Итно да се направи нешто со загадувањето во Скопје. На ниво на цел свет сме на 7 место Да се донесат прочеститетелни колектори да се постават на неколку места со тоа што ке биде прочистување на воздухот. Да се стимулира ако треба и финансиски плус за тие кои што го користат јавниот превоз, да се забрануваат повеќе возила во градот во центарот со тоа што би се намалило загадувањето. Да се направат некои мерки иначе како ке се заладува загадувањето ке се зголемува и ке пречи на дишењето.
Ќе пукнам од мака, ке си умрам од мака..Абе што гнаса од луѓе живеат во оваа проклетија од држава?????? Сите зазбезекнати за идентитетот, за името, за вмровците и сдсовците, а никој не го били уво што сме први во свет по загадениот воздух, никој не го занима дека ќе не снема од земјата, ќе испоцркаме од карциноми на плуќа а не од името, дали сме север или југ, е голем ку*..Никој да не помисли на децата што ги труеме, егзодус....абе срамота, грев треба да не јаде што свесно труеме цел народ и никој на улица не излага... Јебало вас име...децата едвај ви дишат... Незнам дали има решение, знам дека никој не мрда со прст...Илјада страни пишан за политика а за загадениов воздух
Скопје најзагаден град во светот. Бравооо Едвај милион жители имаме.Од некои градови не сме ни 1/4 ама најзагадени сме. Свест кај народов НУЛА
100% се согласувам со напишаново. Да размислуваа сите вака, многу поинаква ќе беше ситуацијата. Ама не, за политика и глупости (во споредба со ова нешто) сите се спремни градот да го блокираат и војни да креваат, наместо да размислуваат што на вистина е за доброто на нивните деца... Жално.
Секоја година иста приказна. Се некои планови се праат, некои мерки се презентираат, ама никако да се спроведат
Не ме карајте ама мене не ми личи многу загадено. Бар јас не осеќам.Памтам првата половина на распустов буквално прст пред око не се гледаше.Можевме жмурка со отворени очи да играме.Со денови сум надвор и денски и навечер и тоа настината, немам приметено дека е нешто ептен загадено.Обично ме гребе плуќата или кивам. Постот во саботата што го пишав стварно го мислев.Најзагаден град сме да само што не осеќам веќе како што кажав. Уствари кога ќе сфатам, се е ствар на навика.Може сум се навикнала на смог и чад.Да мрднам од Скопјево на ден-два ќе увидам разлика.
Според извештајот на EUROSAI – Европската организација на врховни ревизорски институции, индустријата е најголемиот загадувач во Македонија, а веднаш потоа загревањето на домаќинствата и помалите фирми. https://meta.mk/megunarodna-otsenka...i-e-nesoodveten-i-nemate-kontrola-vrz-merkite Еве го и извештајот. На 29та страна се подредени изворите на загадување по приоритетност, а на 78ма страна е целиот извештај за Македонија. http://www.dzr.mk/Uploads/1_Joint_report_on_air_quality_2019-LQ_updated2_REDUCE_FINALE.pdf
Со кој памет бе Шилегов ќе ја затвора Гинекологија ЧАИР??? Нека им рече грејте се на струја месецов, и следниот додека да се реши греењето со мазут, јас ќе ви платам, како што владата плати долгови на шиповцине за струја! Нормален ли е овој бе? Не така. Затвори фабриките!
Воздухот во цела Мк е загрижувачки загаден, а не се презема ништо на тој план. Секоја година истата приказна. Летниов период е помала загаденоста, ама затоа пак во зимскиот е страшно загаден.
Летниот период период успешно го решаваат проблемот со загадувањето, зимскиот период неуспешно го решаваат проблемот со загадувањето. Безрезервно работат и се трудат цело време, на што ние треба да бидеме неизмерно благодарни, од дното на нашите срца.
Почна сезоната, а ние до каде сме? https://okno.mk/node/80676 Не е реализирана ниту една мерка од владиниот План за чист воздух Каде ќе бегаме зимава? Дајте идеи како да не сме у Скопје цело зимо? јас имам денови од одмор па планираме на планина почесто а и секој викенд, имаме дома прочистувач, имаат во градинка во секоја просторија прочистувач, ама не е тоа тоа. Дајте идеи? Исто и Битолчани можат да се вклчучат, со оглед на тоа дека и таму е заадено како у СКопје, а и во Струмица.
@Cka немам идеја ..единствено само подобри маски за надвор (оние со филтри за пм честички) ништо не се превзема..идеја за инвертори не е којзнае каква идеја и пак не го решава проблемот...само се збори во текот на зимата, системите за континуирано мерење ги исклучија да не се крева галама околу вистинската вредност на измерените вредности и така, се вртиме во круг...
Поостри казни за загадувачи,пренасочување на сообраќајот и забрана за возила на планински предели,реални субвенции за алтернативно греење... Има начини,нема волја!
Во последните неколку години воздухот во Македонија поготово во Скопје, Битола, Тетово, Куманово а и другите градови е многу загаден. Според мене крајно време е да се превземат некои поголеми иницијативи за да се намали загадувањето бидејќи како што гледам протестите и групите против загадувањето немат никакво влијание врз власта веќе долг период за тие да превземат нешто. Загадувањето на воздухот најмногу го прават фабриките, но исто така и автомобилите а и луѓето со тоа што горат се и сешто.
Ршение е да проработат законите во државата и да се казнува се што не чини . Не да се удира по опстанокот на луѓето , туку дебели парични казни за газдите на фабриките . Автомобили на дизел се возеа и пред 15 години , така да процентот на загадување од истите е минимален за разлика од она што го дишеме денес.
Забрана за некои возила и пренасочување на сообраќајот се можни решенија кои би биле лесно остварливи,но без притисок од народот ниту една власт нема да се нафати.