Да бе, а за Скопјаниве шо идат на дисперзирани тука не се фушерајски...А и професорите шо предаваат таму, имаат завршено на УКИМ, така да сеедно...
Не е баш сеедно, не можеш да ги споредуваш Гоце Делчев и УКИМ. Критериумите не им се ни малку исти, тоа се гледа уште од уписните листи. Не ќе да е голем бројот на Скопјани запишани на Гоце Делчев во Скопје, барем уписните листи ги следев речиси секоја година. Укинати се веќе дисперзираните, така да не знам како ова би било релевантно. А личните фрустрации спрема определена категорија на луѓе тргни си ги на страна. Патем, не ми е јасно како студентите кои не се греат на дрва придонесуваат за загадување на воздухот ама ок...
Еднa oд мерките секaкo е пaр - не пaр, или сo другo име "сирoмaштијo тoa е тoa". Oд мoетo мaaлo дo нaјблискaтa aвтoбускa имaм 10-15 мин пешки..aј и oк. Дo центaр (рекoрд) требa дa сменaм 2 aвтoбуси (живеaм 3.5-4км oд центaр). Е тoa се мн пaри зa aвтoбус. Другo, имa мнoгу жени (кaкo мене) кoи јa имaaт тaa чест дa се пoтребнo зa дoмa, дoмкнaт сaми. СДК oвaa меркa би јa прифaтилa тoгaш кoгa секoе семејствo ќе пријaви пo еднo вoзилo. А дa си менувa Стaнкo кoли пaр не пaр, a јaс дa гo спaсувaм светoт ..не ми е oк. Дoдушa кoлку и дa не ми е oк, ќе пoчитувaм aкo се дoнесе тaквa меркa, зoштo не сум Стaнкo дa имaм 16 први брaтучеди вo пoлицијa.
Реално гледано Македонија (да не ја наречам Monkeydonia, ја нареков, упс) не инвестира во вакви работи или пак инвестира ама премногу малку. Јас лично сметам дека голем проблем би се решил доколку се воведе конечно гасификацијата на која ние чекаме со години а сигурно ќе овозможи исто така и помали сметки. Другите веќе споменаа дека треба да се постават исто така соодветни филтри на фабриките. Најголемиот проблем се возилата. Нажалост се возат коли кај нас кои не треба пример воопшто да се пуштат на улица зошто се стари (без разлика тоа што сте ги купиле за две илјади евра на старо), Македонија стана реално гледано депонија за стари возила. Во Америка а и во Германија имаше сега неодамна скандал со дизел-возилата на VW; се открија манипулации со софтверот кој е вграден во возилата и го регулира испуштањето на издувни гасови и поради тоа мораше пример VW да плаќа огромни казни и да повлече доста возила за да се изврши исправка на софтверот. А некои луѓе во Америка лежат и во затвор за овa веќе. Ама тоа се Америка и Германија, не е Македонија. Е сега замислете вие колку вакви возила се возат исто така во Македонија на пример. Еве, секое домаќинство не поседува на пример кола VW сепак, реално се возат премногу стари коли кои не треба воопшто да се возат. Ама и тука ги сфаќам луѓето донекаде. Втор проблем е несоодветната инфраструктура што ја имаме. Велите да се возат повеќе велосипеди, повеќе велосипеди не можат да се возат од проста причина што нема доволно велосипедски патеки а исто така нема и доволно патеки за пешачење. Трет проблем е културата и домашното воспитување. Извинете ама ние како народ немаме многу навики кои би требало да ги имаме. Кои се тие и самите ги знаете, да не ги набројувам тука на темава. Патем, тука забележав ги критикувате луѓето кои не протестираат за тоа да се затвори топилницата од која вадат плата за да скрпарат крај со крај. Критиката не ви е на место. Ќе беше на место доколку Македонија беше Утопија и имаше работа во изобилие. За жал нема и за тоа не се виновни луѓето туку години и години наназад промашените економски политики на сите претходни режими.
Вау, кој ,,разивток,, на дискусијата... Ако имаш време, прочитај мои мислења у темине за ,, провинцијалци ,, против ,, граѓани,, , и слични гупости, па после прај ми психолошки профили. Може и ако бидеме реални за некои прашања и не се лажеме себеси само за да бидеме политички коректни, ќе не биде и држава. Поздрав.
Колку што знам во Мк не смеат да се внесуваат возила постари од 2006? Или 2005? Тоа ти се коли десетина години стари, не се крш, може по светов сите нови автомобили од салон возат па само вие останавте со "кршот" од пред 10 години.
Не станува збор за никаков психолошки профил, немам време за такви глупости, а и ако ти си читала некои мои мислења и дискусии, би требало да знаеш дека не го правам тоа никогаш. Едноставно коментарот ти беше полн со негатива кон тие кои дошле да студираат тука и мојата реплика се однесуваше на тоа затоа што многу добро знам како стојат работите и на двата државни Универзитети, а ти како сакаш така толкувај го. Навистина не знам што се они криви кога никако не придонесуваат за загадувањето на воздухот. Немам што повеќе да додадам.
Сиромаштијата е најголем проблем па после се останато. Замисли сите луѓе да останат на улица и све што загадува да се затвори што ќе биде? Колапс. Замисли да оди секој еден со автобус, има капацитет скопје? Не. А и не е изводливо за сите реално гледано. Ама у Лондон сите скоро си идат со метро и бус па и оние "скоцкание" што оддалеку се гледаат каков живот живеат ама "што ќе рече народот" ја у автобус? Нема шанси. Смрди на испотени мишки. Има и такви не дека не, ама и нема капацитет од автобуси и линии нели. Плус кој ќе и се диви на спомениците и ќе докажува за историјата ако не градиме споменици а дрвјата не ги сечиме. Цк. Абе.. Што останува со купишта народ што се грее на дрва оти е најефтино а и да сакат парно нема финансии не е само да си збори. Да не зборуваме за оние најзагрозените.. Да така не е само до сиромаштијата и до гладните газови они дрва ќе ти садат и филтри ќе ти монтират коа можат у џеб да си стават. Ама и на ним толку и "сече" да размислат за иднината своја ама па и може така и одговара. Да се награбаат они па кој умре лесна му земја.
Ја го Стевчо ли кој беше дишел Швајцарски алпи у канцеларија ко демек "баланс" ќе држи у белите дробови за да не умре од загаденост.
Владата ете, може да субвенционира купување на апарати каков што имаше Стевчо или евентуално да субвенционира купување на гас-маски и боци со кислород.
За чија иднина да мислат?На сите големци што се нафатираа со украдена државна пара децата или им се на студии или на живеење во сранција.
Кај нас каде што сум јас е најефтино дафи. И не зборам на памет знам дека 80 посто од луѓето струјата не можат да си ја дозволат за жал иако очајно посакуваат. Прескапа им е за основни потреби како готвење и перење а не пак греење. И дрвата беа поефтини и тоа е точно ама сепак кога мерат меѓу двете дрвата натежнуваат за жал.
Да се греат најмногу на дрва, се согласувам. Ама за ефтини ама ич не се. Во просек 2800 се кубик дрвја, плус сечење/цепење /редење. Ние сме во стан па во просек месечно одат по 2 кубика. Башка струја за сметка. Беа ефтини кога цената се движеше 1500-2000ден. И струјата и дрјвата веќе се тука некаде со цената. Скоро па исто. Ефтино греење тука нема. Скапи се и пелетите, и гасот кој го воведоа кај нас.
Последниве години огревното дрво граничи со луксуз, да бидеме реални. А колку само придонесуваат во загадувањето на воздухот е друг муабет. Пред некоја година живеевме во стан и греењето ни беше на струја. За околу 75м2 ни испаѓаше многу поевтин есапот за греење отколку сега. За дом од околу 90м2 камион дрва не е доволен преку цела зима. Таму при крај некаде постојано се докупувале уште затоа што не стасува, поготово ако има многу студена зима. И плус, без разлика на тоа што котелот е напукан до даска и температурата е пуштена на повисоко, студено е ко во фрижидер. Сметката за парно кај мене и сметката за дрва кај моите испаѓаат речиси исти на годишно ниво. Нема ниту разлика - и тука и таму е студено навечер. Многу се поскапени дрвата и од година во година стануваат сè понеисплатлив начин на греење. Струја дефинитивно само за многу мали станови, зашто не се исплати парно или што и да е. Гасот ми звучи како океј варијанта, но немам читано ништо повеќе, знам само дека исто е скапа опција но ќе видиме од годинава и ќе споредиме со тоа што се плаќало изминатите години.
Проблемот со загадувањето е многу голем и малку е веројатно дека ќе се реши за кратко време. Единствено државата може да го реши, но тука доаѓа друг проблем, а тоа е следново: во сите државни институции има вработени т.н. експерти, кои што се примени по партиска или по роднинска линија, имаат купена диплома или се водат како вработени, а не одат на работа. Секоја чест на исклучоци. Во такви услови, дури и да има способни луѓе што би можеле да го решат проблемот, тие не можат да дојдат до израз од овие првите. Друга работа, секој што ќе дојде на власт се труди што е можно повеќе да се збогати, да украде, да го унапреди сопствениот бизнис, да помогне на свои луѓе итн. Никој не се грижи за општо добро. Пак ќе кажам, има исклучоци. Голем процент од народот живее во голема сиромаштија. Многу тешко се наоѓа работа, а многу од вработените земаат минимална плата. Од тука луѓето се приморани да најдат што е можно поефтин начин за греење. Се горат дрва, но има многу случаи каде што се горат пластики, стари гуми и друго ѓубре. Тие луѓе не се неедуцирани, туку се приморани на ваков чекор. Доколу се воведат контроли и парични казни во ваков случај мислам дека тоа нема воопшто да помоге, затоа што тие луѓе немаат пари да плаќаат казни и на крај би требало да завршат во затвор, што според мене не е вистинско решение. Контроли и казни треба да има за фирмите кои што го загадуваат воздухот, водите или почвата. Државата преку своите институции треба да работи на подигање на стандардот на населението, на намалување на невработеноста, а не само бришење од евиденција на невработените. Треба да се спроведе гасификација на ниво на цела држава. Треба да се подобри јавниот превоз, да има доволен број на еколошки автобуси, да бидат редовни и со пониска цена, па така луѓето сами ќе одберат да се возат со автобус наместо со автомобил. Во многу градови воопшто нема градски превоз. Државата треба да воведе субвенции за електрични возила и за сончеви колектори за производство на електрична енергија. Да се дозволи монтажа на сончеви колектори на необработливо земјиште наместо на градежно. Државата да склучи договор со ЕВН за откуп на вишокот на електрична енергија од секое домаќинство или фирма што има сончеви колектори. Моментално само една или две фирми можат да нудат струја кон ЕВН. Треба да се отворат фирми за рециклирање на отпад. Треба да се престане со изградба на згради на секој слободен простор и да се направат што повеќе паркови со дрвја и зеленило. Да живеевме во некоја нормална држава, сето ова би можело да се направи за 3-5 години. За жал, кај нас овој проблем ќе биде присутен уште многу, многу години.
На улиците нема само автомобили кои се понови од 2006, туку има и возила кои едвај поминуваат на технички. Речиси сум сигурна дека по некои помали места се возат и нерегистрирани возила од причина што не можат да поминат на технички, а луѓето едноставно немаат пари да купат нова кола. На тема греење, сите опции се скапи. Сите знаеме дека струјата е господско решение, ама не е секогаш изводливо. Прво инвертер клима е прилично скапа (над 400 евра) а во куќа без добра изолација, клима на -20 нема да ве згрее. Второ, има огромна разлика од зграда до куќа. Пример, во зграда, дневните се во една вертикала, па и од горе и од долу има греење за разлика од куќа, каде што се топлат една или две соби. Два за огрев се 3000-3500 денари за кубик со сечење и цепење. За една соба во просек одат 4-6 кубици, зависи од температурите и големината на собата. Според мене котел на пелети е најдобро решение бидејќи цела куќа (и соби и бања) е топла со опција да се контролира темепатурата во секоја соба, лесно е за чистење и пелетите се евтини, ама инвестицијата е скапа - изолација на куќата плус инсталација на парно и котел - би чинело најмалку 10000 евра за куќа од околу 100 квадрати. Зошто има загадување? Бидејќи државата е сиромашна. Појдете од автомобили, па користење на дрва за огрев, понатаму рудници и фабрики. Верувајте, никој не сака да вози автомобил кој е пред распаѓање, ниту пак сака да се малтретира со купување и редење на дрва, чистење, палење огин секое утро. Ниту затварање на рудниците не е решение. Мене лично најмногу ми пречи сечењето на зеленилото за градење споменици. Ова е криминал кој требало да биде спречен на време, а со последиците допрва ќе се соочуваме. Исто така огромен проблем се филтрите на оџаците на фабриките кои ги нема или пак ако ги има - не ја вршат работата.
Очајно ни треба зеленило, паркови и места каде што ќе се дише. Да се тргнат повеќето споменици во Скопје и да се направи град преполн со зеленило. Почнав да носам маска секодјенвно и гледам што помалку да се движам, затворена сум дома. Буквално секое утро имам болки во грлото од нечистиот воздух. Годинава премногу почна да ми смета. Трајно и вистинско решение за жал во скоро време не гледам. А и до свеста на народот е. Пред малку гледав документарец за Данска, како една од најчистите држави во Европа. Сите луѓе таму патуваат со велосипед, автомобил нема да видиш по улица. Без разлика дали има дожд или снег, луѓе со кабаници и на велосипед. Граѓаните велат дека штом забележат некој автомобил обично се работи за туристи. И со свеста на народот е. Да бидеме реални. Ај што се греат на дрва, туку во шпоретите ставаат и секакви пластики и кеси. Ако толку сме загрижени за воздухот, да ги оставиме автомобилите на некој месец. До свеста е. Ниедна влада нема да помогне ниту да најде решение се додека народот не се освести сам и додека не превземе мерки за сопственото однесување.