@vitamina со сето дужно поштовање,но Англија се светлосни години пред нас .Во се па дури и во екологија и заштита на животната средина.Доколку се спроведе некоја реформа таму,посебно за заштита на животната средина сите едногласно го почитуваат тоа.Ние уште не сме стигнале на ниво да фрламе отпадоци во канта.Улиците како се депонии. он топик: Сега живееме во ера која е полна со карциноми,а рак на белите дробови е еден од најчестите во нашата држава.И не се добива само од пушење,тоа се знае.Скопје е најзагаден,не знам за другите градови,но мислам во Скопје премногу се возе возила.Уште рано насабајле е препуно со коли по семафори и по улиците.Не знам како се вика таа една фабрика ли е или што,во сред Скопје уште во 7 часот чуре...Тоа е таа тажна глетка,луѓе.Данска,Шведска,Норвешка,Англија се фикција за нас изгледа.Ние немаме основа за зачувување на средината.Пред некое време,гледам мало дете фрла некоја амбалажа по улицата и му велам „Браво,сеа пофали се колку убава работа направи“.Детето се заврте,зема ја книшката и фрли ја во ѓубрето.Можеби ќе успееме некогаш,ама изгледа некој треба да не поттикне.Во нормално општество,државата е таа што превзема мерки и санкции.На нашта нормална држава поважно и е „Бомбите на Заев“.Мое мислење е,дека сме и себични.Правеме штета,а не мислеме за идните генерации,што ќе и оставеме на нив.Плус тоа,до сеа скоро 80% од популацијата во светот е запознаена за озонска дупка.По учебниците се пишува,насекаде се дебатира за оваа тема.Сите држави превземат нешто,а ние?Ние си спиеме на ушите.Можеби уште не е касно.Who knows.
Не се замара раја со такви банални проблеми, 1300-1400 мртви годишно, пффф, голема работа, народот е постојано на врвот на историскиот бран, се решаваат судбоносни прашања цело време, имиња, знамиња, копја на светски сили се кршат околу Алшар и сеа шо? Ќе се замара раја со некакви си честици, загадено било, ви се молам, си има приоритети Сепак премногу ниско е екологијата на листа на приоритети кај раја која рмбачи за 200 евра месечно, макар и кога последиците се вакви.
Сеуште сме на ниво каде најдобар аргумент на просечен Македонец околу загадувањето е ,,Па, знаеш, за овие канцерогени честици имаше допринес и бомбардирањето во Србија, и Македонија 2001..'' Не може да очекуваш од таков човек да излезе надвор да протестира. А и општо, зошто да се излегува на протести кога воздухот е загаден? Најсигурно е вака, ќути, трај, и проблемите сами од себе ќе се решат. И онака уште малку ќе влеземе во ЕУ, па ќе одиме некаде надвор да дишеме.
Проблемот со загадувањето кај нас почнува и завршува со сиромаштијата. Луѓето возат стари коли и се греат на отпадни материјали затоа што немаат доволно пари и немаат друг избор. А со нивно казнување само ќе им се продлабочи сиромаштијата, без проблемот на загадувањето да биде решен. Друга работа е ниската свест – кај нас сите сакаат да се реши проблемот со загадувањето, но само декларативно – кога ќе почне сериозно да се размислува за применување на некакви мерки, на државно ниво или на ниво на индивидуалец, тогаш никој всушност не сака да ги примени. Секој за себе си наоѓа изговор многу лесно: „Е да бе, мојава кола загадувала, како да не, какви кршеви се возат низ градов, ја сум супер“, „Е како не, ќе се малтретирам сега да се стискам по автобуси и да мирисам смрдливи мишки, немам друга работа“, „Не сум луд да возам точак, градов е хаос, нема кај пешак да помине, а не точак“, „Ќе горам иверици и пластика, што ќе правам, немам пари“, „Е да бе, баш мојава фабрика загадувала... Ај ако не нека ги затворат сите фабрики, па дома ќе седиме“. Изговори колку сакаш. И не викам дека голем дел од нив не се оправдани – апсолутно се – меѓутоа симптоматично е што никој како поединец не сака да го признае сопствениот дел (колку и да е мал) во загадувањето, а камоли да смени нешто за да барем малку го намали. Секогаш некој друг ни е крив: на тие кои се возат со автобус – оние кои возат коли, на тие кои возат коли – фабриките, на тие што работат во фабрики – оние кои се греат на отпадно дрво и пластика, на тие што се греат на отпад – државата, итн. И секако, на сите ни се криви градежната мафија, сечењето на дрвата и поставувањето на споменици (затоа што се работи кои не зависат од нас). Власта, од друга страна, нема реален интерес за решавање на проблемот со загадувањето. Зошто? Затоа што се работи за комплексен проблем, за чие решавање ќе бидат потребни пари и пред сѐ, време. Ако сега се иницираат некакви коренити промени и реални проекти за намалување на загадувањето, првите ефекти ќе ги видиме после можеби 10 години. А секоја власт кај нас размислува онолку далеку во иднината колку што им трае мандатот – што им е гајле што ќе се случува за 10+ години, кога најверојатно тие тогаш нема да бидат на власт? Нека му ја мислат тие што ќе победат на изборите у 2025-та. Така што, освен сиромаштијата и ниската свест, проблем е оној колективен denial во кој живееме, дека ние како поединци не сме на ниту еден начин одговорни за проблемот, туку дека секогаш некој друг е крив за загадувањето, како и фантазијата дека ова е проблем кој може магично да се реши со преземање на само една дадена мерка – како садење повеќе дрва или затварање на фабриките или возење пар-непар. И баш поради овие работи сум скептичен дека некакво решение е за загадувањето е на повидок – потребен е сериозен ангажман и од институциите и од нас како поединци – а се чини дека никој не е спремен на такво нешто.
Мора да направиме енергетска инфраструктира, да се воведе регулатива и домаќинствата што не ја почитуваат и горат што ќе стигнат да бидат најстрого казнувани. Најверојатно веќе постојат закони за заштита на животната средина, ама никој не ги спроведува. Нека појде мвр по улиците каде што нема парно и нека спроведе акција. Знам дека не сум популистички настроен, вистината боли, ама сами сме си виновни за најголем број од работите. Знам дека ова никогаш нема да се оствари пошто тие луѓе се голем број и ќе се побунат, а тоа ќе придонесе на негативни политички поени. Да, треба да се казнуваат и фирмите, големите индустриски објекти, урбанистичкиот план да се преиспита, треба и возилата да бидат регулирани, што смее и што не смее да вози, во зима пар непар ова она, ама, мора да почнеме од себе и се по ред. Знам дека градов се гуши кога е грејна сезона. Окулу мене комшиите горат: нафта, искористено моторно масло, јаглен, дрва, изолација, лакирани штици, гуми и бензин... И малку интересно би било ние да се собереме и да протестираме за екологија и ХААРП да ни биде крив. Да има парно, најверојатно нема да биде така. И поевтино е. И да, доста, неќам да слушнам како тоа ем топло ви е кога серете во WC ем парното ви било скапо, разгалени едни. Во зима, во зависност од тоа колку е ладно, од една минимална до просечна македонска плата давам на ЕВН месечно.
Низ центар баш вчера се прошетав не е толку али кога се симнав во Маџари се гушев и накај ченто колку е замаглено прст пред око не се гледаше не од магла природна туку од загадено а башка ромите што си палаат шишиња партали тоа е друго ама не верувам да е од нив бидејќи и порано палеле ама не било вака и башка исто е и накај Ченто. Јас дома сум не мрдам освен ако имам некоја обврска....
А дали ситуацијава моментална надвор се должи на загадување или временски услови? И кажете која е најдобра маска да си ја земам против загадување? Таа од 900 денари од зегин траела само 1 месец, без филтри. Сакам со филтер што се менува, бар поисплатливо е така.
Не се дише. 4 години веќе лете/зиме по цела година се борам со алергии. Порано барем се знаеше, алергии на пролет и доста е. Ќе се угушев утрово, се подзамислив дали на работа да одам или да отидам во болница. 90% од автомобилите се со по еден патник. Колку позагадено е - толку повеќе ги има. Никому не му се оди по маглава. Предлози за решенија имам, ама џабе ќе ги пишам овде. Прво, целосна реформа на јавниот превоз, подобра поврзаност на општините. Второ, наместо carpooling lanes, како што има во Америка, дајте една лента од три посветена на возила со по еден возач. Кога ќе заглават 2 часа заради гужвите ќе се запрашаат дали ќе се возат сами во кола. Ама за ова треба закон и полицајци кои ќе го контролираат, а тие не можат автомобили до Водно да сопрат, една улица кај што е. Секој се грее на што најде. Нафта се пали, пластики, и што ли уште не. Ич не мора свесност за околината да имаме, ама секоја зима се пали по некој оџак, ќе се испозапалат ко глувци. @Gosh Еве јас студирав во Скопје. Го има мојот факултет на секој друг државен и приватен факултет. До сега не сум сретнала човек кој завршил на оној универзитет кој ми е поблиску, а работи на мојата работна позиција. Или работат под државата или нешто сосема неповрзано со струката. За струка во која се бара знаење, а не диплома, можам само да заклучам дека немаат никакво знаење. Од друга страна, знаеш колку придонесувам јас на загадувањето на воздухот? Само со моето дишење. Се греам на парно, не возам автомобил, пешачам секаде каде што е изводливо. Ако ништо друго, барем не мора уште една соба да се грее во селото од кое што доаѓам. Те почитувам како форумџика, ама забега со мислењето.
Дали денеска е измерена рекордна застапеност на пм честички во воздухот, или грешка сум? Денов сам по себе е хорор, утрово не се дишеше, пешачев до работа, сите луѓе со марамчиња на нос, или со маски на уста, се чини ко некоја чума да падна над градов. Најлошо е што не гледам решение ниту во блиска иднина, страшно е ова што ни се случува. Загадувањето како земало замав ке не исчисти како нација за неколку години.
Се прашувам зошто не е изречена никаква мерка за бремени и стари лица, како и лица со хронични болести да не одат на работа. Другарка ми со стомак до заби, со тешки алергии, едвај го донесе денес ќе умрела во сред Центар одејќи до работа! Она и онака едвај диши... Не е здраво бре ова!!!
Значи страшно е надвор, упорно зборувам од сабајле дека маглава вчера не беше ваква.... денес ми има некоја синкава нијанса, буквално како да зрачи нешто од маглата. Јас не разбирам зошто сите толку грчевито се држат за автомобили и таксиња. Верувајте, поголем мразач од мене на автобуси нема - жими мене, нема - ама не гледам што е толку страшно да се возиш во автобус, посебно не во вакви моменти. Кога студиравме, ај студентарија, скоро сите луѓе околу мене се возеа со автобуси. Сега кога не студираме и сме демек гроун апс, гледам колку многу луѓе ги избегнуваат и скоро секогаш добивам коментари - а не, јас во автобус не се возам. Аа не, јас со такси. Аа не. (највеќе не ги разбирам тие што се спремни и последните пари да ги дадат за такси само да не се качат во автобус ) Мене ми е малце чудно тоа - па нели намената на јавниот превоз е да го користи јавноста? Да, мразам автобуси, да, мразам што пензионери се возикаат за добро расположење во нив, ама дека ќе ми падне круната ако се возам... не баш. За тоа како се организирани и колку е пренатрупано, тоа е сосема друга тема, ама со мала заангажираност од ЈСП, не е нешто што не може да се поправи. Некогаш како да добивам впечаток дека навистина на некој му е испод ниво да се вози во градски автобус, а јас никако упорно да разберам кој е делот што ги тера да се чувствуваат испод ниво. Разбирам ако станува збор за делови на градот каде што нема поврзаност со градски линии, каде што треба да се прекачуваш, еднаш, двапати, петпати...... ама да палиш кола од не знам еве, Хотел Карпош до Рекорд, за да одиш некаде на кафе низ центар, ми е малце нон сенс. Иначе, пред да речете - а ти не се возиш ли со такси, се возам, како и сите останати. Ама се возам кога имам потреба, исто што како се возам кога имам потреба и со автобус. Се запишав за коливе, а уствари дојдов да кажам збор-два за греењето. Луѓе леб немаат да јадат зимно време, парно ќе ставале или ќе се грееле на струја, смешки живи. Ако фанеме да го следиме проблемов назад по социјален карактер, ќе испадне дека од сиромаштија сме загадени. Иначе, кога зборуваме за Лондон више, Лондон бил еден од најзагадените градови таму после Индустриската револуција (така ли се викаше, онеписменех ), мислам дека некои 50 години се оправале за да се оправат, по години и години Темза е вратена во живот. (ве потсеќа на Вардар, а? ) Те линкчиња кој сака да прочита повише, ова е интересно и за Пекинг. https://www.theglobalist.com/london-beijing-polluted-tale-two-cities/ http://www.enviropedia.org.uk/Air_Quality/History.php И сликичиња, намерно не двојам https://www.google.com/search?q=air...wonYAhUmM5oKHX6LA28Q_AUICigB&biw=1536&bih=734 Видете, ист смог, таков што „тежи“ и во Лондон пред век-два и кај нас сега. Барем да имаше некоја индустрија.
Ова со невозење во автобус зашто им е „испод нивоу“ ни јас не го разбирам. Возач сум, имам кола, ама јас од студент одам со автобус и еве и ден денес на работа одам така. Ете. Не ми е срам. За тоа е јавниот превоз. Па луѓе бре, цел свет го користи јавниот превоз за секојдневни потреби, ама ние не, ние сме „принцези и принцови“, понижење им е....Епа не сте такви за во запад. Забегав и јас со автобусите, ама се допринесува за загадувањето. Колите мал процент. Сепак мислам цел отпад, депонии, дрисла, се виновниците. Фабриките кои се на запад (зошто ниту еден град од источна не е набројан во загадени, па таму на дрва се греат)...Затоа што нема индустрија, нема депонии...док на дрисла го горат сето ѓубре од Европа, ние полека ќе си умираме. Само жал ми е за детето мое, и за сите деца...Ние возрасниве сами сме криви. Знаат сите да излезат на протести за вмро/сдсм, а за здравјето не. Јас сум да се протестира на начин што никој нема да оди на работа, деца да не одат на школо, за да им текне на оние „високите“ да прекинат малку со глупостите. Ама неее, они имаат најскапи прочистувачи дома на работа, сегаде. Им е гајле.
Се разбудив во 9и30 часот и ништо не се гледаше, прво си помислив да не е магла што е вообичаено за овој период од годината. Едно излегување на тараса мирисаше тешко, претешко. Страшно е, од ова се добива рак.
Официјално Македонија на прво место во СВЕТОТ по загаденост. После нас се Индија, Кина и слични држави со по 500000 милиони жители во еден град. Како дојдовме до ова дереџе а сме толку мала земја? Не им смета загаденоста на политичариве за да преземат нешто ИТНО? Што не се прогласи вонредна состојба? Или мислат паника ќе кренат. Демек ние не читаме што се дешава 10 пати над црвена фаза сме... Ризична виолетова фаза.
Од вчера сабајле им зборувам дома дека не можам да дишам и дека воздухот е повеќе од загаден, и сабајлево кога излегов од дома буквално почнав да се гушам, воопшто не дишев едно 30 и кусур секунди, многу ми се слоши и еве ни сега не ми е добро. Земав да инхалирам од пумпицата, не можев да издржам веќе. Другарка прееска ми се јави, истото и се случило сега пред саат време. Ова е веќе повеќе од алармантно. Не знам дали чувствувате дека нешто смрди, мене ова ужасно ми пречи, не можам веќе. Извинете за негативноста.
Имаш право. Мене завчера ми се лошеше многу, и тоа претерано многу. Мислам дека единствена мерка која може да ја превземе новиов градоначалник во моментов е да овозможи бесплатен автобуски превоз за сите и да апелира на тоа да не се возат возила сè дур не се среди малку состојбата со воздухов.
Утрово ја почувствував катастрофата. Магла,смог,сивило низ маглата...Ова дефинитивно не е природно.Воздухот е претежок за дишење,значи градите ме болат.Најзагаден град во Европа,ако не и во светот.Па јас не знам што чекаат надлежните,да умре некој,да се угуши за да прогласат вонредна состојба? Под хитно мора да се запре целиот сообраќај на автомобили,нека има само ЈСП и возила на итните служби.Не знам како може спокојно да си возат автомобили,а градот се труе.Моите од дома загрижени,викаат утре право дома.И навистина,не можам да дочекам да си отидам дома,да дишам чист воздух.Може да се дискутира за решение на проблемот со загаденоста,ама сега мора да се бара моментално решение,па ако треба и евакуација.Ситуацијата е алармантна...Кој знае какви болести ќе навлечен само од денешниот воздух,дури и мирисот на воздухот е како да влегуваш во стоматолошка ординација. Отров е тоа.
Ова е премногу, се убив од кашлање црнила, а не сум пушач... Нема воздух. Нека прогласат вонредна состојба, нека запрат сообраќај, освен јавни служби. Барем тоа можат да го направат, ама не, политичкиве копита и нивните семејства се по викендици и по зимувања далеку од тука, а рајата нека цркне. https://mojvozduh.eu/web/counter/