нека трепка :*::*::*:
    mv.jpg

    Добро утро угушени.
     
    На "Zoki", cresa-jagoda, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Во Истамбул зградата уште недоправена што се вика, ама зелениот парк готов со трева, дрвја.
    Кај нас се што е зеленило се уништува за да се направи некоја градежна парцела. Кој како сака гради, доградува.
    Чудно ми е како во Скопје само се зборува за загадувањето, а ништо не се превзема. Жално е пак ќе спомнам на колку непотребни работи се обраќа внимание, а загадувањето кое и тоа како е важно некако како да се подзаборава.
     
    На Плавуша123, Feminka22, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Епа да земевме као народ, а не го измет шо сме, па ,, спонтано ,, да се соберевме да протестираме, за да се превземат мерки, да не одиме до дуќан со кола, да не чекавме плата од државна цицка, него да работиме у родниот град, па Скопје да се олабаи, да не палиме пластики и ќеси у ќумбе, да не се горат контењери и депонии, него да се рециклира, да работиме легално него на црно, па да пркне економијата и да си купиме асални коли, него ли увезени секнд хенд подвижни нуклеарни реактори, да не никнат згради ко печурки, и да се сече се шо е дрво, да не се сотрува цело Водно, да си стаиме плин на колата за 300 евра, и плус едно време беше и субвенционирано од Државата, и други ,, глупости ,, , може и ќе дишеме воздух...

    Вака, малце ни е и ако ние.
    Фмп.
     
    На ivi1987, "Zoki", sparklie и 17 други им се допаѓа ова.
  9. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    И најмалото зеленило во градот што беше го уништија... Ми текнува дека студенти се бунеа и протестираа за да ги остават дрвјата пред факултет, ама бившиот градоначалник Коце во 4 сабајле донесе луѓе и ги откорна дрвјата.

    Низ град кај што имаше дрвја, сега има споменици... Тогаш не се крена галама кога ги корнеа на секој чекор единствените прочистувачи на воздухот, туку сега се бунат да не ги тргнат спомениците.

    Треба филтри да се стават на сите фабрики, треба сите домаќинства со централно греење да го загреваат домот, а не со шпорети и печки... Нека има попусти за плаќање на парно, и задолжително во секој дом.
    Нека се вози пар - не пар.

    Луѓето за да останат по градовите треба да инвестира некој, без работа што да прават?
    А кај се видело пола население да живее во главниот град?

    Може да се преземат мерки ама ако се сака... А јас сега за сега не гледам ни овие, а ни претходните 11 години да се трудат за нешто....туку напротив, секое дрвце го уништија и баш им е гајле.
     
    На elenaxbbg, cresa-jagoda, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.
  10. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Не е примерот само со Истамбул за градење зграда и паралелно парк, секаде е така, во секоја нормална држава големите градови изобилуваат со зеленило, и во центарот и во населбите надвор од центарот, и во подалечните предградија. Не е поентата само неплански да се пресече секое дрвце што ќе ти се најде на патот. Ова со зеленилото е само мал дел од проблемот, како што пиша и Гош погоре, многу мерки се потребни за да се смени нешто. Најпрво свеста на граѓаните дека треба малку поодговорно да се грижат за средината, да не се уништува и она што останало неуништено. И проблемот не е од сега, туку со години наназад воопшто не се размислувало што си правиме на средината во која живееме.

    @JollyGirl попусти за плаќање парно....хах. Научна фантастика е тоа за нас. Несфатливо скапо. За стан од 100 квадрати плаќавме 5000 денари, а навечер беше ѕивра ладно, ко надвор да спиеме. Да можат за 300% ќе ги качат сметките, а за исто толку ќе го намалат квалитетот на услугата.
     
    На cresa-jagoda, Bozica1980 и JollyGirl им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    Прво развивање и подршка на приватен сектор во другите градови во државата со пристојни плати слични и како во Скопје. Ќе се растерети градот. Живеам во мал град, навечер мириса на чад, и во згради се грејат на дрва. Поефтино е, и така се навиканати. Живеам на 5 -ти кат и е тешко за греење со дрва. Соседите ми се прилично постари луѓе и макнат дрва до 5 - ти. А можат и на струја, можат да си дозволат, ама навиката останала. А и на постарите не им се докажува дека понекогаш е поисплатливо и поеколошки греењето на струја.
    Значи колку што е до државата, до непланското градење и сечење на зеленилото, толку е и до народот.
    Па и не се единствени.
    Масовен протест за итна гасификација. Бојкот на наставата, секој ден па са видете како ќе преземат ведаш мерки.
     
    На Victorian, calliope, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Алармантен и вистински проблем кој засега секого, над партиските надмудрувања и демагогии.

    Претходната власт во Скопје направи масакр на дрвја, којзнае колку беа испосечени, а револтот се рачунаше како политички предизвикан.
    Фабрики без филтри, горење на депонии... сѐ тоа треба да се реши.
    Изградбата на рудницине ни у лудило не треба да продолжи. Супер што луѓето продолжија да протестираат без разлика на власта.

    Треба народ да се обедини и да преземе нешто за реални проблеми. По улици напаѓаат одредени агресивни улични кучиња и психопати се организираат тоа да го решат со расфрлање отрови, со години во повеќето поголеми градови мирисот на зима = мирис на чад и смог... а за што и од какви луѓе гледаме иницијатива и револт цела година? За некаков си ,,патриотизам“... еве вчера на одвратното време кога прст не се гледа, улици беа блокирани од некои што не знаат ни самите што бранат и за кого се брукаат.
    Тешко е со измешани приоритети...
     
    На calliope, "Zoki", kim.k и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Сите сакаме чист воздух ама на работа никој не оди со јавен превоз туку со сопствено возило. Греење со инвертери (кога веќе неаме гасоводи) е посиплатливо, ама не, мора парно на дрва со што двојна штета се прави, ем дрва се сечат ем се загадува од оџаците. За електронски сметки и воопшто документи сите сме скептични и не сакаме да ги користеме, демек да си имам јас црно на бело, колку само дрвја се сечат за да стигнат сметки на сите дома. Една голема топилница е пред затварање, буквално го угуши градот, причинител е на огромен број малигни заболувања, јавна тајна е дека инспектори се потплатувани пошто е поефтино него филтри да вртат 24/7 ама сега народот не вика нек се затвори туку сите се прегласни дека леб јадат од таму, да, ама и умираат од таму. Да беа тоолку гласни против загадувањето што го предизвиква таа топилница колку што се гласни сега против затварањето далеку подобро ќе беше. Јбг каков народ таква држава.
     
    На Bloom19, cresa-jagoda, DAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Ќе го земам Лондон за пример.
    Елита..
    Град над градовите во Еу.
    И дефинитивно е.
    Зошто?!
    Дојдете во Лондон.
    Ќе забележите најпрвин еден гигантски парк од мошне енормни размери.. а во него?
    Дрвја, трева, цвеќиња, садници и секако доволно персонал што секојдневно ги одржува овие благодети за сите нас, оти свесни биле луѓето може за нешто што ние не сме биле а ниту најмалку надлежните.
    Дојдете да видите колку коли има во центарот на градот.
    Ич. Само таксиња автобус и тук там некоја елита од до биг бен што се рашетува. Ама ако сакаш на одиш у центар со кола си плаќаш брат. Па рачунај дали ќе имаш секој ден да плаќаш високи суми.
    Е сега..
    Не дека околе наоколе од центар нема сообракај, има, и тоа енормен со тешки гужви и метежи што е својствено за цела англија оти .. и тука е пренатрупано ама ДРВЈА има, ливади има, има толку дрвја што просто е неверојатно за верување.
    Има свест од култура, има свест од одржавање на чиста околина, јас не познавам луѓе што палат оган дома сите сме на газ, за волја на вистината е далеку многу почиста варијанта, тука поефтина и попрактична.
    Да влечам дрва да се расправам, не фала.
    Не ми ни текнало никогаш на паметот.

    Значи, државата инвестира, се грижи за екстремно зеленило, насекаде е толку зелено што просто друга боја нема да видиш.

    Англија не знам пред колку години, ама се години наназад, била најзагадена во Еу. Ама Англија не е Македонија, политичарите не се Груевски и Заев, културата не е таа, менталитетот, финансиите, умешноста за менаџирање со се..
    Ставиле најпрвин филтри на ситр можни оџаци што чадат, се згрижиле за природата.
    И сега да.
    Е уваво.
    Има живот, зеленило, среќа, свежина..

    Искрено кога ги гледам овие податоци на интрнет се прашувам како ли македонија е уште жива со народ при волкави размери на загадување, како воопшто се фунционира, како се издржува и пред се како е можно овие политичари за се да ги бива само за решавање на најсериозните проблеми ич да не ги бива.
    Дали се нормални?
     
    На Victorian, calliope, celineparis и 9 други им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Кога немам избор јас морам да дојдам во загушливото ти Скопје, за да се драгаскам 2,5 часа во еден правец, за да ти ги уживаш бенефитите од данокот кој го плаќаме јас и другите граѓани на државата и на кој бенефити имаме подеднакво право како што имаш ти.
    Си ги преиспитувате ли некогаш постовите што ги пишувате?:headbang:
     
    Последна измена: 12 декември 2017
  16. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    Да, да, исто ко што морате да учите на Кирил у Скопје, а не на другите државни факултети, а ние на дисперзираните студии у Скопје... (fingers)

    И не мораш ич да ми доаѓаш у загушливово ми Скопје, коа и онака најверојатно работиш за минималец тука, исто ко што би работела и во твојот град.

    Иначе и ја плаќам данок...
     
    На ivi1987 и LaBella им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Леле Гош дај те молам.
    На кои други Универзитети?
    На фушерајот Тетовски или на УГД?
    Смешки...
     
    На Victorian, calliope, elenaxbbg и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.861
    Допаѓања:
    133.210
    Пол:
    Женски
    Не е загадено само Скопје, цела држава е ... ве молам не ја вртете темата на препукување кој е провинцијалец кој скопјанец
     
    На calliope, cresa-jagoda, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Остана уште само да додадеш дека провинцијалките ви ги крадат дечковците.:*
    Офтопик сум, бришете ми го постот.
     
  20. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Абе женски, некој оди во Скопје, некој бега од Скопје. Кој како ќе си ја нареди:D

    Живот можеш да имаш и во Скопје и во Берово .. и во Кратово... Ако си сам свој газда.
    Не може да чекаме работа да ни падне на готово, да не тресне по глава и да рече - кај си бе ти, те барав:emo:

    Скопје е премногу загадено, затоа ви се молам не го дозагадувајте:D бегајте подалеку од таа смрдеа:puke:
     
    На ivi1987, Vicorial, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.