Три дена крв од носов, што никогаш ми нема течено крв од нос и искашлувам многу црнило, особено изминативе пет-шест дена. Дома копа, со затворени врати и прозори. Овде нема услови за живот. Што повеќе? Воздухов е отров за со лажица сркање. PS: Не сум пушач. https://mojvozduh.eu/ https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gorjan.airquality
Само заради гасот што требаше да е од Русија,Америка вмеша прсти и понуди поддршка во прислушкувачките афери и ја падна мината власт. Ама и таа власт да не се полакомеше толку по пари и по желба за лажен превласт,мито и корупција немаше да заврши така неславно.А почнаа со добри предлог мерки и за загадување и се,само од сега со толкава временска разлика можам сигурно да речам и тие тогаш немаа капацитет да го спроведат предлогот,се беше за мачкање очи на народот за да можат поштено да крадат. Народов од сам себе си пати и затоа се гуши во сопствениот измет,воздушен.
Дојде живот. Дел се испразни градов, дел времето се смени, дел уште спијат и кај да е сега ќе расчадат, дел Сабота. ---- Извор: http://faktor.mk/gragjanite-so-protest-kje-se-borat-protiv-zagadeniot-vozduh-koj-ne-gushi ---- ОВА НЕ СЕ ИЗДРЖУВА: Граѓаните со протест ќе се борат против загадениот воздух кој не гуши Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017 inShare Жестоките реакции од граѓаните и еколошките здруженија по алармантната ситуација со загаденоста. Се уриваат рекорди по загаден воздух. Граѓаните во главниот град деновиве се гушеа во ПМ10 честици кои беа над дозволеното и го вклучија алармот. Точно напладне денес се организира протест кој нема никаква политичка мотивираност а има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните. Пред Влада во 12 часот ќе се протестира мирно и ќе се искаже револтот поради што здравјето на жителите во загените градови посебно во метрополата не се главен приоритет на надлежните кои имаа многу предизборни ветувања токму за оваа тема. Мерките кои досега се преземени, многу малку го даваат резултатот кој на граѓаните че им донесе чист воздух. Вчера од Владата донесоа ургентен сет мерки против загадувањето. Имено прагот на алармирање за висока аерозагаденост e спуштен. Согласно оваа Уредба доколку среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките е над прагот во текот на два, наместо досегашните 5 дена, е над 200 милиграми нa метар кубен, и доколку праговите се измерени на најмалку две мерни станици во градот Скопје, односно на 50% од бројот на поставени станици во било кое населено место, стапуваат на сила меркиве: - бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните од астма и прележан инфаркт ќе бидат ослободени од работа. Градскиот превоз ќе биде бесплатен, а ќе се зголеми и бројот на автобуси, најавено е дневно чистење на улиците и пешачките површини, зголемени инспекциски контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла . Автошколите добија препорака обуките да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот Обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот, а градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.) и градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро. ----
Niz okolinata na Skopje ima eden kup evtini nivi za ziveenje. Zosto nikoj ne se preseli da zivee tamu, tuku site sakaat da se napikaat da ziveat vo 3 naselbi?
Претпоставувам зошто на сите работните места им се во тие 3 населби, и треба во 5 да станеш за да стигнеш на време таму.
Не се толку далеку населбите околу Скопје каде може да се купи плац ептен ефтино, туку до менталитетот на луѓето е, се срамат да кажат дека не живеат во Аеродром или Центар, грев е тоа!
Како пред 2 дена најзагаден град у свет сеа преку ноќ најчист да не сме? Уф бе , уф! Кај ќе им оди душата. Да ги врзеш сите по ред надвор и да го дишат воздухот шо ни го продаваат они. И со меркиве ме заболе глава . Мнооогу јаки.
---- Автор: Мери Јордановска Извор: http://prizma.mk/rekordna-zagadenost-vo-aerodrom-lisiche/ ---- Рекордна загаденост во Аеродром – Лисиче TWEET SHARE 43 +1 Автор: Мери Јордановска Објавено на 26 декември 2017 Претставници од неколку невладини организации кои се залагаат за спречување на алармантното загадување на воздухот во Скопје вечерва, со посебен апарат, Мет Оне, извршија мерење на загаденоста на воздухот на повеќе локации во градот. Најголемо загадување се покажа во Аеродром во 22 часот – дури 854 микограми ПМ 10 честички на кубен метар, што е за 17 пати повисоко од максимално дозволените 50 микрограми. Во населбата Лисиче пак, мерењата се движеа околу 500 микрограми ПМ 10 честички, што е за 10 пати над дозволениот просек. Граѓаните на социјалните мрежи реагираа дека воздухот мириса на изгорена пластика и дека во Аеродром и во Лисиче видливоста е намалена. Владата пред десетина дена на седница најави итни мерки против загадувањето на воздухот, а ја разгледува и можноста за интервентна набавка на опрема за лична заштита од загадениот воздух, маски со филтри за прочистување, како и за набавака за прочистувачи на воздухсот за училиштата, здравствените центри и градинките. Според Владата, мерките ќе стапат во сила доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честичките во текот на два последователни дена изнесува над 200 микрограми, измерени на најмалку две мерни станици. Со оглед на тоа што во последниве два дена нивото на загаденост е над 200 микрограми, во текот на утрешниот ден се очекува спроведувањето на итните мерки што ги најави Владата. ----
Баш сабајле гледав во Аеродром било густа ми магла накај 7.Јас кога станав накај 7 кај мене беше чисто.Последниве 2 дена не е толку загадено а ни ладно. Едни сабајле пред месец можда беше одам накај школо небото сино Сонце свети и од Топлификација гледаш излегува огромен сив облак на тоа прекрасно утро.
Очајно станува ова со загадувањево. Откако почна загадувањево, децата ми се постојано болни, посебно малото, не престана да кашла. Ќе рече некој, јавен превоз. Луѓе, да се разбереме, нема услови толку народ во Скопјево да користи јавен превоз. Како прво, нема доволно автобуси, а како второ и тие што ги има се ретки, посебно еве ќе зборам за 5-ка зошто таа најчесто ја користам. Плус, за да набавиш картичка станува луксуз, плаќањето со мобилен им е повеќе од очајно. А, неможе секој да користи јавен превоз. Еве поаѓам од себе. Децата неможев да си ги запишам во околните градинки каде што живеам зошто имало листа на чекање, па ги запишав во Центар кадешто работам зошто таму без проблем ги примија и морам со кола да ги носам. Центар, Лисиче, Аеродром, Карпош се најзагадени населби. Зошто? Затоа што се најнаселени, пренатрупани со згради, како во дупка, не струи воздухот. Мада, јас во Ѓорче кога беа двата најзагадени денови имав прилика да излезам да попешачам, и мислев дека ќе умрам. Такво печење во очи и грло во живот не сум осетила така да цело Скопје е исто. Сиромаштијата плус направи луѓето да се греат со што стигнат. За фабриките да не зборам, и тие имаат голем + за дополнително да се дозагади воздухот а што е најстрашно, решение од никаде не се нуди. На крајот, правам споредба со порано и сега, и тогаш имало магли ама не смрделе и не печеле на грло, немало волку болести како сега па ќе испадне дека сепак некој си игра играчки и не труе чесно и поштено...
Не труе со години тоа е сигурно @ivi1987, магла и смог имало и порано ама ваква смрдеа, но најстрашното е печењето на очи и грло, тоа е отровот што го дишеме - тоа го има и летно време кога ретко кој мисли дека има загадување. Вчера вечер беше очајно. Ветуваа, а сега ништо не прават. Најмногу ме иритира повикот на Шилегов за граѓаните да дале предлози како да се решела ситуацијата со загадувањето, не се граѓаните тие што треба предлози да даваат. Собери доктори на науки, професори, професионалци- тим кој ќе изготви старатешка политика како да се реши проблемот, воведи мерки кои сите ќе мора да ги почитуваат сега и во иднина. Не ми мачкај очи со повик до граѓаните. Тука е нивната несериозност, празни ветувања. Граѓаните му правеле реално шоу, и Шилегов не е најголемиот проблем - туку не сериозноста на владата која има историски најнизок буџет за животна средина за решавање на овој проблем. И секако граѓаните се сериозно криви за ова што ни се случува, но тоа е заради тоа што секој протест години на назад се перцепира како организиран од опозицијата, читај ако ВМРО е на власт ВМРО-вец нема шанси да видиш на протест, или доколку е СДСМ се на власт СДСМ-овецот не ти се појавува, а неопределените несакаат со својата присутност да им се залепи етикета дека припаѓаат на едните или другите. И така со години на протести сме двајца без тројца за жал. Се надевам дека наскоро ќе се случи будење.
И деновиве превисоко ниво на загаденост. До кога вака? Вака ли ќе живееме, со ризик за тешки болести? Власта изгледа не планира да преземе мерки за решавање. Жално за нас.
Barem nie kako gragani da prevzememe nesto ... postoi li nacin da se soberat pari da se nabavat kuli za cistenje na vozduhot kako vo drugite zemji .... da se pogrizime za zeleniloto ...
Премногу скапа инвестиција, ќе треба премногу такви кули да се постават низ градот оти го чистат воздухот на мал радиус околу кулата што е
Da skapo e no kolkava e cenata na coveckite zivoti sto se gubat kako posledica od zagaduvanjeto i site razni bolesti ...